Author: Author 04

Четиричлено семејство од турско потекло од Хамбург отпатувало во Истанбул кон средината на ноември. Кратко потоа, тие биле примени во болница поради силна болка, гадење и повраќање, под сомнение за труење со храна. Тие биле отпуштени од болницата, но нивната состојба нагло се влошила во текот на ноќта. Две деца, шестгодишен син и тригодишна ќерка, починале прво, а потоа и мајката. Таткото останал на интензивна нега, но по неколку дена и тој починал. Овој случај ја потресе јавноста, а деталите за трагедијата излегуваат на виделина секојдневно. Медиумите почнаа да известуваат за изјавата на локален лекар, кој рече дека хотелот каде…

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп проговори за пукањето во Вашингтон, во близина на Белата куќа, каде што беа нападнати припадници на Националната гарда. Трамп објави на социјалната мрежа TruthSocial, очигледно пред да се открие дека двајца припадници на Националната гарда подлегнале на повредите. „Животното што пукаше кон двајца припадници на Националната гарда, двајцата сериозно повредени и сега се во две различни болници, е исто така сериозно повредено, но без оглед на тоа, тој ќе плати многу висока цена. Нека Бог ја благослови нашата голема Национална гарда и сите припадници на војската и органите за спроведување на законот. Тие се навистина прекрасни…

Повеќе

Времето утре претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен поремено засилен ветер од северен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер.До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во текот на ноќта и утре (над 25 l/m² за 24 часа). Во четврток на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а во некои од повисоките места ќе бидат…

Повеќе

Поради одрон на пат, сообраќајот на патниот правец Отешево – Сирхан се одвива отежнато, по една сообраќајна лента. АМСМ апелира до возачите за внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината според условите на патот.

Повеќе

Двајцата беа припадници на Националната гарда на Западна Вирџинија. Со голема тага можеме да потврдиме дека двајцата припадници на Националната гарда на Западна Вирџинија кои беа застрелани порано денес во Вашингтон, починаа од повредите. Овие храбри жители на Западна Вирџинија ги загубија животите служејќи ја својата земја. Во постојан контакт сме со федералните власти додека истрагата продолжува. Целата наша држава тагува со нивните семејства, нивните најблиски и заедницата на гардата. Западна Вирџинија никогаш нема да ја заборави нивната служба или нивната жртва и ќе бараме целосна одговорност за овој ужасен чин, изјави гувернерот. Порано вечерва, американскиот претседател Доналд Трамп изјави…

Повеќе

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека ранетите членови на Националната гарда на САД се во критична состојба. Неколку лица беа застрелани во Вашингтон во среда, вклучувајќи барем еден член на Националната гарда на САД, според извор запознаен со првичните извештаи и полициски службеник. Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека ранетите членови на Националната гарда на САД се во критична состојба. Претседателот на САД го нарече напаѓачот „животно“ и рече дека осомничениот „ќе плати многу висока цена“. Напаѓачот беше сериозно повреден. Бог да ја благослови нашата Голема Национална гарда и сите наши воени и полициски службеници – напиша Трамп…

Повеќе

Двајца припадници на Националната гарда се ранети на неколку блока од Белата куќа во Вашингтон. Полицијата вели дека осомничениот е приведен и дека местото на инцидентот е обезбедено, објавува Би-Би-Си. Претседателот Доналд Трамп е информиран за пукањето, изјави портпаролката Каролин Ливит во соопштението. „Белата куќа е свесна за оваа трагична ситуација и активно ја следи. Претседателот е информиран“, рече Ливит. Војници на Националната гарда од неколку држави се наоѓаат во Вашингтон со месеци како дел од мерките на претседателот против криминалот во главниот град, кои оттогаш се проширија и во други градови низ земјата. Двајца припадници на Националната гарда беа…

Повеќе

63-годишен маж ги убил своите двајца синови, својата сестра и својата сопруга на три различни локации во Германија, пред да го насочи пиштолот кон себе, во германскиот град Ројтлинген. Убиствата биле откриени во вторник кога старател го пронашол телото на една од неговите жртви, а мотивот за масакрот засега е непознат. Се верува дека вооружениот човек прво ги застрелал своите двајца синови, на возраст од 27 и 29 години, во општината Санкт Јохан пред да го повлече чкрапалото и да ја убие својата сестра (60) во нејзиниот стан во Ројтлинген, според локалните медиуми. Потоа ја застрелал својата сопруга (57) во…

Повеќе

Повеќе лица беа ранети во близина на Белата куќа во Вашингтон во среда, вклучувајќи барем еден припадник на Националната гарда на САД, според извор запознаен со првичните извештаи, објави CNN. Пукањето се случило во центарот на Вашингтон, во близина на Белата куќа. Метрополитенската полиција на Вашингтон соопшти на X дека е на местото на пукањето и ги советуваше граѓаните да ја избегнуваат областа. Националната гарда не одговори веднаш на барањето за коментар. Околностите на пукањето сè уште не се јасни. Војници на Националната гарда од неколку држави се присутни во Вашингтон со месеци, како дел од мерките на претседателот Доналд…

Повеќе

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, вечерва гостуваше во Тема на денот во Дневникот на Сител ТВ. Андоновски говореше за проектот за 55.000 ваучери од 15.300 денари за студенти, за кој досега имаат аплицирано 37.970 студенти, а над 17.000 студенти веќе подигнале електронски уред.Министерот напомена дека овој проект освен што помага на оние кои најмногу им треба да добијат електронски уред, истовремено целата постапка е транспарентна и едноставна. Со ова, Андоновски смета дека корупцијата целосно се елиминира.“Оваа услуга покажува борба против корупцијата. Овој систем не познава кое дете од каде доаѓа, кој студент какви родители има, системот не подразбира дали сте син или ќерка…

Повеќе