- Вучиќ: Јас сум виновен, нека ме гонат мене
- Голема редица пред експозитурата на Алта Банка во Битола: Граѓани чекаат за повлекување пари
- Приведени 13 луѓе: Полицијата им пронајде марихуана, таблети и прашкасти материи
- Тетово: Тинејџер нападнат во школо, друг следен со моторцикл по фудбалски тренинг
- Алта Банка АД Битола: Ликвидни сме и продолжуваме со редовно и непречено работење
- Не излегувајте без чадор: Облачно со локални врнежи од дожд
- Утре втор круг во Брвеница: Денеска гласаат болните и изнемоштените
- СДСМ: Алта банка падна, балканскиот картел се руши, ОЈО веднаш да поведе постапки против Мицкоски и Славески
Author: Author 04
Од денеска, 15 декември 2025 година, започнува процесот на годишна заверка на билетите за бесплатен јавен превоз за возрасните лица во Скопје, информира Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП). Обврската за заверка се однесува на сите корисници кои спаѓаат во старосната група: жени над 62 години и мажи над 64 години. Клучни информации за корисниците: АктивностДеталиЗаверкаМоже да се изврши во кој било центар за персонализација на ЈСП.УсловЗадолжително лично присуство на корисникот.ДокументацијаПотребна е лична карта за идентификација.Краен рок31 јануари 2026 година. ЈСП предупредува дека билетите кои нема да бидат навремено заверени до крајот на јануари, ќе бидат автоматски блокирани и нема да важат…
Вистинска драма се одвиваше денеска на аеродромот во Стразбур, откако патниците на авион на авиокомпанијата ТАРОМ беа принудени да останат затворени во леталото цели 40 минути. Меѓу патниците имало и неколкумина членови на Европскиот парламент. Авионот, кој пристигна од Букурешт, слета помеѓу 10 и 11 часот по локално време. Веднаш по пристигнувањето, на патниците им било соопштено дека од строги безбедносни причини нема да им биде дозволено да се симнат. Напнатоста кулминираше кога дел од аеродромскиот терминал беше целосно блокиран, откако безбедносните служби открија неидентификуван куфер во близина на пистата. Службите спроведоа детален преглед на сомнителниот багаж во текот на…
Советот на ЕУ донесе одлука за проширување на рестриктивните мерки, таргетирајќи пет поединци и четири компании кои се одговорни за поддршка на руската „флота во сенка“ – бродови што илегално транспортираат руска нафта и нафтени деривати. Петте санкционирани поединци се бизнисмени кои се индиректно или директно поврзани со руските нафтени гиганти „Росњефт“ и „Лукоил“. ЕУ смета дека тие контролираат танкери кои го прикриваат вистинското потекло на руската нафта, кршејќи ги рестриктивните мерки и овозможувајќи ѝ на руската Влада дополнителни приходи за финансирање на војната во Украина. Четирите правни субјекти кои се додадени на листата имаат седишта во Обединетите Арапски Емирати,…
Инвестициите во дигитализација, декарбонизација и зајакнување на производственото портфолио базирано на зелени решенија, остануваат стратешка определба на ТИТАН Усје во 2026 година. Новите зелени еко цементи со намалено учество на клинкер, ги следат најновите светски трендови во индустријата и значително придонесуваат за поголема декарбонизација, што е една од клучните определби на компанијата. Како резултат на конкурентноста на зелени еко цементи и очекуваното зголемување на обемот на инфраструктурни проекти, во 2026 година компанијата очекува раст на продажба од над 4%. И покрај тоа што најголемиот дел од производите се пласираат на домашниот пазар, се очекува и зајакнување на извозните активности на…
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против С.С., во својство на директор на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ – ПО Делчево, и против М.К., во својство на раководител на сектор во ЈКП „Брегалница“ – ПО Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ од член 353-в став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. Првопријавениот С.С., во својство на директор на ЈКП „Брегалница“ – ПО Делчево, во периодот од 2019 до 2023 година, со пропуштање на должниот надзор, постапил несовесно во вршењето на…
Министерството за внатрешни работи денес официјално го одбележа завршувањето на проектот „Градење на хибриден образовен систем во Министерството за внатрешни работи на Македонија“, со кој се поставуваат темелите на современ, одржлив и технолошки напреден систем за полициска обука. Проектот, реализиран во партнерство со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и со финансиска поддршка од Сојузна Република Германија, Кралството Норвешка и дополнителни придонеси од Финска, во изминатите години овозможи суштинска трансформација на начинот на стручно усовршување и професионален развој во рамки на Министерството. Во рамки на проектот беше воспоставен модерен хибриден модел на образование кој комбинира дигитални алатки, современи дидактички методи и…
Полициски службеници од Одделението за увиди на сообраќајни незгоди при СВР Скопје го пронајдоа и лишија од слобода Д.С. (67) од Скопје, кој на 11.12.2025 во 14:45 часот на кружен тек од ул.„Борис Сарафов“, ул.„Лука Геров“, ул.„Македонски војски“ и бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, со патничко возило „мерцедес“ удрил во полицискиот службеник Х.М.(34), кој извршувал службени дејства, по што со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата Х.М. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, а по преземени мерки, возачот Д.С. е пронајден и по насоки на јавен обвинител, против него ќе биде поднесена кривична…
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,09% во однос на одлуката од 12.12.2025 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,248 ден/кг и сега ќе изнесува 32,635 ден/кг. Од 16.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените…
Вчера во 05:40 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Столарска“ во Битола, патничко возило „хјундаи” со битолски регистарски ознаки, управувано од 21-годишната И.А. од Битола, удрило во пешакот Ј.Н.(57). Во несреќата Ј.Н. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола, стои во денешниот полициски билтен. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.
Апелациониот суд Скопје ја преиначи првостепената пресуда и ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години. Јованов беше првостепено осуден на 12 години затвор за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Апелациониот суд ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, додека жалбата на обвинетиот В.Ј. ја одби како неоснована. Одлуката е донесена по јавна седница на 06.10.2025 година, а пресудата е донесена на 27.10.2025 година. „Пресудата на Основниот кривичен суд Скопје ја преиначи во делот на кривичната санкција, на начин што обвинетиот В.Ј. од С. кој со првостепената пресуда е огласен виновен за…
