- Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
- Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
- Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
- Земјотрес ја погоди Србија
- Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
- Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
- Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
- Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
Author: Author 04
Најмалку 16 лица го загубија животот во голем пожар што синоќа избувна во дом за стари лица во градот Манадо, во индонезиската провинција Северен Сулавеси. Според информациите од локалната полиција, пожарот настанал додека станарите спиеле во приземниот објект. Полициските власти потврдија дека 15 лица настрадале во огнената стихија, додека телото на уште една жртва било пронајдено незафатено од огнот. Во спасувачката акција, која траела повеќе од два часа, на пожарникарите им помагале и соседите, успевајќи да извлечат дел од корисниците на домот. Вкупно 15 преживеани лица се хоспитализирани во две болници во Манадо. Иако првичните претпоставки беа дека дефект на…
Колаборантите од ЗНАМ го потврдија скандалот што го објави АКТ: тендер од 1,2 милиони евра добила фирма на нивни советник од општина Кисела Вода. Ама реакциите за скандалот се како оние на ВМРО: Фактите се тие, советникот кој зема 1,2 милиони евра е наш ама „се оградуваме од инволвираност“, се наведува во соопштението на СДСМ. „Томовски велеше „бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, сè е мое, ама немам никаква врска со фирмата“. Фатени живи овие од ЗНАМ уште малку ќе кажат дека не го знаеле нивниот Советник и носител на листа во Кисела Вода. Нема…
По сведоштвото на поранешниот соработник на Зоран Заев, Тома Аврамски дека поранешниот премиер гради 42-катница во Дубаи истото го потврдија и Венко Филипче и СДС, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „И СДС и Филипче потврдија дека Заев гради зграда во Дубаи, од каде и двајцата имаат златни визи, но велат дека Филипче не е партнер во овој милионски градежен зафат. Она што се јавува како дилема, и на што Филипче сè уште не дава одговори, е како и по кој основ ја стекнал златната виза за Дубаи? Некое време тврдеше дека со златната виза се стекнал поради преговори за…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе ја посети Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Поводот за посетата е финализирањето на процесот за реконструкција на капацитетите и набавката на најсовремена медицинска опрема за потребите на оваа клиника. Како што информираат од владината прес-служба, по завршувањето на увидот во реконструираните делови, предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите. Со овој проект се очекува значително подобрување на условите за лекување и грижа за пациентките, како и посовремени услови за работа на медицинскиот персонал.
ОвенДенот ви носи поддршка од некој близок, пријател или колега. Може да добиете совет, услуга или поттик што ја менува вашата перспектива. Венера во Јарец ве води кон практични решенија, а Месечината во Бик ви дава чувство на стабилност. Подоцна, ќе почувствувате потреба да се грижите за финансии или лична сигурност. Денес се градат цврсти основи. БикОвој ден е совршен за вас. Хармонијата меѓу Месечината и Венера ве прави магнетски топли, прифатливи и отворени. Може да добиете поддршка од партнер, колега или семејство, а и самите ќе сакате да помогнете. Кога Месечината целосно ќе влезе во вашиот знак, енергијата се…
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати. Моменталните максимални цени на нафтените деривати изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 70,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 72,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 63,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 32,607 (денари/килограм)
Во судницата во затворот „Идризово“, денеска продолжува судскиот процес за катастрофалниот пожар во кочаниската дискотека „Пулс“. На денешното рочиште е предвидено да сведочат законските застапници на оштетените во случајот, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште, сопственик на соседен авто-лимарски сервис сведочеше за реновирањето на објектот и за случувањата ноќта на пожарот. Одбраната на еден од обвинетите, Александар Нацев, тврди дека тој не бил реален сопственик на фирмата „Рубикон“, ниту одговорно лице. Обвинителот Борче Јанев во воведните зборови истакна дека овој процес е чекор кон утврдување на личната и институционалната одговорност. „Не…
Поради планирани технички зафати во електросистемот, неколку населени места во општините Илинден и Карпош денеска ќе се соочат со прекин во снабдувањето со струја. Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, во општина Илинден без струја ќе бидат: Прекин е најавен и за општина Карпош, каде во периодот од 11:00 до 11:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на улицата Љубљанска.
Утрово во земјава преовладува ведро и многу студено време, со температури кои во поголемиот дел од градовите се спуштија под нулата. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најниска температура од -8 степени е измерена во Крушево. Веднаш зад Крушево, со измерени -7 степени се Битола, Прилеп, Маврови Анови и Крива Паланка. Во Тетово, Пожаране и Берово термометарот покажа -6 степени, додека во Претор, Охрид и на Попова Шапка се измерени -5 степени. Во Скопје, на мерната станица Петровец се измерени -3 степени, додека кај Зајчев Рид температурата изнесувала -2 степени. Најтопло утрово е во Гевгелија со измерени 3…
Американската актерка Имани Диа Смит, која како дете глумеше во бродвејската претстава „Кралот лав“, беше избодена до смрт за време на викендот, соопштија властите на Њу Џерси. Полициските службеници од Едисон беа повикани во недела наутро поради пријава за избодување и ја пронајдоа 26-годишната Имани Диа Смит со убодни рани, соопшти денес канцеларијата на окружниот обвинител на округот Мидлсекс. Таа беше итно префрлена во Универзитетската болница Роберт Вуд Џонсон каде што беше прогласена за мртва. Полицијата го уапси Џордан Д. Џексон-Смол, 35, од Едисон, кој беше во претходна врска со Смит и имаше заедничко дете, соопшти канцеларијата на окружниот обвинител…
