Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57

    Регулаторна одлучи: Од полноќ големо поскапување на дизелот

    21.09.2026 во 15:10

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нападнат вработен во бензинска пумпа
    • „Гугл“ казнет со 403 милиони евра за следење на локацијата на корисниците
    • Софија Лорен го слави 92. роденден: Еден маж го одбележа целиот нејзин живот
    • Мисајловски: Зацврстувањето на одбранбените односи е уште еден силен импулс за јакнење на регионалната безбедност
    • Почина синот на Синди Крафорд, манекенот Пресли Гербер, имаше 27 години
    • Мицкоски разговараше за вложувања на американската воена индустрија
    • На тезга продавал пиротехника – заврши во станица
    • Невиден ужас во Австралија: Мајка избоде три деца – едното почина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Кумата на Мицкоски била клучна за ИПАРД-исплатите

    СДСМ: Кумата на Мицкоски била клучна за ИПАРД-исплатите

    14.11.2025 во 09:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Корупцискиот скандал со ИПАРД фондовите не е изолиран случај, туку доказ за длабоко вкоренет, организиран систем на злоупотреби создаден и поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.

    „Веќе е јасно дека истрагата мора да оди многу повисоко од фатениот директор со обележани банкноти. Мора да се проверат и политичките врски, кумските релации и влијанијата кои ја контролирале распределбата на европските пари.

    Во целата шема се појавуваат имиња од најблискиот круг на премиерот Мицкоски за кои премиерот одбегнува да одговори.

    Илија Стоилев, директорот на Агенцијата и функционер на ВМРО-ДПМНЕ е близок соработник на Игор Миќев, познат како Панкерот, кој е во кумска врска со премиерот Христијан Мицкоски.

    Дополнително, неговата сопруга, кумата на Мицкоски, била вработена во Агенцијата, каде, според доставените информации од свиркачи, без нејзин потпис не се пуштала ниту една исплата од ИПАРД.

    Ова отвора сериозни прашања за кои Мицкоски мора веднаш да одговори:

    Дали под истрага се и неговите кумашини Игор и Цветанка Миќеви?

    Каква е неговата поврзаност? Дали се барале провизии и дали дел од тие пари завршувале кај него или во партијата?

    Колку пари од субвенции се испумпувале преку мито и злоупотреби?

    СДСМ бара итно проширување на истрагата, испитување на сите инволвирани лица, вклучително и политичките поврзаности на највисоко ниво, и целосно расчистување на овој најголем скандал во земјоделството.

    СДСМ ќе продолжи да ја разобличува корупцијата и да бара одговорност, затоа што европските пари не смеат да завршуваат во приватни и партиски џебови“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: Со измени во Закон се забранува пратеник да има двојно државјанство, лагите на СДС се демантираат

    21.09.2026 во 17:10

    Минчев и Сељами остварија средба: Институционалната соработка е клучна за поефикасна јавна администрација и заштита на граѓаните

    21.09.2026 во 15:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.