Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Одбраната на инспекторите за пожарот во Кочани: Обвинителството ја крие вистината, незаконитост имало и кај нив

    Одбраната на инспекторите за пожарот во Кочани: Обвинителството ја крие вистината, незаконитост имало и кај нив

    11.12.2025 во 15:003 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На денешното рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, одбраната на обвинетите пазарни инспектори остро ја критикуваше работата на Обвинителството, доведувајќи ја во прашање правната конструкција на обвинението и јавното пласирање на информации за институционалната одговорност.

    Адвокатите директно го нападнаа Обвинителството, укажувајќи дека доколку се бара причинско-последична врска низ целиот систем, тогаш одговорност треба да има и кај самото Обвинителство кое, по допрен глас, требало прво да реагира на евентуална незаконитост во објектот.

    Адвокатот Ванчо Шехтански, бранител на Миле Ампов, изнесе остри критики:

    „По допрен глас, Обвинителството е тоа што треба да ја има првичната реакција доколку имало некаква незаконитост во објектот. Зошто, обвинителе, вие наместо да барате причинско-последична врска кај другите институции, едноставно по допрен глас не сте реагирале, и оваа трагедија на 16 март немало ни да се случи. Немојте да манипулирате со луѓето.“

    Одбраната укажа на сериозни неточности во прикажувањето на правниот статус на објектот:

    Шехтански наведе дека објектот каде што избувна пожарот се вика „Клуб Пулс“, ниту „кабаре“, ниту „дискотека“, и дека правното лице ДПРУ „Класик“ (со подружница „Кабаре Пулс“) повеќе не постоело во критичниот период.

    Ампов, како инспектор, бил пензиониран во 2024 година, поради што не можел да врши инспекциски надзор во 2025 година.

    Адвокатот Зоран Волчанов, бранител на Блашка Евтимова (пензиониран инспектор), нагласи дека неговиот клиент е обвинет за дејствие од 2012 година за кое постои апсолутна застареност. Обвинетата Евтимова, која работи во Виница, изјави дека кога вршела контрола во 2012 година, објектот ги исполнувал условите, а потоа не добила налог да постапува во друг правен субјект.

    Адвокатот Благој Димковски, бранител на Весна Кузмановска, нагласи дека неговата клиентка работела совесно и одговорно три децении, а доколку постоела грешка, таа е „грешка на систем, на недоречени процедури, оптовареност и организациски слабости, но не и грешка на едно лице“.

    Димковски, исто како и Шехтански, праша: „Почитуваниот обвинител само не посочи за одговорност кај своите, кај обвинителите… Па нели е обвинителството еден од столбовите на овој систем, па ако е силно и квалитетно обвинителството можеби толку маани на системот и нема да му наоѓаме?“

    Адвокатот Марјан Михов, бранител на Емил Митев, оцени дека обвинението е правно погрешно и фактички неосновано проширување на кривично-правната одговорност.

    Михов ја оспори можноста да се утврди умисла за грозоморните последици кај пазарен инспектор кој постапувал пред 5, 10 или 15 години. Тој исто така посочи дека Обвинителството го игнорирало вонредниот режим на работа за време на КОВИД-19 (март 2020 – октомври 2021), период кога владините одлуки забранувале работа на клубовите и било невозможно да се вршат контроли.

    Обвинителството, застапувано од тим од 15 јавни обвинители, претходно најави дека доказите ќе покажат оти клубот „Пулс“ бил смртоносна стапица уште од самиот почеток.

    Прочитај повеќе

    Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор

    22.10.2026 во 23:43

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.