Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски најави зголемување на надоместокот за новороденче за 50% и стипендии за талентираните ученици за 50%

    Герасимовски најави зголемување на надоместокот за новороденче за 50% и стипендии за талентираните ученици за 50%

    10.10.2025 во 09:453 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, синоќа беше на терен „од врата до врата“ во Буњаковец, кадешто на центарци им го презентираше отчетот за сработеното во изминатите четири години, но и новата програма за работа која е направена на база на неговите темелни средби со сите граѓани, во секое маало, со секоја целна група – пензионери, млади, родители.

    Герасимовски, порачува дека од клучните проекти најважен е новиот дом за стари лица, кој ќе биде со практично минимална партиципација за сместување. 

    „Во Центар живеат многу пензионери и ова е на нивно барање. Сите знаеме колку е тешко и скапо сместувањето по приватните домови. Ќе ја зголемиме и финансиската поддршка од 2.500 на 5.000 денари за пензионерите во социјален ризик, но и низа проекти за социјализација, бесплатни екскурзии и нови содржини“, порачува Герасимовски.

    Тој, истакнува дека за родителите се предвидени низа олеснувања.

    „Најважното е што оброкот за сите ученици во целодневна настава ќе биде бесплатен, што значи заштеда до 2.500 денари месечно по ученик за секое семејство. Ќе продолжиме интензивно со реконструкција на училиштата и градинките за идеални услови за нашите најмили. Планираме изградба на нова градинка во близина на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Оваа градинка ќе биде изградена според највисоки стандарди за безбедност и квалитет, по примерот на новата градинка „Пролет“ за која сите велат дека е најубавата градинка во државата. Ова многу ме радува затоа што успеавме да ја изградиме во еден мандат, со општински буџет. Со изградбата на новата градинка нова шанса за работа ќе добијат околу 25 воспитувачи, негуватели, стручни соработници и помошен персонал“, вели Герасимовски.

    Герасимовски потенцира дека сака младите да стекнат здрави спортски навики уште од рана возраст и поради тоа, почнува со реалзиација на проект за изградба и реконструкција на два нови покриени базени, кои се лоцирани во ООУ „Димитар Миладинов“ и во ООУ „11 Октомври“.

    „Како новина, би ја издвоил Центарската картичка што ќе им овозможи пристап до бројни попусти и поволности на жителите и на бизнис-заедницата од Центар. Тие ќе можат да ја користат во маркети и бутици, угостителски објекти, кина и театри, теретани и други спортски објекти, но и за медицински и козметички услуги. Со ова, ќе им овозможиме на центарци подобри услови и поволности во секојдневието“, додава Герасимовски.

    Тој, најави и зголемување на надоместокот за новороденче за 50% и стипендии за талентираните ученици за 50%.

    „Продолжуваме со реконструкција и на улиците, со цел поголема безбедност во сообраќајот за пешаците и возачите. Ова се само еден дел од проектите кои ќе почнеме да ги реализираме во новиот мандат. Нашата програма за работа ја пишувавме заедно со граѓаните. Слушавме, разговаравме, консултиравме експерти и ја подготвивме со конкретен план, за сите граѓани, за сите маала и населби. Верувам дека повторно граѓаните, сите ние ќе го направиме вистинскиот избор за Центар што го сакаме“, вели Герасимовски.

    Прочитај повеќе

    (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Започна асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“, се гледа крајот на 30-годишната сообраќајна голгота

    06.10.2026 во 21:36

    Акција во Гази Баба: Започна обележувањето и освежувањето на пешачките премини за поголема безбедност во сообраќајот

    06.10.2026 во 21:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.