Author: Author 03

ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираше на изјавите на поранешниот министер за здравство и претседател на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го за, како што велат, „лажна загриженост“ за здравјето на граѓаните, и повикаа тој конечно да преземе одговорност за катастрофите кои се случиле во неговиот мандат. „Филипче наместо да глуми лажна загриженост, треба да излезе пред граѓаните и да се извини за здравствениот систем во хаос, за жртвите во ковид-кризата, за недостигот на опрема и за трагедијата во модуларната болница во Тетово“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од опозициската партија го обвинија Филипче дека како министер не успеал да обезбеди ни основни…

Повеќе

Портпаролот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Арбер Адеми, денеска изрази длабока загриженост поради, како што посочи, очигледниот застој на евроинтегративниот процес на Северна Македонија, за што ја обвини актуелната влада. ДУИ укажа дека додека земји од регионот, како Црна Гора и Албанија, бележат напредок во преговорите со Европската Унија, Северна Македонија останува единствената земја која сè уште нема отворено ниту едно преговарачко поглавје. „И покрај долгогодишните напори и спроведени реформи, нашата земја останува заглавена. Ова е резултат на блокирачки политики, политичка неспособност и отсуство на искрена волја кај владата“, изјави Адеми. ДУИ потсети дека партијата ВРЕДИ – коалициски партнер…

Повеќе

Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го потвди кредитниот рејтинг на РС Македонија на нивото „BB+“ со стабилен изглед. Оваа оценка е потврда за стабилноста на економските политики и сигнал за доверба во макроекономските перспективи на земјата. Во својот извештај, „Фич“ нагласува дека кредибилните и доследни макроекономски политики, долгогодишната политика на фиксен девизен курс и подобрите показатели за управување во однос на земјите со слична оценка остануваат клучни фактори што ја поддржуваат стабилноста. Во првата половина од 2025 година, реалниот БДП порасна за 3,2%, поддржан од силна приватна потрошувачка и зголемен извоз. Економските изгледи за следниот период се позитивни. „Фич“ очекува економијата да оствари раст од 3,2% за целата 2025 година…

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека кинескиот претседател Си Џинпинг дал зелено светло за продажба на ТикТок на американски купувачи. „Волстрит џурнал“ објави за наводна надомест од повеќе милијарди долари што купувачите на компанијата ќе ја платат на Министерството за финансии на САД. „Кинескиот претседател го одобри договорот за ТикТок“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба, додавајќи дека „тоа може да биде формалност“ за подоцнежно потпишување на договорот. Договорот за ТикТок би можел да и донесе на американската влада надомест од повеќе милијарди долари, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата. Инвеститорите вклучени во договорот со…

Повеќе

Администрацијата на Трамп му соопшти на Конгресот дека планира да му продаде оружје во вредност од речиси шест милијарди долари на Израел, што е нов знак на поддршка за сојузникот на Вашингтон кој се соочува со зголемена изолација поради војната во Газа. Договорот вклучува продажба на 30 хеликоптери AH-64 Apache во вредност од 3,8 милијарди долари, што е речиси двојно зголемување на сегашните залихи на Израел, и втора продажба на 3.200 оклопни возила за пешадијата на израелската армија за 1,9 милијарди долари, изјави американски функционер и друго лице запознаено со предлогот. Оружјето нема да биде испорачано две до три години…

Повеќе

Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 07:01 часот на островот Крит во Грција, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC). Според извештајот на EMSC, земјотресот е регистриран 58 километри јужно од градот Ретимно со епицентар на длабочина од 33 километри. Засега нема извештаи за материјална штета или повредени.

Повеќе

Естонија вчера објави дека три руски борбени авиони МиГ-31 влегле во естонскиот воздушен простор без дозвола и останале таму вкупно 12 минути. – Русија го наруши естонскиот воздушен простор четири пати оваа година, што само по себе е неприфатливо, но најновото нарушување, при што три борбени авиони влегоа во нашиот воздушен простор, е без преседан дрско, изјави министерот за надворешни работи Маргус Цахкна. Естонската војска објасни дека руските борбени авиони биле пресретнати од италијански авиони Ф-35 со седиште во Емарија, Естонија, како дел од мисијата за воздушен надзор над Балтичкото Море. – Естонија официјално побара консултации според Член 4 на…

Повеќе

Русија започна голем напад со ракети и дронови врз украинските градови преку ноќ, при што загина најмалку едно лице, а ранети се 13 други. Експлозии се слушнаа во градовите Павлоград и Николаев околу 4:40 часот наутро по локално време, соопштија локалните власти. Дополнителни експлозии подоцна одекнаа во регионот Днепар кратко по 6 часот наутро. Гувернерот на областа Днепропетровск, Сергеј Лисак, објави дека едно лице е убиено, а 13 други се повредени во нападот врз регионот. Во Днепропетровск, неколку облакодери, куќи и гаражи беа оштетени во нападот. Пожари беа пријавени и во Павлоград и Никопол. Во регионот Киев, регионалната воена администрација…

Повеќе

Во поткастот „Радар“ гостуваше Даме Димитриевски, носител на советничка листа на град Скопје. Димитриевски објасни дека е формирана работна група за намалување на ризиците за палење на шумите, со цел раната детекција и соодветна реакција. „Се формираше голема работна група поврзана со намалување на ризиците за палање на шумите, и утврдија во таа група, дека има можност да се унапреди овој систем, прво во раната детекција и се поставија неколку такви системи за рана детекција, се ангажираа луѓето коишто се задолжени да носат средства или да побаруваат средства од странски фондации за да се подобри овој систем, се работи интензивно…

Повеќе

„Владата на ВМРО ДПМНЕ лажеше дека воздухот во Трубарево не е загаден, задоцни со реакција и не презеде никакви итни мерки за заштита на граѓаните, вклучително и евакуација,“ изјави денеска претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. Тој потенцираше дека токму поради овие лаги и пропусти, власта е директно одговорна за труењето на луѓето во Трубарево и околните населени места. „Со тие лаги е директно одговорна за труењето на луѓето во Трубарево и околината. Официјалните податоци, кои беа објавени дури шест дена по пожарот, покажуваат алармантни бројки: 12 пати над дозволеното ниво на кадмиум во воздухот (59,1 ng/m³ наспроти дозволени 5), покачени вредности…

Повеќе