Close Menu
Press24
    Најново

    Подгответе се за пресврти со времето: УХМР со временска најава до крај на неделата

    08.07.2026 во 11:36

    МВР: Силна меѓународна соработка за побезбедна Македонија

    08.07.2026 во 11:31

    Топлотен бран ја зафати Македонија: Температурата достигна 33 степени уште претпладне

    08.07.2026 во 11:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Подгответе се за пресврти со времето: УХМР со временска најава до крај на неделата
    • МВР: Силна меѓународна соработка за побезбедна Македонија
    • Топлотен бран ја зафати Македонија: Температурата достигна 33 степени уште претпладне
    • Нови детали: Позната причината за смртта на студентката од Македонија во Солун
    • Муцунски во Анкара: Разговор со холандскиот шеф на дипломатијата
    • ММФ: Геополитичките кризи го прават бакарот сè повреден, Македонија сè уште не ги користи резервите во Иловица
    • Апсење во Скопје – Полицијата изврши претрес, МВР со детали
    • Судскиот Совет одлучи: Кривичниот суд доби нов претседател
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Изборната кампања влегува во последната фаза – oстануваат седум дена до молкот

    Изборната кампања влегува во последната фаза – oстануваат седум дена до молкот

    10.10.2025 во 09:173 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Изборната кампања влегува во последната фаза. Остануваат уште седум дена до изборниот молк пред изборите што ќе се одржат на 19 октомври. Изборните активности на партиите продолжуваат и денеска.

    Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде во јужниот дел на државата со митинзи и средби со граѓани во Дојран, Валандово, Богданци и Гевгелија, а нивниот кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски ќе одржи прес-конференција. 

    Опозициската СДСМ денеска ќе ги посети дел од скопските општини и тетовската општина Брвеница. Караванот на СДСМ ќе биде во Сопиште, Ѓорче Петров и Гази Баба. Изјава за медиумите ќе има и кандидатката за градоначалник на Скопје Каја Шукова. 

    За денеска, изборни активности во Битола се закажани од страна на политичката партија Левица каде е најавено присуство на лидерот на партијата Димитар Апасиев и кандидатката за градоначалник на Струга, Јована Мојсовска. 

    Прес-конференција денеска ќе одржат и Движењето Слободни и независни и потпретседателот на ДУИ Арбр Адеми и кандидатот за градоначалник на Липково, Еркан Арифи.

    Партиите во текот на вчерашниот ден со ветувања пред граѓаните за вложувања во инфраструктурата, локалниот развој и создавањето услови за младите да останат во својот град. Лидерите на најголемите македонски партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ вчера се осврнаа и на судството ветувајќи реформи и владеење на правото и правдата.

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер Христијан Мицкоски од митингот во општина Илинден рече дека мора да има правда и одговорност и да се направи ресет на системот кој нема да биде само политички, туку и институционален. 

    – Овој ресет нема да биде само политички. Тој ќе биде морален, институционален и народен. Ќе има правда и таа ќе биде брза. Ќе има одговорност и таа ќе биде вистинска одговорност. Овој ресет ќе биде праведен, но безмилосен кон оние што го злоупотребувале народот. Ќе ја вратиме одговорноста, достоинството и она што ни е важно е да имаме систем на којшто сите ние гордо ќе му служиме, истакна Мицкоски.

    Лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче, пак, на митингот во Кавадарци оцени дека во државата има недостиг на правда, обвинувајќи го притоа Мицкоски дека не сака независно судство, туку судство под партиска контрола. 

    – Мицкоски не сака независно судство. Тој сака свое судство. Не сака обвинители по закон, туку обвинители по список од тефтерчињата во Белата палата. Затоа вечерва го прашувам јавно: Зошто не направи ништо? Зошто не ги реформираше судството и обвинителството? Зошто се плашиш, Мицкоски? Дали затоа што знаеш дека, ако судството стане навистина независно, половина твоја влада ќе мора да одговара пред закон?, рече Филипче.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Мицкоски ја укина техничката влада на сила а сега сака модел за кражба на гласови

    08.07.2026 во 09:40

    ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија и се случува градежен бум невиден во поновата историја на државата

    08.07.2026 во 09:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.