Author: Author 04

Ноќеска околу 02:00 часот, кај наплатната станица Демир Капија, полициски службеници од ОВР Неготино лишиле од слобода 36-годишен државјанин на САД, Р.С. При сообраќајна контрола, Р.С., кој управувал патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, дал на увид сообраќајна и возачка дозвола, но одбил да го покаже документот за лична идентификација. Пријавениот потоа физички ги нападнал полициските службеници. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. објави Скопје1.мк

Повеќе

Собранието денеска во рамки на 85. седница ги констатираше оставките на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад Марко Бислимоски и на членот на Државната комисија за спречување на корупцијата и судир на интереси Цвета Ристовска. По усвојувањето на дневниот ред, започнаа двочасовните опозициски прашања до премиерот и министрите. На дневен ред на 85. седница се Предлог – одлука за давање овластување за склучување на поединечен колективен договор, Предлогот за избор на судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Предлог на одлука за избор на претседател и членови на Советот за…

Повеќе

На 17.02.2026 во 21:55 часот во село Бучим, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишија од слобода Е.С.(36) од село Бучим и М.Р.(29) и Б.У.(24), двајцата од Радовиш. Лицата се затекнати во паркирано патничко возило „форд“ со радовишки регистарски ознаки во момент кога вршеле купопродажба на марихуана. Кога им пристапиле полициските службеници, Е.С. на подот од возилото фрлил повеќе пакувања со марихуана, кои се пронајдени и одземени. Лицата се задржани во Полициската станица Радовиш, каде во службен разговор М.Р. и Б.У. признале дека во момент кога биле затекнати од полициски службеници купувале марихуана од Е.С.. Истиот ден, во…

Повеќе

Се уште нема одговори колку чинеше луксузирањето на Мицкоски со владиниот авион и кој бил со него, рече на денешната прес-конференција Богданка Кузеска – портпаролка од редовите на СДСМ. Но, луксузирањето на Христијан Мицкоски врз грбот на граѓаните и летањето со владин авион на Јадранско море го откри неговото вистинското лице и лицето на неговата расипничка власт, истакна Кузеска. „До толку се опиени од моќта, од аздисаноста, државата ја сметаат за нивна приватна сопственост, шанса за бизнис и уживање, а граѓаните за поданици кои се тука да им го плаќаат луксузот.Додека народот брои денари до крајот на месецот, работниците се на улиците за поголеми плати, премиерот лета…

Повеќе

Струмичките пожарникари денеска со полни раце работа. Уште во раните утрински часови, ТППЕ Струмица се соочи со серија опасни пожари на три различни локации. Најдраматично беше во излетничката населба Суви Лаки, каде пламените јазици „проголтаа“ викендица. Во 06.55 часот, во излетничката населба Суви Лаки, запалена викендица, интервенирано со 1 ПП возило и 4 пожарникари-спасители и ТППЕ Берово со 1 ПП возило и 4 пожарникари-спасители. Еден час подоцна во 08.12 часот, на улица Бетовенова, запалена куќа, интервенирано со 3 ПП возила и 8 пожарникари-спасители После неполни два часа од последната интервенција во 09.48 часот, во село Муртино, запален оџак, интервенирано со…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати остра порака до сите кои работат во „сенка“ и оние кои користат шпекулативни методи за зголемување на цените. На конференцијата посветена на формализирање на неформалната економија, тој нагласи дека борбата против сивата економија не е само експертско прашање, туку прашање на праведност – државата нема да дозволи чесните да бидат казнувани, а нечесните да профитираат. „Сивата економија е изгубена можност за повисоки плати и подобри болници. Нашата цел е легалното работење да стане попривлечно и поисплатливо. Законот важи за сите, нема повеќе селективност и привилегирани“, дециден е Мицкоски. Тој упати и јавна благодарност до министерката…

Повеќе

ОВЕН: Време е за „кочница“ Темпото на вашиот живот денес нагло се забавува. Иако тоа може да ви предизвика нервоза, верувајте дека е неопходно. Денес не е ден за туркање со главата низ ѕид, туку за слушање на сигналите што ви ги испраќа телото. Месечината во Риби ве повикува да ги средите емоциите пред да го направите следниот голем чекор. Запомнете: одморот денес е вашата најголема сила. БИК: Поврзаност без зборови За Биковите денес пријателствата добиваат многу понежен и поискрен тон. Ќе почувствувате длабока поврзаност со луѓе кои ве разбираат дури и кога молчите. Месечината во Риби ве учи дека…

Повеќе

Времето утре наутро ведро и студено, а во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта почнувајќи од западните делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, соопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен до засилен северен ветер. Од понеделник ќе преовладува сончево време со пораст на дневната температура.

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово учествува на клучниот министерски состанок во Тирана, посветен на развојот и реализацијата на Коридор 8. На овој стратешки настан, Муцунски е во друштво на своите колеги од Албанија, Италија, Бугарија и Романија, со цел да се засили регионалната поврзаност. Добро утро од Тирана, напиша на својјот Фејсбук профил Муцунски „Денес учествувам на Министерскиот состанок посветен на Коридор VIII, заедно со колегите од Албанија, Италија, Бугарија и Романија. Во фокусот се инфраструктурните проекти што се реализираат долж Коридор VIII, како и предизвиците со кои се соочуваат земјите, за чие надминување е…

Повеќе

Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека денес (18.02.26), жичницата на Водно нема да биде во функција поради засилен ветер. „Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно. Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, информираат од ЈСП Скопје.

Повеќе