Author: Author 04

Вчера полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода Б.М.(25) и В.Ч.(27), двајцата од Неготино. На 08.10.2025 околу 18:20 часот на автопатот Демир Капија-Неготино, на место викано „Острово“, полициски службеници извршиле контрола во патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, при што затекнале седум лица мигранти (шест од Египет, меѓу кои пет малолетници и едно од Ирак). По преземени мерки констатирано е дека В.Ч. со патничко возило „опел астра“ со неготински регистарски ознаки бил претходница и го известувал Б.М. за поставеноста на полициски патроли на патот. Известен е јавен обвинител, а лицата се задржани во…

Повеќе

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, синоќа беше на терен „од врата до врата“ во Буњаковец, кадешто на центарци им го презентираше отчетот за сработеното во изминатите четири години, но и новата програма за работа која е направена на база на неговите темелни средби со сите граѓани, во секое маало, со секоја целна група – пензионери, млади, родители. Герасимовски, порачува дека од клучните проекти најважен е новиот дом за стари лица, кој ќе биде со практично минимална партиципација за сместување. „Во Центар живеат многу пензионери и ова е на нивно барање. Сите знаеме колку е тешко и скапо сместувањето…

Повеќе

Каја Шукова, кандидатка за Градоначалничка на Скопје од СДСМ, во интервју за ТВ 21 нагласи дека воведувањето систем за селекција на отпад на ниво на домаќинства е суштински чекор за справување со зголемените количини на отпад и за намалување на притисокот врз Вардариште и депонијата Дрисла. „Мора да почнеме со селекција на отпад уште од дома. Ако граѓаните добијат соодветни канти, контејнери и камиони што ќе го подигнуваат селектираниот отпад, количините можат да се намалат и до 50% во првиот период. Тоа значително ќе го олесни процесот на собирање, транспорт и третман“, изјави Шукова во интервју за ТВ 21. Според…

Повеќе

СДС потона во својата безидејност и очај. Немајќи што да му понуди на македонскиот граѓанин, СДС потпре на нејзините мегафони кои шират омраза и повици на насилство, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Безидејниот СДС, политиката и изборната кампања ја сведе во поле на омраза, наместо натпревар на идеи, проекти и визија. Нивниот долгогодишен пропагандист и медиумски гласноговорник, Бранко Тричковски повторно премина на неговите морбидни повици за ликвидација на претседателот, Христијан Мицкоски. Во врска со настанот од пред некој ден за лажна дојава на бомба во центарот на Скопје, долгогодишниот перјаница на СДС, Тричковски на социјалните мрежи, со многу морбиден речник пишува дека…

Повеќе

Изборната кампања влегува во последната фаза. Остануваат уште седум дена до изборниот молк пред изборите што ќе се одржат на 19 октомври. Изборните активности на партиите продолжуваат и денеска. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде во јужниот дел на државата со митинзи и средби со граѓани во Дојран, Валандово, Богданци и Гевгелија, а нивниот кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски ќе одржи прес-конференција. Опозициската СДСМ денеска ќе ги посети дел од скопските општини и тетовската општина Брвеница. Караванот на СДСМ ќе биде во Сопиште, Ѓорче Петров и Гази Баба. Изјава за медиумите ќе има и кандидатката за градоначалник на…

Повеќе

Утре – Денот на народното востание, 11 октомври, ќе биде неработен ден, а следниот се паѓа во четврток што значи дека оние кои ќе успеат ќе можат да го поврзат во продолжен викенд. 23 Октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани. 11 Октомври е државен празник на востанието е против фашизмот и со тоа започнува борбата за ослободување на македонскиот народ. Тоа е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ. Со својата вооружена борба, Македонија не станала квислиншка територија, туку, напротив, жешко подрачје за окупаторот и дала свој придонес во победата над фашизмот во…

Повеќе

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 22 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 20 степени. Во наредните денови следува период на претежно стабилно време со пораст на дневната температура. Во сабота ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено…

Повеќе

Со цел зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места, Владата усвои измени и дополнувања на Законот за данок на додадена вредност, со кои се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки во вредност до 22 евра. Законските измени веќе се во собраниска процедура, а нивното спроведување се очекува да има директни позитивни ефекти врз економијата и работењето на домашните компании, се вели во соопштението од Министерство за финансии. -Со оваа мерка, околу 4 милиони денари месечно, колку што во одредени периоди изнесува прометот кон странските онлајн платформи, ќе се пренасочат кон домашното стопанство. Овие…

Повеќе

3.000 денари за секое новородено дете во општина Бутел, најави градоначалникот на Бутел Дарко Костовски кој е кандидат за уште еден градоначалнички мандат. – Со задоволство најавувам дека за прв пат нашата општина ќе обезбеди надоместок за новороденче во висина од 3.000 денари. Оваа поддршка е дел од нашата заложба за подобрување на условите за младите семејства во општина Бутел. Ние не застануваме – инвестираме во инфраструктурата која ќе ја подобри иднината на секое дете, порача Костовски. Се осврна и на објектите за предучилишно воспитание. – Изградивме две градинки во Бутел 1 и Бутел 2, а во наредниот период ќе…

Повеќе

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, ја коментираше изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека по локалните избори е можно одржување предвремени парламентарни избори, потврдувајќи дека според неговите сознанија и проценки, таквите избори ќе се одржат во март или април следната година. „Тоа е всушност тоа што го кажувам јас и ние од почетокот, дека да, ќе има предвремени парламентарни избори некаде во март или април. И ова го кажувам најаргументирано, врз основа на сите разговори и договори што ги има на политичката сцена“, изјави Османи. Тој додаде дека изјавата на премиерот само го потврдува она на што ДУИ…

Повеќе