Расте незадоволството во СДС и потребата од итни реформи во врвот на СДС. СДС е во длабока криза која е резултат на недовербата во актуелното раководство особено лидерот Венко Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Незадоволството од изборниот резултат расте и кај членови, симпатизери и поранешни функционери на СДС кои се дистанцираат а некои од нив и ја напуштија партијата незадоволни од насоката во која се движи партијата.
Венко Филипче ја губи довербата кај членството поради недостиг на визија, стратегија и кредибилитет.
Филипче со соочува со сериозен пад на довербата и поради блискоста и силното влијание на Заев во партијата. Филипче работи исклучиво по насока на Заев, за тесно партиските интереси на мал круг на луѓе и лукративните цели на кланот Заеви.
Филипче делува како продолжена рака на Заев и е следбеник и континуитет на погубните политики на Заев кои ја доведоа СДС до историски пораз.
Неколку блиски соработници се дистанцираат од Филипче токму поради тоа што сметаат дека нема лидерски капацитет а одлуките ги носи под влијание на Заев. Особено се истакнува случајот со познат доктор и поранешен градоначалник кој одбил функција поради Филипче и неговата зависност од Заев.
Евидентни се потребите од итни реформи во врвот на СДС за да се прекине влијанието на Заев и да се врати кредибилитетот на СДС.
За здрав демократски систем потребно е СДС да се ослободи од менторството на Заев и штетните политики на Филипче за конечно да стане конструктивна и одговорна опозиција. На Македонија и е неопходна силна и консолидирана опозиција која ќе биде коректор на власта“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
- Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“
- Инстаграм профилот на агенцијата Бета под хакерски напад
- По децении запуштеност, ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
- Бугарија нема да учествува во новиот финансиски пакет: Радев ја одби европската иницијатива за нов заем од 70 милијарди евра за Украина
- Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула
- Американски „Quartz“ ја објави листата за 2026 година: Сараево е најдобра дестинација на Балканот
- Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста
- Трамп демантира ескалација: САД нема да го нападнат Иран пред изборите
