- Кадровско освежување во општинските комитети – избрани над 30 нови претседатели на ОК на ВМРО-ДПМНЕ
- Цветков: Трипуновски направи хаос во земјоделството- ниту една реформа, само купови криминални скандали
- Петрушевски до Петровска: Единствено што направивте за земјоделието е бизнисот со марихуана кој го добиваа луѓе од вашата партија
- Скопската вода е безбедна за пиење
- Татко од Велес подолг период ги малтретирал и тепал неговите ќерки
- Петкоска до Тренчевска: Го оставивте земјоделството во хаос, а министерот Трипуновски ви боде очи затоа што е нон стоп на терен помеѓу луѓето
- Стојаноска до Тренчевска: Да имавте вие министер за земјоделие како што е Трипуновски сега немаше да седите во опозициските клупи и да молчите криејќи се од правдата
- Апасиев до Трипуновски: Вие сте министер на шумската и кванташката мафија
Author: Author 03
Изборната комисија на Град Скопје за МИА информира дека досега се поднесени вкупно 17 кандидатури за градоначалник, од кои осум се потврдени, осум непотврдени, а една е одбиена поради ненавремено поднесување. Во однос на изборот за Совет на Градот, поднесени се вкупно 20 листи, од кои пет се потврдени, 14 се непотврдени, а една е одбиена поради ненавремено поднесување. Изборната комисија на Град Скопје достави известувања за отстранување на неправилности и недостатоци до сите политички партии, коалиции и групи избирачи. Како што се врши надминување на забелешките, непотврдените листи преминуваат во статус на потврдени. Дополнително, судовите имаат доставено податоци за…
Владината коалиција е едногласно на став дека нема потреба од предвремни избори, рече денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити. Како што истакна Меџити, ДУИ нема морално право да критикува и особено да зборува за евроинтеграцискиот процес, зашто кога беше на власт имаше шанса, но не направи ништо во тој правец. -Имаме пред нас скоро три години од мандатот со утврдена програма, проекти и ветувања пред граѓаните. Интензивно работиме на нивна реализација. Владината коалиција едногласно е на став дека нема потреба од предвремни избори зашто тие се непотребни трошоци за граѓаните. ДУИ имаше шанси последните осум години…
Дванаесетгодишно девојче три месеци било физички напаѓано и психичко малтретирано, а тоа било снимено со мобилен телефон. Како што се наведува во МВР-билтенот, случајот вчера во СВР Штип го пријавила С.Д.(25), сестра на девојчето. Според пријавата, девојчето било малтретирано од 13-годишна малолетничка. – Во полициска станица во присуство на нивните родители бил извршен службен разговор со малолетничката која ја напаѓала сестрата на пријавителката и со уште еден малолетник и по целосно расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, најавува МВР.
олем пожар избувна попладнево на отворен простор над скопското село Батинци. Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, огнот зафати ниска трева, грмушки и мешана шума, а поради силниот ветер пожарот брзо се шири. На терен се екипи на Бригадата за противпожарната на Скопје (БППЗ), а во гаснењето ќе се приклучат и два пинцгауери на Дирекцијата за заштита и спасување, хеликоптер на МВР, како и два ер трактори на ДЗС кои ќе полетаат нешто подоцна. На лице место е и директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али. Според првичните информации се работи за…
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку инспиративно обраќање ја даде својата поддршка за кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, потенцирајќи дека на главниот град му е потребен лидер со карактер, визија и резултати, а не само политичка титула. Мицкоски остро се осврна на моменталната состојба во градот, велејќи дека Скопје денес е „заглавено во дневната политика, нефункционалноста и хаосот“, каде што јавниот превоз е во колапс, институциите не функционираат, а граѓаните се оставени сами на себе. „Скопје мора да се поврзува, да се градат мостови, клучки и сообраќајници. Но исто така мораме да го вратиме и Скопје од нашите…
Се зборува за предвремени избори. Анкетите покажуваат дека ако тие се одржат, ВМРО-ДПМНЕ би имало сигурно над 62-63 пратеника, стабилно мнозинство со силна реформска агенда. Но, да не се лажеме, предвремени избори значат и изгубено драгоцено време. ДУИ ја експлоатира темата за да собира клиентелистички гласови, лежејќи ги своите гласачи дека ќе правеле коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Им порачувам, кај мене како претседател на Владата, а пред се како човек се важни принципите, а не комбинациите. Не интриги, не политикантство. Престанете да го лажете сопственото гласачко тело. Тоа е нечесно и некоректно кон луѓето кои со години ги манипулирате. Како владејачка…
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, со инспиративна порака до скопјани ја претстави својата визија за иднината на главниот град. Ѓорѓиевски порача дека Скопје заслужува повеќе и дека промените се можни – со работа, посветеност и визија. „Ова не е глас само за мене. Ова е глас за надежта, работата, решителноста. За иднината во која нашите деца ќе растат онака како што ние немавме шанса,“ рече Ѓорѓиевски. Тој нагласи дека не настапува со празни зборови, туку со конкретни резултати и реализирани проекти од Општина Кисела Вода, каде што како градоначалник се истакна со реконструкција на улици, уредување…
Партиијата Левица денеска остро реагираше на, како што тврди, „неовластен и незаконски упад“ во лични банкарски сметки на нејзини пратеници, за кој директно ја обвинува владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштението Левица вели дека се направен преседан со обелоденување на информации добиени без налог и без постоење на било какви индиции за сторено кривично дело. „Наместо да го истражуваат криминалот на Заев и Мијалков, ДПМНЕ го користи државниот апарат за политичка репресија врз свои противници. Овие информации може да се добијат само преку посебни истражни мерки, а во случајов тие се прибавени незаконски“, изјави Круме Богевски, портпарол на кампањата на Левица за…
Македонскиот легендарен фудбалер Бошко Ѓуровски (63) кој е трофеен играч и тренер на Црвена звезда, сега претседател на ветераните на клубот, падна во несвест додека држеше говор на комеморацијата за Дејан Миловановиќ во просториите на клубот. Миловановиќ, поранешен капитен на Звезда и член на српската репрезентација, почина пред четири дена на 42-годишна возраст како последица на срцев удар на фудбалскиот терен, откако му се слоши за време на натпреварот помеѓу ветераните на Звездара и ПКБ, на кој постигна гол. Ѓуровски се збогува со Миловановиќ со говор: – Тој беше и останува симбол на Црвена Ѕвезда, тој беше идол на неговите…
Скопје денес е загубен во дневната политика, а жртва се граѓаните. Лоцирање одговорност мора да има за упропастениот град и оставениот хаос. Многу работа, посветеност и вистински луѓе на вистински места, тоа му е неопходно на Скопје, а Орце е вистинскиот избор, рече денеска премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. На партискиот промотивен настан за скопски градоначалник, најави нов пристап и многу повеќе теренска работа, како и силни, компактни тимови кои ќе соработуваат на централно и локално ниво. -Тука сме за да работиме, а не да глумиме политика. Одговорноста пред граѓаните не е опција, туку обврска, порача Мицкоски. Пред…
