Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ шири омраза преку мегафони, Тричковски повикува на ликвидација на Мицкоски

    ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ шири омраза преку мегафони, Тричковски повикува на ликвидација на Мицкоски

    10.10.2025 во 09:242 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДС потона во својата безидејност и очај. Немајќи што да му понуди на македонскиот граѓанин, СДС потпре на нејзините мегафони кои шират омраза и повици на насилство, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Безидејниот СДС, политиката и изборната кампања ја сведе во поле на омраза, наместо натпревар на идеи, проекти и визија.

    Нивниот долгогодишен пропагандист и медиумски гласноговорник, Бранко Тричковски повторно премина на неговите морбидни повици за ликвидација на претседателот, Христијан Мицкоски.

    Во врска со настанот од пред некој ден за лажна дојава на бомба во центарот на Скопје, долгогодишниот перјаница на СДС, Тричковски на социјалните мрежи, со многу морбиден речник пишува дека „Најголем предизборен штос би направиле кога во куферот би го напикале распарчаното тело на Христијан!“.

    Ваквиот јавен повик за убиство не е и не може да се смета за слобода на говор, ниту метафора, тоа е повик за криминален акт против животот на друг човек.

    Исто така, овој испад не е изолиран случај или дело на лице со нарушена психолошка состојба, туку тоа е резултат на очајот во кој се пропаднати СДС и нивниот политички банкрот.

    Ова не е еден човек што зборува сам за себе, туку ова е гласот на очајот на СДС, кој се слуша преку нивните медиумски издувни вентили.

    Многу е јасно кога гласноговорниците и мегафони на СДС повикуваат на распарчување на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер во период на изборен процес, тоа не е црн хумор, туку црна кампања насочена кон создавање страв, поделби, дестабилизација.

    Меѓу другото, треба јасно да се потенцира и одговорноста на медиумите кои ги пренесуваат овие пораки, дали тоа го прават по налог и како дел од сценарио, или затоа што веруваат и се согласуваат со она што тој го пишува.

    Затоа што сите кои го споделуваат, оправдуваат или ќе го штитат овој човек се соучесници во поттикнувањето и нормализирањето на опасната реторика.

    Токму поради тоа ги повикуваме надлежните органи да проверат дали Тричковски има формални врски со политички структури, а СДС јавно да се оградат од овој срамен чин.

    Ако СДС молчат, тоа ќе биде доказ дека ја одобруваат ваквата морбидна реторика и дека стојат зад неа.

    ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи омразата да стане кампања и ќе ги брани институциите на системот, државата и демократијата од секој обид за насилство, без разлика од каде доаѓа“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е видливо нервозен и во паника

    06.10.2026 во 21:56

    Конески: Владата ги става младите во центарот на политиките, преку пракси ги поврзуваме студентите со локалните самоуправи

    06.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.