Author: Author 04

Вчера во 23:05 часот во СВР Скопје, 27-годишна жена пријави дека oколу 21:00 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, со употреба на физички сила била насилно ставена во патничко возило, при што била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер Е.М.(33).  По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

Повеќе

Вчера во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Т.Г.(34), Д.В.(34), Д.П.(48) и 16-годишник, сите од Скопје, како и Д.А.(20) од с.Ново Село, скопско, К.Ј.(25) и Ѓ.М.(33), двајцата од с.Петровец, скопско, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Повеќе

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Т.М.(33), А.А.В.(23) и А.Ѓ.(23), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Во периодот од октомври 2024 година до февруари 2025 година, пријавените се здружиле поради неовластена продажба и пуштање на промет на екстази – МДМА и за таа цел купувале, држеле, продавале и посредувале во неовластена продажба и пуштање во употреба поголема количина на екстази.

Повеќе

Вчера во 22:20 часот на ул.„Благоја Стефковски“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода А.С.(35) од Скопје. При преглед во возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки во кое се превезувал со уште едно лице, кај него е пронајден и одземен пиштол. Тој се сомничи дека на 15.02.2026 во 22:00 часот во угостителски објект во населба Скопско Поле, Трубарево, по претходно недоразбирање, со уште едно лице физички ги нападнале И.Ј.(31) од село Марино, општина Илинден и Б.А.(32) од населба Илинден, општина Илинден, при што А.С. му упатил закани на И.С. со пиштол,…

Повеќе

Директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски на својот фејсбук профил објави дека е пробиен и последниот тунел од вкупно 15-те, во делот на изградбата на пругата Бељаковце- Крива Паланка. “Бележиме прогрес. Изутринава го пробивме и последниот тунел од вкупно 15те од вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија ( Бељаковце – Крива Паланка). Пробивањето на тунелите се смета за една и од поспецифичните градежни активности. А на овој проект оваа позиција е веќе завршена. И натаму моменталниот прогрес од страна на изведувачот не е според очекувањата но можам да соопштам дека најспецифичните сегменти од проектот полека се надминуваат…

Повеќе

Влера во 19:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода 46-годишната Е.П. и 26-годишната Г.Г., двете од Република Грција. Тие се сомничат дека на 14.02.2026 во периодот од 18:15 до 18:35 часот од продажно место во Трговски центар на подрачјето на општина Аердором одзеле повеќе козметички производи. По целосно документирање на случјот, против двете ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес конференција побара повлекување на предложените измени на законот за високо образование и потенцираше дека водат кон владина контрола над универзитетите и рушење на автономијата на универзитетите. „Предложените измени на законот за високо образование се катастрофално лоши и наместо унапредување на квалитетот тие воведуваат владина контрола врз универзитетите, една форма тоталитаризам. Создаваат дискриминација кај младите, ја рушат автономијата на универзитетите и отвораат врата за партизација и креираат системски и социјални неправди“, посочи Филипче. Во однос на владината контрола на универзитетите и рушење на автономијата, со овие предложени измени брутално се централизира моќта кај…

Повеќе

Членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска упати жестоки критики до поранешниот министер за здравство Венко Филипче, нарекувајќи го „симбол на корупцијата“. Според Манасиевски, трагедијата во Тетово, каде живи изгореа 14 лица, директно се должи на свесното заобиколување на законите за градење и заштита од пожари. Манасиевски посочи на фрапантни бројки во врска со финансирањето на овие објекти: „Биле потрошени само 300.000 евра од вкупно 30 милиони наменети за модуларните болници. Тоа е само 1%. Каде отидоа останатите 99% од парите, одговор сè уште нема“, обвини Манасиевски. Тој додаде дека Филипче и Заев намерно го смениле Законот за градење…

Повеќе

Мобилните царински тимови во текот на 2025 година оствариле 271 случај на заплени, при што во 39 случаи запленети се 5.500 штеки цигари и 27,5 килограми тутун за наргиле, во четири случаи запленети се 195,5 килограми дрога, во 14 случаи запленети се 230 илјади евра, а запленети се и над 39 илјади парчиња лекови. Воедно, постигнат е значителен напредок за заштита на правата од интелектуална сопственост, при што во 39 случаи запленети се над 112 илјади парчиња производи со потпис на познати трговски марки. Извршени се над осум илјади прегледи на возила при што спречени се 28 кривични дела, како…

Повеќе

Фирмата ЦБД Медплант во вистинска сопственост на Тони Котев, поранешен функционер на СДС и близок човек на Заев и Филипче, уште од почетокот работела со пропусти, рече на денешната прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ . Иако Филипче тврдеше дека во негово време се било во ред, нашите информации велат друго. Имено, за да се складираат 30 тони дрога треба да помине процес од околу 4-5 години, што значи дека фирмата на Котев, работела незаконски од времето на Филипче и Заев. Денес, Заев и Филипче бегаат од името Тони Котев како од ѓаволот, се прават дека не го знаат а…

Повеќе