Author: Author 04

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, денеска упати остра порака до раководството на Сојузот на синдикати (ССМ), обвинувајќи ги за политички популизам. Стојаноски детално појасни дека разликата меѓу времето кога ВМРО-ДПМНЕ била опозиција и денес е во тоа што сега ветувањата се преточени во реални и потпишани колективни договори. „Ако тогаш ССМ бараше линеарно зголемување од 2.806 денари, денес зголемувањата што ги реализираме се значително поголеми. Ние како власт не ветуваме на улица, туку реализираме преку проценти и договори“, истакна Стојаноски. Тој додаде дека првиот човек на ССМ се обидува да гради политичка кариера преку конфронтација, наместо преку институционален дијалог во…

Повеќе

Вчера во 06:10 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Миро Барага“ во Пробиштип, патничко возило „тојота“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(50) од Пробиштип, удрило во 18-годишниот пешак Ф.А. од Пробиштип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Јавна здравствена установа Пробиштип. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.

Повеќе

Вчера околу 17:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Живко Фирфов“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(41) од Скопје, удрило во четиригодишно дете од Скопје. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје, информира МВР. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје

Повеќе

На традиционалните „Февруарски состаноци”, на кои седници одржуваат повеќе комитети на ПС на НАТО, во Брисел, Кралството Белгија, учествува Делегацијата од Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на НАТО.Состаноците се предвидени за учество само за постојаните делегации од националните парламенти на земјите членки на НАТО, со главна цел за продлабочување на дијалогот во НАТО институциите, размена на искуства и анализирање на актуелните безбедносни предизвици и јакнење на солидарната сојузничка одбрана.Од Собранието на Република Северна Македонија учествува Делегацијата во ПС на НАТО, во состав од пратениците: Драган Ковачки, шеф на делегацијата, членката Славјанка Петровска и заменик-членот Илир Хасани.На состанокот…

Повеќе

Денес премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс. „Разговаравме за унапредување на билатералната соработка, заедничките приоритети и можностите за продлабочување на партнерството во области од заемен интерес. Средбата помина во дух на пријателство, отворен дијалог и заедничка заложба за понатамошно зајакнување на односите“, истакна Мицкоски.

Повеќе

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска упати срдечни честитки до граѓаните и институциите на Република Косово по повод Денот на независноста. Во својата порака, Гаши го истакна значењето на овој празник како момент на национална гордост и потсетник на жртвите поднесени за градење на државата. Гаши потенцираше дека односите меѓу Република Северна Македонија и Република Косово се одлични и дека двете земји продолжуваат да го градат своето партнерство врз силни историски и општествени врски. „Независноста на Косово претставува триумф на слободната волја на граѓаните да изградат демократска, праведна и европски ориентирана држава“, истакнува првиот човек на Собранието во честитката.

Повеќе

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h), особено вдолж Повардарието, информираше УХМР. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во четврток утрото ќе биде ведро и студено, насекаде со негативни минимални температури. Во текот на ноќта кон петок и во петок ќе има нови врнежи, во пониските места од дожд, на повисоките од дожд и снег, а на планините од снег. Потоа во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен…

Повеќе

На денешното рочиште за случајот „Онкологија 2“, претставник од Државниот завод за ревизија (ДЗР) ги соголи слабостите и незаконското работење на Клиниката за онкологија во текот на 2021 година. Според сведочењето, набавката на скапата биолошка терапија не била резултат на стручни одлуки, туку на „историски податоци“, што отворило огромен простор за субјективност и фаворизирање на пациенти. Клучни наоди од ревизорскиот извештај:

Повеќе

Вистинска драма се одвивала вчера на скијачките терени на Попова Шапка. 24-годишниот Ф.М.Л. од Данска бил повреден откако го зафатила снежна лавина додека скијал. Среќата била на негова страна кога специјализирана екипа со соодветно возило успеала да го лоцира и да го извлече од снегот. Акцијата завршила успешно во 16:10 часот, по што повредениот странец е итно транспортиран кон главниот град. „По укажаната прва помош на терен, лицето со амбулантно возило е пренесено во приватна болница во Скопје за понатамошно лекување“, потврди портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Повеќе

Вчера во 10:30 часот во струшкото село Подгорци, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга го лишија од слобода Д.Р.(28) од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и куршуми различен калибар. По целосно документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Повеќе