Author: Author 04

По плебисцитната победа на локалните избори, каде што граѓаните Албанци во секоја општина јасно ја искажаа својата доверба во ВРЕДИ, веднаш ја претвораме оваа доверба во конкретна работа и опипливи резултати, се вели во соопштението од ВЛЕН. „Денес, коалицијата ВРЕДИ објавува вест што директно влијае на илјадници семејства: Минималната плата ќе се зголеми за околу 2.000 денари во март 2026 година, достигнувајќи 26.400 денари нето. Ова е благодарение на максималната посветеност на министерот за економија, Бесар Дурмиши, и ова е само почеток на реформите што ги носиме во економијата на земјата. Ова зголемување е најсилниот доказ дека владата на ВРЕДИ…

Повеќе

Во периодот од (10/13.11.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1518 издадени платни налози, 498 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, соопшти МВР. Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 11 лица, од кои осум за возење под дејство на алкохол, тројца за возење со брзина поголема од дозволената во населено место. Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатиот викенд евидентирани се 942 прекршоци…

Повеќе

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 истакна дека Министерството интензивно работи на повеќе проекти чија цел е директно олеснување на животот на граѓаните и подобрување на пристапот до јавни услуги. Андоновски најави дека проектот Е-Бебе ќе започне со реализација следната година и ќе претставува значаен чекор кон поефикасна комуникација меѓу институциите и граѓаните. Проектот ќе овозможи граѓаните да не мора лично да прибавуваат документи од државните институции, туку истите да се разменуваат електронски преку државните регистри. „Целта е да стигнеме до фаза каде што граѓаните нема да мора лично да ги прибираат…

Повеќе

Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции утврдила дека голем број операции биле непотребно извршени или непотребно препорачани, соопшти денеска министерот за здравство, Азир Алиу, на прес-конференција. Од вкупно 25 пристигнати случаи, Комисијата анализирала 19. „Кај 10 случаи утврди дека се непотребно извршени операции или непотребно се упатени за операции“, истакна министерот Алиу. Комисијата, исто така, одлучи шест од доставените случаи да ги испрати до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), бидејќи тие се надвор од нивната директна надлежност. Претседавачот на комисијата, д-р Жарко Христовски, појасни дека во оваа првична фаза се анализирала само потребата од реваскуларизација – односно интервенции…

Повеќе

Корупцискиот скандал со ИПАРД фондовите не е изолиран случај, туку доказ за длабоко вкоренет, организиран систем на злоупотреби создаден и поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ. „Веќе е јасно дека истрагата мора да оди многу повисоко од фатениот директор со обележани банкноти. Мора да се проверат и политичките врски, кумските релации и влијанијата кои ја контролирале распределбата на европските пари. Во целата шема се појавуваат имиња од најблискиот круг на премиерот Мицкоски за кои премиерот одбегнува да одговори. Илија Стоилев, директорот на Агенцијата и функционер на ВМРО-ДПМНЕ е близок соработник на Игор Миќев, познат како Панкерот, кој е во кумска…

Повеќе

„Прашањето е за пет години од денеска кај ќе бидеме. При носењето на одлуката за линеарното зголемување на пензии во собранието укажав дека не можете буџетскиот дефицит во ПИОМ од 31% да го зголемите на 48% и да кажете ништо не се случува во државата. Морате на пензионерите, морате на сите млади, морате на сите генерации да им кажете дека зафаќањето којшто го правите со линеарното зголемување наспроти усогласувањето методолошки предвидено коешто на крај на денот ќе донесеше повеќе пари кај пензионерите а не само линеарно за сите, цената е дека за три години пензискиот фонд ќе биде неодржлив, истакна…

Повеќе

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, 14.11.2025 година (петок), ќе присуствува на свечен настан. Настанот се одржува по повод одбележувањето на 25 години од постоењето на Фондот за здравствено осигурување во Македонија. Премиерот Мицкоски ќе се обрати пред присутните во Македонската филхармонија, со почеток во 12:00 часот.

Повеќе

Расте незадоволството во СДС и потребата од итни реформи во врвот на СДС. СДС е во длабока криза која е  резултат на недовербата во актуелното раководство особено лидерот Венко Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Незадоволството од изборниот резултат расте и кај членови, симпатизери и поранешни функционери на СДС кои се дистанцираат а некои од нив и ја напуштија партијата незадоволни од насоката во која се движи партијата.Венко Филипче ја губи довербата кај членството поради недостиг на визија, стратегија и кредибилитет.Филипче со соочува со сериозен пад на довербата и поради блискоста и силното влијание на Заев во партијата. Филипче работи исклучиво по насока…

Повеќе

Ова е потрошувачки Буџет затоа што 90% од буџетот е наменен за тековните расходи а само 10% се за капитални инвестиции кои треба да се двигатели на развојот, направен е преседан со намалување на капиталните инвестиции, истакна пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во емсијата „Вин Вин“ на телевизија Телма. „Ако оваа година, 2025-та, која е чиста година на владеачкото мнозинство, покажа дека има капацитет за 50 отсто спроведување на капиталните расходи, тоа значи дека овие 10 отсто ќе останат 5 отсто на крај на годината во 2026. Толку е капацитетот. И ако 90 отсто отидат во тековни расхови, затоа што…

Повеќе

ОВЕНОние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета. Не дозволувајте парите премногу брзо да излезат од контрола, обидете се максимално да ги контролирате вашите трошоци, како и вашите навики поврзани со секојдневниот шопинг. Нема да ја спасите ситуацијата ако понудите пари, наместо тоа да понудите време. БИКРазговарајте со оние луѓе кои имаат искуство во нешто поврзано со инвестиции, медицина или право. Информациите што ќе ги соберете денес ќе ви помогнат да се ослободите од стресот и да решите добар дел од проблемите со одење на патот. Љубовната врска ќе…

Повеќе