Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кузеска: Владата сака луксузот на Мицкоски да го платат граѓаните

    Кузеска: Владата сака луксузот на Мицкоски да го платат граѓаните

    18.02.2026 во 12:242 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Се уште нема одговори колку чинеше луксузирањето на Мицкоски со владиниот авион и кој бил со него, рече на денешната прес-конференција Богданка Кузеска – портпаролка од редовите на СДСМ.

    Но, луксузирањето на Христијан Мицкоски врз грбот на граѓаните и летањето со владин авион на Јадранско море го откри неговото вистинското лице и лицето на неговата расипничка власт, истакна Кузеска.

    „До толку се опиени од моќта, од аздисаноста, државата ја сметаат за нивна приватна сопственост, шанса за бизнис и уживање, а граѓаните за поданици кои се тука да им го плаќаат луксузот.

    Додека народот брои денари до крајот на месецот, работниците се на улиците за поголеми плати, премиерот лета на одмор со владин авион.

    Владата вели нема пари за плати, одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра.

    Им кратат 40 милиони евра на земјоделците за субвенции, 5 милиони евра од поддршката во спортот.

    Дури и на лицата со ретки болести им скатија 3 милиони евра!

    А истовремено планираат да купат нов владин авион вреден околу сто милиони евра.

    Како со тендерите, 161, 51, 72, вредни милиони евра, како да се колачи“, посочи Кузеска.

    Кузеска рече дека со сума од околу 100 милиони евра се обезбедува половина од потребните пари за зголемување на минималната плата на 600 евра за работниците.

    „Може да се изградат најмалку 20 нови современи училишта низ државата, 25 градинки, 10 студентски домови со што илјадници студенти би добиле достоинствени услови за живот и студирање.

    Со парите за еден луксузен авион може да се изградат 3 нови модерни болници или целосно да се реконструираат повеќе постоечки здравствени центри.

    Може да се изградат 20 згради за социјални станови, десетици километри водоводи и канализации во рурални и урбани средини каде граѓаните со години чекаат основни услови за живот.

    Но наместо пари за плати, за пензии, за училишта, болници, Владата сака луксузот на Мицкоски да го платат граѓаните.

    Тоа е приоритетот на оваа тендер коалиција ВМРО-ЗНАМ.

    Ова е безобразие без граници.

    Бараме криминалната власт веднаш да се откаже од намерата за купување на нов авион.

    Државата не е приватна компанија, а народните пари не се играчка за опиена, аздисана и криминална власт“, порача Кузеска.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.