- Како првиот ретрограден Меркур во 2026 ќе влијае на вашиот хороскопски знак?
- Сијарто: Ќе се спротивставиме на украинската уцена до крај
- Пронајдени шест мигранти во возило на автопатот Скопје – Куманово
- Жена од Индонезија уапсена во Скопје
- Се обидел да си ги убие децата, па нападнал полицајци – МВР откри детали за ужас во Битола
- Тренчевска: Куќниот притвор е уште една потврда дека има дил
- Грција ја зголемува минималната плата
- 30 камиони заглавени на Ќафасан: Блокада во Албанија ја парализираше границата со Македонија
Author: Author 04
Пред неколку дена, застрашувачка лавина се урна од еден од врвовите на Алпите, директно на шините, додека возот минуваше покрај нив. Се појави и видео од овој инцидент, оставајќи ги патниците во неверица. Да потсетиме дека 5 лица, вклучувајќи го и машиновозачот, беа повредени кога лавина удри воз во Швајцарија. Во возот имаше околу 80 патници. Во спасувачката операција беа вклучени и хеликоптери. Нема официјални информации за степенот на повреди. Несреќата се случи околу 7 часот наутро во регионот Вале. Возот тргна од Шпиц во 6:12 часот наутро. Возот излета од шините поради лавина што ја погоди областа Штокграбен -…
Македонија би можела да стане дел од Европската Унија многу побрзо отколку што се очекуваше, но под специфични услови. Премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на Канал 5 откри дека во Брисел сè погласно се дискутира за сценарио според кое земјава, заедно со Украина, Црна Гора и Албанија, би влегла во Унијата веќе на почетокот на 2027 година. Македонија би седела на масата во Брисел, би учествувала во работата на Советот и комисиите, но нема да има право на глас во првата фаза.Како што ќе се затвораат поглавјата, земјата ќе добива поголеми надлежности до целосно прилагодување на системот. Ова сценарио…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 разјасни една од најголемите дилеми за возачите поврзани со новиот систем „Сејф Сити“ – што се случува кога возилото ќе се најде среде крстосница поради метеж? Иако камерите во тест-периодот ваквите ситуации ги бележеле како поминување на црвено светло, софтверското решение е коригирано. Сега, доколку влезете на зелено, но не ја напуштите крстосницата навреме и го блокирате сообраќајот, ќе бидете казнети за „забавување на сообраќајот“. „Тој прекршок нема да биде третиран како поминување на црвено, туку како отежнување на движењето во рамки на крстосница. Казната за ова е…
Денеска околу 16:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот настанала сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „пежо“, патничко возило „бмв“ и мотоцикл „сузуки“, управуван од А.К. Според информацијата, при отворање на предната десна врата од страна на совозачот од патничкото возило „пежо“, Д.О., мотоциклистот паднал на коловозот и удрил во патничкото возило „бмв“. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.К., констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен е увид, а се преземаат мерки за утврдување на причините за незгодата.
На 19.02.2026 во 02:28 часот во СВР Скопје, Т.Д.(43) од с.Булачани, скопско, пријави дека во с.Црешево, по претходна расправија во угостителски објект, бил физички нападнат од неколку лица, кои му нанеле тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 15:50 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, полициски службеници го приведоа С.П.(61) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон вработените во спортска обложувалница и кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. При преземање мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,90 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Вчера во 15:00 часот во СВР Тетово, 55-годишник од село во општина Желино пријавил дека бил измамен од С.Р. од с.Камењане, општина Боговиње. Според пријавеното, во текот на 2024 година С.Р. му ветил на оштетениот дека ќе му посредува за добивање социјална помош и социјален стан, за што во неколку наврати му исплатил вкупно 4.200 евра. По некое време услугите не биле извршени, а парите не му биле вратени, по што сфатил дека бил измамен. Се преземат мерки за расчистување на случајот.
Пролетта 2026 година не носи само разбудување на природата, туку и вистински финансиски земјотрес за неколку знаци од Зодијакот. Според светски познатиот астролог Тамара Глоба, влегувањето на Сонцето во Овен на 20 март го означува почетокот на циклус во кој среќата конечно ќе им се насмевне на оние кои долго чекаа. Еве кои се „миленичињата“ на ѕвездите:
Мицкоски вечерва им порача на работниците дека неговата Влада нема намера да ги покачува платите. Според него, платите им се добри, затоа што смета дека толку и работат, велат од СДСМ. „Она што сите го сфатија од вечерашното интервју на премиерот е дека целата земја и сите граѓани треба да трпат – зависно од расположението на Мицкоски. Часовници од 60 илјади евра, луксузирање на грбот на народот, авион, стотици тендери од парите на граѓаните за тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ – тоа може. Само поголеми плати за работниците не може. Мицкоски ќе види кој колкава плата заслужува, па ќе кажел. Дури тој…
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски даде детален отчет за сработеното во првите 100 дена од мандатот. Тој посочи дека градот го презел во состојба на тотален колапс, со блокирани сметки и празна каса, но дека со воведување на строга финансиска дисциплина веќе се видливи првите големи резултати. Клучни постигнувања во првите 100 дена: „Наследивме хаос, но воспоставуваме систем и ред. Ова не е само мој успех, туку успех на сите скопјани кои веруваа дека Скопје може и мора поинаку“, порача Ѓорѓиевски.
