Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Зголемена казната за Васил Јованов: Апелациониот суд му пресуди 13 години затвор за смртта на Фросина Кулакова

    Зголемена казната за Васил Јованов: Апелациониот суд му пресуди 13 години затвор за смртта на Фросина Кулакова

    15.12.2025 во 13:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Апелациониот суд Скопје ја преиначи првостепената пресуда и ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години. Јованов беше првостепено осуден на 12 години затвор за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

    Апелациониот суд ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, додека жалбата на обвинетиот В.Ј. ја одби како неоснована. Одлуката е донесена по јавна седница на 06.10.2025 година, а пресудата е донесена на 27.10.2025 година.

    „Пресудата на Основниот кривичен суд Скопје ја преиначи во делот на кривичната санкција, на начин што обвинетиот В.Ј. од С. кој со првостепената пресуда е огласен виновен за кривично дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став2 в.в со член 297 став 1 од Кривичниот законик, се осудува на казна затвор во траење од 13-тринаесет години“, стои во соопштението од Апелационен суд Скопје.

    Во останатиот дел, првостепената пресуда е потврдена, вклучувајќи ја и забраната за управување возило од пет години и паричната казна.

    Несреќата се случи во јануари годинава на булевар „Партизански одреди“ во Скопје, кога Јованов удри во Фросина Кулакова (22), која почина на лице место.

    Според обвинението, Јованов во моментот на несреќата:

    • Возел со брзина од 91 км/ч.
    • Не поседувал возачка дозвола.
    • Бил под дејство на алкохол.
    • Поминал на црвено светло на пешачки премин, додека Кулакова поминувала на зелено.

    Првостепено, судот зел предвид признание на вина, каење и претходна осуда за недозволена трговија со дрога при одмерување на казната. За ова кривично дело е предвидена максимална казна до 20 години затвор.

    Паралелно, во Основниот кривичен суд Скопје се води судски процес и против таткото на Васил Јованов, Зоран Јованов, за кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства“. Обвинителството го товари таткото дека во периодот од ноември 2022 до јануари 2025 година му дозволувал на синот да управува автомобил без возачка дозвола, иако знаел дека е повеќекратен сторител на сообраќајни прекршоци.

    Прочитај повеќе

    Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор

    22.10.2026 во 23:43

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.