- „Студентски отпор“ го прифаќа владиниот предлог за студентски оброк, но имаат два услови
- Со студентски оброк преку „М-услуги“ студентите ќе добијат 4.500 денари месечно
- До 13 часот 27,81% излегле на гласање, далеку повеќе од првиот круг
- До 11 часот гласале 13,82% од избирачите во Брвеница
- Полицијата упадна во локал во Карпош: Приведени осум малолетници, еден завршил на Токсикологија
- Марихуана на улица, кафеава прашкаста материја во затворот: Што сѐ пронајде полицијата за еден ден?
- Вработените добила плата однапред, но и забелешка парите да ги стават на друга сметка – Како Алта Банка е ликвидирана преку ноќ?
- На Шапка измерена нула, најмногу дожд во Струмица
Author: Author 04
Српскиот претседател Александар Вучиќ, за време на денешната обиколка на работите на Дунавскиот коридор кај Голупац, најави дека Србија влегува во период на забрзан економски развој. Тој истакна дека 2025 година била предизвикувачка, но дека веќе од следната година очекува земјата да биде меѓу најуспешните во Европа. „Очекувам стапка на раст од повеќе од три проценти од следната година. Србија ќе биде една од најдобрите земји во Европа“, порача Вучиќ, нагласувајќи дека државата мора да ги заврши сите капитални проекти за да го промени својот лик. Во делот на инфраструктурата, претседателот откри амбициозни планови за железницата. На делницата низ Грделица…
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (28.12.2025) во 18:20 часот во СВР Скопје, Т.Л.(19) од Скопје пријавил дека околу 02:30 часот пред угостителски објект во Градскиот парк во Скопје бил физички нападнат од едно лице кое работело како обезбедување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.С. (26), Б.С. (33) и И.С.(63), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста” и „спречување службено лице во вршење службено дејствие”.На 26.10.2025, првопријавениот физички ги нападнал неговите малолетни деца и неговата сопруга, а потоа при негово приведување физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија. Додека, второ и третопријавениот ги спречувале полициските службеници при вршење службените дејствија.
Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски денеска ја посетија Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, каде е извршено реновирање на повеќе простории кои секојдневно ги користат илјадници пациентки. Вкупната инвестиција изнесува над 34 милиони денари. – Гинеколошко-акушерската клиника е место каде што започнуваат нови животи, каде што се носат најтешки одлуки и каде што довербата во здравствениот систем мора да биде апсолутна. Затоа секоја инвестиција тука има посебна тежина и посебна одговорност. Од вкупната површина на клиниката, реновирани се 2 илјади квадратни метри, односно целото приземје кое го опфаќа влезниот хол, поликлиничкиот дел…
Вчера во 20:18 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, кај с.Тополчани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(39) од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(57) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.С., додека со телесни повреди се здобиле возачот Д.М. и неговите сопатници Н.У.(24), М.Ѓ.(38), Б.Б.(38) и уште еден малолетен сопатник, сите од Охрид, констатирани во Општата болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
Вчера во 03:00 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода Б.Ј.(34) од Виница. Во 02:33 часот на ул.„Маршал Тито“ во Виница, тој со патничко возило „пежо 508“ со винички регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во 35-годишната В.Х. од с.Јакимово, виничко, која се здобила со телесни повреди, констатирани во Општа болница Кочани. За настанот е известен јавен обвинител, а увид бил извршен од увидна екипа од ОВР Виница. Подоцна, во 05:30 часот, додека бил во полициска станица, Б.Ј. пријавил дека во 02:30 часoт пред угостителски објект на истата улица бил физички нападнат од Д.И. од…
Вчера во 21:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Т.(23), А.И.(25) и П.З.(21) од една страна и С.П.(37) и Д.П.(32) од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,23% во однос на одлуката од 22.12.2025 година.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,042 ден/кг и сега ќе изнесува 33,649 ден/кг.Од 30.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска го репотврди ставот на Владата дека е подготвена за зголемување на минималната плата, но само како резултат на инклузивен социјален дијалог меѓу работниците и работодавачите. По посетата на ГАК, тој истакна дека државата, како работодавач на 100.000 луѓе, би имала корист од таквиот потег преку поголеми приходи во буџетот. Мицкоски се повика на податоците од Евростат, нагласувајќи дека Македонија има најниска потрошувачка кошница во Европа во споредба со европскиот просек. „Ако европскиот просек е 100, потрошувачката кошница кај нас е на ниво под 75. Според Евростат, куповната моќ на нашата минимална плата е во пораст и…
Во текот на денешната посета на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања се осврна и на последните статистички податоци за сиромаштијата во земјата. „Што се однесува до стапката на сиромаштија, сакам да кажам дека во 2024 е подобра од 2023 и е најдобра од 2020 па наваму. Ако во 2020 стапката на сиромаштија била 23%, во 2023 година била 22,2%, во 2024 година таа е 21,9%. Кога станува збор за нееднаквоста на доходите односно т.н. Џини индекс во Македонија, е исто така најдобар во последните 4 години во 2024…
