- УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија
- Пронајдено човечко тело во кеса за ѓубре во Бруклин
- Вучиќ: За пет дена срушија и уништија сè
- Скокна цената на нафтата
- Сали во Даблин: Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на средбата со Томас Бирн
- Го собориле на под, а кога го отвориле багажникот останале во шок – српската полиција во акција
- Целосен хаос во Варшава – Полскиот претседател итно се враќа од патување поради вонредна состојба
- Трагедија во Велс: Избодена жена починала откако со автомобил тргнала кон болница поради доцнење на брзата помош
Author: Author 04
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, до сабота ќе престојува во работна посета на Република Литванија, на покана на неговиот колега Кештутис Будрис. Посетата е прва за министерот во Вилнус и се реализира во годината кога двете земји одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи. Во фокусот на агендата се економските потенцијали на земјава: Муцунски ќе ја посети Конфедерацијата на индустријалци и ќе се сретне со претседателот Видмандас Јанулевичиус. Предвидена е средба и со литванскиот министер за економија, Едвинас Грикшас. Покрај економијата, главни теми на разговорите ќе бидат билатералните односи, македонската интеграција во ЕУ и клучните…
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во источните делови на земјата, соопшти УХМР. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои повисоки места се очекува мешавина од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од 3 до 8°C, а максималната ќе достигне од 6 до 11°C. Во Скопје ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд и слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 5 до 9 степени.
Како што објавија Јавното обвинителство во Арнсберг и полицијата во Хаген во заедничка изјава, истражителите во Србија го уапсија Кенан за време на рутинска проверка. Тој користел лажен идентитет. Кенан Меховиќ (40), кој е обвинет за убиство и обид за убиство, беше уапсен по тримесечна потера во Србија, објавува германскиот Билд. Како што објавија Јавното обвинителство во Арнсберг и полицијата во Хаген во заедничка изјава, истражителите во Србија го уапсија Кенан за време на рутинска проверка. Тој користел лажен идентитет.По екстрадицијата, тој ќе биде изведен пред германски суд. Истражителите не дадоа дополнителни детали во врска со апсењето или можниот мотив.…
Четиричлено семејство од турско потекло од Хамбург отпатувало во Истанбул кон средината на ноември. Кратко потоа, тие биле примени во болница поради силна болка, гадење и повраќање, под сомнение за труење со храна. Тие биле отпуштени од болницата, но нивната состојба нагло се влошила во текот на ноќта. Две деца, шестгодишен син и тригодишна ќерка, починале прво, а потоа и мајката. Таткото останал на интензивна нега, но по неколку дена и тој починал. Овој случај ја потресе јавноста, а деталите за трагедијата излегуваат на виделина секојдневно. Медиумите почнаа да известуваат за изјавата на локален лекар, кој рече дека хотелот каде…
Американскиот претседател Доналд Трамп проговори за пукањето во Вашингтон, во близина на Белата куќа, каде што беа нападнати припадници на Националната гарда. Трамп објави на социјалната мрежа TruthSocial, очигледно пред да се открие дека двајца припадници на Националната гарда подлегнале на повредите. „Животното што пукаше кон двајца припадници на Националната гарда, двајцата сериозно повредени и сега се во две различни болници, е исто така сериозно повредено, но без оглед на тоа, тој ќе плати многу висока цена. Нека Бог ја благослови нашата голема Национална гарда и сите припадници на војската и органите за спроведување на законот. Тие се навистина прекрасни…
Времето утре претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен поремено засилен ветер од северен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер.До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во текот на ноќта и утре (над 25 l/m² за 24 часа). Во четврток на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а во некои од повисоките места ќе бидат…
Поради одрон на пат, сообраќајот на патниот правец Отешево – Сирхан се одвива отежнато, по една сообраќајна лента. АМСМ апелира до возачите за внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината според условите на патот.
Двајцата беа припадници на Националната гарда на Западна Вирџинија. Со голема тага можеме да потврдиме дека двајцата припадници на Националната гарда на Западна Вирџинија кои беа застрелани порано денес во Вашингтон, починаа од повредите. Овие храбри жители на Западна Вирџинија ги загубија животите служејќи ја својата земја. Во постојан контакт сме со федералните власти додека истрагата продолжува. Целата наша држава тагува со нивните семејства, нивните најблиски и заедницата на гардата. Западна Вирџинија никогаш нема да ја заборави нивната служба или нивната жртва и ќе бараме целосна одговорност за овој ужасен чин, изјави гувернерот. Порано вечерва, американскиот претседател Доналд Трамп изјави…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека ранетите членови на Националната гарда на САД се во критична состојба. Неколку лица беа застрелани во Вашингтон во среда, вклучувајќи барем еден член на Националната гарда на САД, според извор запознаен со првичните извештаи и полициски службеник. Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека ранетите членови на Националната гарда на САД се во критична состојба. Претседателот на САД го нарече напаѓачот „животно“ и рече дека осомничениот „ќе плати многу висока цена“. Напаѓачот беше сериозно повреден. Бог да ја благослови нашата Голема Национална гарда и сите наши воени и полициски службеници – напиша Трамп…
Двајца припадници на Националната гарда се ранети на неколку блока од Белата куќа во Вашингтон. Полицијата вели дека осомничениот е приведен и дека местото на инцидентот е обезбедено, објавува Би-Би-Си. Претседателот Доналд Трамп е информиран за пукањето, изјави портпаролката Каролин Ливит во соопштението. „Белата куќа е свесна за оваа трагична ситуација и активно ја следи. Претседателот е информиран“, рече Ливит. Војници на Националната гарда од неколку држави се наоѓаат во Вашингтон со месеци како дел од мерките на претседателот против криминалот во главниот град, кои оттогаш се проширија и во други градови низ земјата. Двајца припадници на Националната гарда беа…
