Author: Author 04

Лишени од слобода осум возачи во Тетово, Гостивар, струшко, кичевско и во Прилеп затоа што управувале возила со брзина многу поголема од дозволената На 28.12.2025 во 11:20 часот на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.И.(23) од Тетово. При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 103 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 50 километри на час. На 28.12.2025 во 11:50 часот на регионалниот пат с.Желино-с.Јегуновце -с.Сиричино во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода И.Р.(41)…

Повеќе

Грчкиот граничен премин Ники, кој е поврзан со македонскиот премин Меџитлија, денеска е затворен за сообраќај за сите товарни моторни возила, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Според добиените информации, прекинот на сообраќајот за камионите е со временско ограничување. Затворањето започна во 10:00 часот и ќе трае до 16:00 часот. На возачите на товарни возила им се препорачува да го прилагодат своето движење или да ги користат алтернативните гранични премини кон Грција во овој временски период.

Повеќе

Денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ започна со сериозна опомена од судот. Судијката Дијана Груевска Илиевска информираше дека во келијата на првообвинетиот Дејан Јованов, кој се наоѓа во притвор во затворот во Куманово, бил пронајден мобилен телефон „Нокиа“ со СИМ картичка. Судијката упати остар укор до сопственикот на дискотеката, предупредувајќи го на последиците доколку ваквиот прекршок се повтори. „Не знам кој ви ги носи, не знам, но сега ќе дадам опомена. Да не се повтори. Следниот пат ќе забранам посети“, го укори судијката Груевска Илиевска првообвинетиот Јованов. Инаку, на денешното рочиште, кое доцнеше поради отсуство на еден од адвокатите,…

Повеќе

Наставниците во основното и средното образование од март следната година ќе добијат зголемување на платите, најави министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Според нејзините најави, покачувањето ќе се движи меѓу 7,5 и 10 проценти, во зависност од финалните пресметки. Министерката истакна дека ова е клучна мерка за мотивација на просветните работници, дополнително засилена со кариерното натпреварување. „Тоа што досега не е успеано да се направи, ние го направивме. Горда сум на успехот кој го постигнавме, што беше и нотирано во извештајот на Европската комисија“, изјави Јаневска на денешниот брифинг. Покрај платите, министерката информираше и за новините кај државната матура.…

Повеќе

Израелското Министерство за одбрана соопшти дека вчера на армијата и е испорачан првиот оперативен систем за ласерско пресретнување ракети со голема моќност. Системот, наречен „Железен зрак“ (Iron Beam), е развиен од компанијата „Рафаел Адвансд Дифенс Системс“ и претставува револуција во воената технологија. Овој ласерски штит успешно помина низа тестирања во кои пресретнуваше ракети, минофрлачки гранати и беспилотни летала. Тој ќе биде интегриран во постоечката повеќеслојна одбрана на Израел, заедно со веќе докажаните системи „Iron Dome“, „David’s Sling“ и „Arrow“. Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, го оцени овој настан како историски за светската безбедност. „Ова е прв пат во светот…

Повеќе

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје го објави неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, според кој сите испитани примероци одговараат на пропишаните стандарди. Анализите се спроведени од Секторот за санитарна контрола во периодот од 22 до 26 декември 2025 година. За потребите на контролата, земени се 185 примероци за физичко-хемиска и исто толку за микробиолошка анализа од 41 мерно место во градот. „Секторот за санитарна контрола во периодот од 22.12.2025 до 26.12.2025 зема 185 примероци за физичко-хемиска и 185 примероци за микро-биолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје“, се…

Повеќе

Светските пазари на нафта ја завршуваат годината со значителни загуби, при што цените на „црното злато“ паднаа за околу 20 проценти од почетокот на јануари. Минатата недела, во услови на намалена празнична ликвидност, цената на барелот на лондонскиот пазар се задржа на 60,64 долари, додека на американскиот пазар изнесуваше 56,74 долари. Аналитичарите посочуваат дека главниот притисок доаѓа од стравот за прекумерна понуда во 2026 година, кога Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) предвидува вишок од речиси четири милиони барели дневно. Иако геополитичките тензии, како блокадите на венецуелската нафта, повремено ги поддржуваат цените, сепак доминира негативниот тренд. „Премијата за геополитички тензии обезбеди…

Повеќе

По состанокот во Мар-а-Лаго, американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски објавија значаен напредок во разговорите за завршување на конфликтот во Украина. Иако средбата беше опишана како „одлична“, Трамп предупреди дека остануваат неколку незгодни прашања, пред сè статусoт на окупираните територии. Зеленски информираше дека е постигнат договор за околу 90% од мировниот план од 20 точки, додека Трамп нагласи дека безбедносните гаранции за Украина се речиси 95% дефинирани. Сепак, американскиот лидер не вети директно распоредување на трупи за заштита од идни напади. Главниот камен на сопнување останува регионот Донбас. Предлогот оваа територија да стане демилитаризирана зона сè уште…

Повеќе

Од 1 до 28 декември, како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 18.318 издадени платни налози, 4.019 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, информираат утрово од Министерството за внатрешни работи. -Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 123 лица, од кои 100 за возење под дејство на алкохол, 13 за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, седум за возење со брзина поголема од дозволената надвор од…

Повеќе

Новогодишната ноќ во Македонија ќе помине во знак на ведро, но многу студено време, најавува метеорологот Славчо Попоски во својата најнова анализа. Според неговите предвидувања, територијата на земјата ќе биде под влијание на многу ладна и сува воздушна маса од север, што ќе услови температури под нулата во целата држава. Попоски истакнува дека врнежи од снег не се очекуваат, но граѓаните треба да се подготват за ниски температури кои ќе се движат од -10 до -3 степени. На повисоките места и на планините, термометарот може да се спушти и под -10 степени. Во Скопје и околината за време на најлудата…

Повеќе