Author: Author 04

Вчера во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода И.М.(22), 24-годишната Д.Џ.С. и 21-годишната И.Г.П., сите од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана, известија од полицијата.  По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Повеќе

Европскиот реномиран бренд ЏАМБО (JUMBO) продолжува со успешна реализација на својата долгорочна стратегија за интензивен развој и пошироко позиционирање на македонскиот пазар. Оваа сабота, 13 декември 2025 година, компанијата пишува ново поглавје во својата деловна приказна со свеченото отворање на својот нов, најсовремен маркет во Гевгелија, сместен во рамките на новоотворениот трговски центар „Gevgelija Mall“. Оваа значајна инвестиција доаѓа како природен и логичен след на исклучително успешните деловни приказни кои компанијата веќе ги изгради во Скопје, Тетово, Куманово и Битола, и претставува директно исполнување на ветувањата дадени пред македонските потрошувачи за континуирано проширување на модерната продажна мрежа низ целата територија…

Повеќе

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со проф. д-р Jean-Michel Eymeri-Douzans од Институтот за политички студии во Тулуз, истакнат француски експерт за јавна администрација, како и со Неда Малеска Сачмароска, извршен директор на Центарот за управување со промени (ЦУП). Средбата се одржа во рамки на проектот „Поддршка за воспоставување на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници“. Разговорите беа насочени кон експертската поддршка за подготовка на подзаконските акти неопходни за воспоставување на Академијата за обуки и стручно усовршување на административните службеници, за изработка на јасен модел според кој ќе се планираат обуките, како и за…

Повеќе

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, на Минхенската безбедносна конференција упати остро предупредување до земјите членки на Алијансата, истакнувајќи дека Русија би можела да ги означи како следна цел доколку рускиот претседател Владимир Путин ги постигне своите цели во Украина. Руте нагласи дека Западот се соочува со растечки ризик од конфликт и повика на итна акција. „Се плашам дека премногумина се тивко самозадоволни. Премногумина веруваат дека времето е на наша страна. Не е. Времето за дејствување е сега“, рече Руте. Генералниот секретар ја поздрави одлуката за забрзување на трошоците за одбрана, но предупреди дека тоа „не е време за самозадоволство“,…

Повеќе

На денешното рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, одбраната на обвинетите пазарни инспектори остро ја критикуваше работата на Обвинителството, доведувајќи ја во прашање правната конструкција на обвинението и јавното пласирање на информации за институционалната одговорност. Адвокатите директно го нападнаа Обвинителството, укажувајќи дека доколку се бара причинско-последична врска низ целиот систем, тогаш одговорност треба да има и кај самото Обвинителство кое, по допрен глас, требало прво да реагира на евентуална незаконитост во објектот. Адвокатот Ванчо Шехтански, бранител на Миле Ампов, изнесе остри критики: „По допрен глас, Обвинителството е тоа што треба да ја има првичната реакција доколку имало некаква…

Повеќе

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска ја пречека американската амбасадорка Анџела П. Агелер во нејзината прва официјална посета на Град Скопје. Средбата била насочена кон продлабочување на стратешкото партнерство меѓу САД и Градот, со главни приоритети: институционален развој, економски напредок и борба против корупцијата. Ѓорѓиевски ја истакна клучната порака од средбата: „Особено важно беше заедничкото согледување на потребата од бескомпромисна борба против корупцијата на сите нивоа. Се согласивме дека само со транспарентност, отчетност и силни институции можеме да изградиме модерно и доверливо општество.“ Градоначалникот ја информирал амбасадорката за реализацијата на изборната програма и тековните проекти, нагласувајќи дека поддршката од САД е од…

Повеќе

Вчера на влезот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги привеле П.Н. (20), Н.А. (24) и Д.М. (24), сите од Скопје. При влегување на навивачка група од Скопје на ракометен натпревар бил нарушен јавниот ред и мир, при што тројцата физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Подоцна, во 19:20 часот, на истиот влез, полициски службеници го привеле и Н.Ѓ. (34) од Битола поради агресивно однесување и повикување на насилство, со што исто така го нарушил јавниот ред и мир. Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни…

Повеќе

Ноќеска околу 01:20 часот, во ОВР Гевгелија било пријавено дека на регионалниот пат Стар Дојран – Нов Дојран, на место викано „Калдрма“, мопедист излетал од коловозот. Д.Б. (22) од Нов Дојран, управувајќи мопед „хамачи“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот, при што се здобил со телесни повреди констатирани во Општата болница Гевгелија. По преземените мерки, полицијата утврдила дека возачот бил под дејство на алкохол – измерени биле 1,60 промили алкохол во крвта. За случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од…

Повеќе

Во раните утрински часови во градот Пријановиќи во близина на Пожега, се запали трансформаторска станица што снабдува електрична енергија со речиси целата општина Пожега. Околу 9 часот наутро, целото подрачје остана без електрична енергија, предизвикувајќи голем број проблеми во домаќинствата и институциите. Електричната енергија снема насекаде, а потоа постепено почна да се враќа на некои места. Освен електричната енергија, се појавија и други проблеми. Нашиот интернет не работи, телефоните понекогаш фаќаат сигнал, а потоа исчезнуваат. Не сме навикнати сè одеднаш да се смири, само чекаме што е можно поскоро да се реши – изјави еден жител на Пожега за РИНА.…

Повеќе

Британската телевизија Great Britain News го потврдува договорот за мигранти во Македонија, велат од СДСМ. „Ние не можеме да ги држиме овде, велиме не можете да останете во Обединетото Кралство, но не можеме ниту да ги вратиме од каде што се дојдени. Затоа им велиме дека ќе бидат стационирани во Северна Македонија, каде што ќе можат да работат, каде што има потреба од работна сила и да изградат живот таму. Тоа не е скапо за нас, поскапо е да ги оставиме овде“, пренесува GBN јасна изјава на Бери Гардинер . Целата емисија е јавно достапна: https://www.youtube.com/watch?time_continue=4&v=ylhOzXXJ0h0&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Flibertas.mk%2F&source_ve_path=Mjg2NjY („Не за Руанда, да за…

Повеќе