Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Истекол плин на бензинска на патот Охрид-Струга: Дефект имал вентилот
    • Запалил трева – вивнал силен пожар: 60-годишник ќе одговара за предизвикување општа опасност
    • Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте
    • 28-годишник претепал свој сограѓанин, го удирал и со метален предмет – заврши во полиција
    • Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба, откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи
    • Хаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина Центар
    • Мицкоски ја бара ЕУ на масата со Софија
    • Филипче: Земјоделците се оставени сами – откупните цени се понижувачки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Андоновски: Над 37.000 студенти аплицираа за ваучери од 15.300 денари, системот целосно ја елиминира корупцијата

    Андоновски: Над 37.000 студенти аплицираа за ваучери од 15.300 денари, системот целосно ја елиминира корупцијата

    26.11.2025 во 20:561 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, вечерва гостуваше во Тема на денот во Дневникот на Сител ТВ. Андоновски говореше за проектот за 55.000 ваучери од 15.300 денари за студенти, за кој досега имаат аплицирано 37.970 студенти, а над 17.000 студенти веќе подигнале електронски уред.

    Министерот напомена дека овој проект освен што помага на оние кои најмногу им треба да добијат електронски уред, истовремено целата постапка е транспарентна и едноставна. Со ова, Андоновски смета дека корупцијата целосно се елиминира.

    “Оваа услуга покажува борба против корупцијата. Овој систем не познава кое дете од каде доаѓа, кој студент какви родители има, системот не подразбира дали сте син или ќерка на некој функционер за да добиете ваучер, туку тој систем доделува ваучери на секој кој ги исполнува условите”, истакна Андоновски.

    Дополнително, министерот истакна и дека изводот од матична книга на родени и уверението за државјанство се издаваат онлајн а со тоа директно се влијае на сузбивање на ситната корупцијата.

    “Веќе не плаќате 400-500 денари на некој службеник во некоја канцеларија за побрзо да го издаде вашиот документ. Кликнувате, 20 секунди и го добивате документот на меил”, заврши министерот Андоновски.

    Прочитај повеќе

    Истекол плин на бензинска на патот Охрид-Струга: Дефект имал вентилот

    19.09.2026 во 12:59

    Запалил трева – вивнал силен пожар: 60-годишник ќе одговара за предизвикување општа опасност

    19.09.2026 во 12:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.