- Како првиот ретрограден Меркур во 2026 ќе влијае на вашиот хороскопски знак?
- Сијарто: Ќе се спротивставиме на украинската уцена до крај
- Пронајдени шест мигранти во возило на автопатот Скопје – Куманово
- Жена од Индонезија уапсена во Скопје
- Се обидел да си ги убие децата, па нападнал полицајци – МВР откри детали за ужас во Битола
- Тренчевска: Куќниот притвор е уште една потврда дека има дил
- Грција ја зголемува минималната плата
- 30 камиони заглавени на Ќафасан: Блокада во Албанија ја парализираше границата со Македонија
Author: Author 04
Врховниот суд на САД денеска (петок, 20 февруари 2026) зададе тежок пораз на економската агенда на претседателот Доналд Трамп. Со мнозинство од 6 спрема 3 гласови, судиите пресудија дека претседателот ги пречекорил своите уставни овластувања со воведувањето на сеопфатни царини за речиси сите земји во светот. Конзервативните судии Џон Робертс, Ејми Кони Барет и Нил Горсач застанаа против Трамп, приклучувајќи им се на либералното крило. Одлуката ја брише царината од 10% на глобално ниво, како и повисоките тарифи за Кина, ЕУ, Мексико и Канада. Судот пресуди дека претседателот не може да користи „закони за вонредна состојба“ (IEEPA) за еднострано воведување…
На денешната седница, Српската влада го усвои Заклучокот за усвојување на Програмата за финансиска поддршка за производство на облека и други текстилни и кожни производи во 2026 година, која обезбедува вкупно 140 милиони динари, и како грант и како средства од заемот на Фондот за развој. Целта на оваа програма е зголемување на инвестициите во секторот на текстилната и кожарската индустрија, модернизација на производствените капацитети, зголемување на продуктивноста, зајакнување на позицијата на домашните производители, зачувување на работните места и создавање нови, објави владата. Програмата обезбедува 70 милиони динари во грантови и 70 милиони во кредити од Фондот за развој, и…
Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема, каде завршуваат парите на граѓаните од тендерите кои ги добиваат двете омилени фирми на власта, Пирамид билдинг и Ленди груп, велат од СДСМ. „За два месеци 96 милиони денари или 1,56 милиони евра добиле омилените фирми на Орце и на ВМРО-ОКГ од Град Скопје каде тој е градоначалник. 20 милиони денари е тендерот за Пирамид Билдинг со склучен договор на 05.12.2026 година. 76 милиони денари е тендерот за Ленди Груп со склучен договор од 28.01.2026 година. Едни исти фирми, на централно и на локално ниво добиваат тендери и…
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Сектор за борба против тероризам до ОЈО ГОКК достави кривична пријава против дваесет годишен жител на Мала Речица за сторено кривично дело Тероризам, дополнително до ОЈО Тетово достави кривична пријава против 89 – годишник за кривично дело Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи. Осомничениот К.Х (20) на крајот на месец јануари годинава преку социјалната апликација „Discord“ испратил сериозна закана дека е подготвен да изврши напад со огнено оружје – автоматска пушка АК-47 позната како Калашников, притоа појаснувајќи дека истиот е со нарушено психичко здравје. Инспирација за ваков напад…
На 19.02.2026 во 12:30 часот во ОВР Неготино, 76-годишен неготинец пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 4000 евра. Според пријавеното, лицето побарало од оштетениот да му даде 4.000 евра за да му ги покаже на друго лице, кое го претставил како странски државјанин, а за да му докаже дека еврото е валидна валута во земјава. Како што е пријавено, тој му ги дал парите, а лицето му дало чанта со катaнец да ја чува како доказ дека ќе се врати. Откако, оштетениот ја отворил чантата сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Вчера околу 13:30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го приведоа С.В.(45) од Италија. При гранични проверки и контрола на возило со италијански национални ознаки, кое го управувал, пронајдени се и одземени осум импровизирани направи со игла за активирање на непозната муниција, пиштол калибар 22, шест кутивчиња со по 100 парчиња муниција, едно кутивче со 200 парчиња муниција, едно кутивче со 60 парчиња муниција и други предмети. По наредба на јавен обвинител, лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет годишен жител на Мала Речица за сторено кривично дело Тероризам. Осомничениот на крајот на месец јануари годинава преку социјалната апликација „Discord“ испратил сериозна закана дека е подготвен да изврши напад со огнено оружје – автоматска пушка АК-47 позната како Калашников, притоа појаснувајќи дека истиот е со нарушено психичко здравје. Инспирација за ваков напад, му бил настан од 14.12.2012 година во САД кога Adam Lanza – 20 годишно момче, во Училиште во САД со автоматка пушка убило 26 лица од кои 20 деца. По добиени информации од…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оваа недела реализираше низа важни средби. Оваа недела остварив одвоени средби со амбасадорите на Кралството Шведска, Ола Сулстром, на Португалската Република, Жозе Руи Велез Каросо, и на Република Казахстан, Сатибалди Буршаков, истакна Муцунски. „На средбите беше констатиран континуираниот позитивен развој на билатералните односи, како и унапредувањето на политичката и економската соработка и парламентарната дипломатија. Во таа насока, беше изразена заедничка подготвеност позитивниот тренд да продолжи и во текот на оваа година, со посебен фокус на економската соработка. Воедно, разменивме мислења за можностите за натамошно унапредување на економските релации, зголемување на трговската…
Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) попладнево информира за ненадеен прекин на сообраќајот на регионалниот патен правец 1304, кој ги поврзува Виница и Берово. Според официјалните информации, од 14:52 часот патот е целосно затворен во двата правци. Причината за блокадата е протест на група граѓани.
СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”. Пријавената, како поранешен директор на Јавна здравствена установа-Клиничка болница Битола, во текот на 2023 година, спротивно на одредбите од Законот за администаривни службеници, Законот за изменување и дополнување на Законот за администаритвни службеници, без согласност од Министерството за финансии и спротивно од Законот на буџети за вработување, без спроведени интерни огласи и согласност и потпис од Секторот за човекови ресурси, за 11 лица вработени како административни службеници во управната зграда во…
