- Реките се закануваат со излевање, се стравува од поплави – Романија на удар од невреме
- Европа ја очекува тридневен бран протести – седум земји излегуваат на улица
- ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче ја напаѓаат Алта банка за да ја преземат блиски бизнисмени поевтино
- Казните се големи, информирајте се пред да тргнете на пат: Зимските гуми не се доволни, ова се новите правила
- Дневен хороскоп: Бикот да го чува буџетот, Стрелецот да ја промени рутината
- Обилни врнежи ја зафатија Македонија – УХМР информира каде наврна најмногу
- СДСМ бара оставка од гувернерот Славевски
- Скопјанка преживеала хорор: „Ме допираше по телото”
Author: Author 04
Вечерва е уапсен поранешниот државен правобранител, Фехми Стафа, под сомнение за примање поткуп. Според првичните информации до кои дојде Press24, Стафа е лишен од слобода за дело поврзано со поткуп од неколку десетици илјади евра.
Земјоделците од цела Грција, на денешниот масовен состанок во Лариса, донесоа одлука да ја одбијат отворената покана за средба со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис закажана за понеделник во 17 часот. Земјоделците одлучија: Според државната новинска агенција АНА-МПА, земјоделците истакнале дека дијалогот нема суштинска содржина без конкретни решенија и опипливи одговори на нивните барања. Протестите, кои започнаа на 30 ноември поради зголемените трошоци за производство, ниските цени и скандалот со субвенциите, продолжуваат низ цела Грција: Автопатот Солун – Атина е затворен кај Никеа (Лариса), а сообраќајот се пренасочува по споредни патишта. Блокадите продолжуваат и на граничните премини кон Северна Македонија (Евзони),…
Делегација од Северна Македонија, предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални ресурси, Сања Божиновска, престојуваше во Белград на работна средба со српската колешка Дубравка Хандановиќ Ѓуровиќ. Главен фокус на средбата беше забрзаната имплементација на проектот за гасен интерконектор меѓу Северна Македонија и Србија, кој е од стратешко значење за регионалната енергетска безбедност и диверзификација. Изградбата на интерконекторот се очекува да биде завршена во 2027 година, а првиот гас да помине низ гасоводот во 2028 година. Интерконекторот е долг околу 67 километри (23 км во С. Македонија и 44 км во Србија) и ќе ги поврзе гасните системи од Клечовце…
Вчера (12.12.2025) во 13:00 часот во СВР Скопје М.Г.(18) пријавил дека на 10.12.2025 околу 12:00 часот во село Стајковци, скопско, во берберница бил физички нападнат од М.М. и Т.М. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ноќеска во 02:00 часот во СВР Тетово од слобода се лишени Б.Ш.(24) И.И.(28), А.И.(27) и Ф.И.(24) сите од с.Боговиње, тетовско. По претходна пријава во СВР Тетово дека околу 01.00 часот на автопат Гостивар – Тетово во близина на клучка Камењане, додека А.А.(28) од с.Пирок се движел со патничко возило ,,бмв” со швајцарски национални ознаки во кое како совозач бил Р.Ј.(28) од с. Пирок, тетовско позади нив се движело патничко возило ,,пасат” со тетовски регистерски ознаки управувано од И.И. од с. Боговиње, кој им пуштил светлосни ротации а потоа ги престигнал и им го пресекле патот.Од возилото излегле приведените лица кои физички ги нападнале А.А.…
Политичките субјекти треба да се воздржат од јавно етикетирање и дискредитација на медиумите. Таквите настапи можат да влијаат ограничувачки врз слободата на изразување и да ја намалуваат довербата во јавноста, што оправдано буди грижа и е за осуда, реагираат од Здружението на новинари на Македонија по денешната прес-конференција на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. „Во конкретниот случај, СДСМ, наместо јавно да ги рецензира медиумите, ќе беше посоодветно да ги искористи механизмите на саморегулаторните тела. Доколку постои сомнеж за неетичко или непрофесионално известување, на располагање стојат утврдени саморегулаторни механизми, како Советот за етика во медиумите и Советот на честа, преку кои…
Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава до надлежното јавно обвинителство против Е.П., адвокат од Штип, како и против Д.Д., И.А., Г.Т. и Х.С., полициски службеници од Штип и Кочани, поради сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“. Според пријавата, пријавените во текот на Септември 2025 година преземале дејствија со кои било отежнато и спречено прибирањето на докази во кривична постапка. Против полициските службеници ќе биде поведена и дисциплинска постапка.
Вчера во 08:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во производствена хала во фирма кај Новоселски пат С.А.(53) од Скопје при извршување на работни задачи се здобил со повреди од машина и починал на местото на настанот. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Извршен е увид.
Вчера околу 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во населбата Илинден, скопско патничко возило „застава“ со скопски регистарски ознаки управувано од В.В.(72) од с.Марино, скопско удрило во Д.С.(46) од с.Кадино, скопско кој бил паркиран со товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки и во моментот бил надвор од возилото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.С. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Вчера (12.12.2025) во СВР Скопје било пријавено дека околу 12:00 часот, пред Основно училиште „Дитурија“ во Сарај, скопско, од страна на шест ученици физички биле нападнати двајца ученици од 9-то одделение. Настанот беше објавен и на социјалните мрежи, а Министерството за внатрешни работи веднаш презеде мерки и активности за целосно расчистување на случајот. Со родителите на нападнатите малолетници е извршен службен разговор, а исто така денес е извршен разговор и со оштетените малолетници. Кај едно од лицата од страна на лекар се констатирани тешки телесни повреди додека кај другиот малолетник се констатирани телесни повреди. Идентификувани се учениците кои го извршиле…
