Author: Author 03

Кандидатката за градоначалник на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, оствари средби со сограѓаните, разговарајќи отворено за секојдневните предизвици, идеи и предлози што ги засегаат. „Со дел од тимот од советничката листа, остваривме пријатна средба со жители од Кисела Вода, во „Парк Македонија“ и „Стара Последна“ во Драчево.Поддршката што ја добивме е силен поттик да продолжиме уште поенергично!Заедно ги дефинираме приоритетите и ги поставуваме основите за поквалитетен живот во општината.Продолжуваме со работа, со целосна посветеност и фокус на реалните потреби на луѓето.Ова не е еднократна акција – ќе нѐ има постојано на улиците, парквоите, секаде каде што сме потребни“, објави…

Повеќе

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, на гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, ги повика сите засегнати, како и сите директори на АНБ, вклучително и сегашниот директор, да подлежат на полиграфско тестирање пред комисијата за надзор. Таа ја коментираше пракса на ДПМНЕ за наводното следење кога биле во опозиција и ја критикуваше нивната блокадата за декласификацијата на документите. „Зошто не дозволивте да се декласифицираат документите кои се наводно дел од следењето, каде што може да се прочита целата содржина? Може ли вака да се договориме: ако не сакате да ги декласифицираме документите , бидејќи на комисијата беше попречен надзорот,…

Повеќе

Да креираме современи политики и да градиме економија – конкурентна, одржлива и ориентирана кон идните генерации, порача заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски, во рамки на свечената академија по повод 65 годишниот јубилеј на економскиот факултет во Прилеп. -Да создадеме стручни и компетентни кадри, кои не само од амфитеатрите, ќе учат и од практиката за да ги унапредиме јавните финансии, и развиваат институции кои ќе работат транспарентно, отчетно и во вистински интерес на граѓаните, рече Јанкуловски пред професорите, студентите и гостите на одбележувањето. Јанкуловски најави дека владата ќе работи на зголемување на платите на наставниот и другиот кадар, на зголемување…

Повеќе

Неодамнешните настани со упадот на руски дронови во воздушните простори на Романија и на Полска уште еднаш ја нагласија потребата Европската Унија да преземе мерки за да се заштити себеси, кои вклучуваат и создавање „ѕид од дронови“, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за одбрана Тома Рение. – Тој ќе служи за заштита од потенцијални напади со дронови на нашите земји од „првата линија“ и на Украина. Работата на создавањето на „ѕидот од дронови“ е во тек, рече Рение. Тој додаде дека за ова прашање еврокомесарот за одбрана и Вселената, Андриус Кубилиус веќе разговарал со земјите од „првата линија“, односно…

Повеќе

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски информира дека во сите училници на Основното општинско училиште „Крум Тошев“ – Трубарево се поставени прочистувачи на воздух, во духот на заедничка одговорност и грижа за иднината на најмладите. Оваа значајна иницијатива беше овозможена со донација од општествено одговорните компании Иуте и Екотип, кои со својот пример покажаа дека вистинската поддршка на заедницата значи вложување во здравјето, образованието и благосостојбата на децата. Опремата која е донирана во училиштето е од врвен германски производител, со hp14 филтер кој е единствен од таков тип на пазарот и како медицински филтер ги исполнува стандардите за чистота…

Повеќе

Во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. Тој истакна дека европскиот процес е еден од врвните приоритети на Владата и додаде дека истото се докажува со денешниот брифинг, каде се презентирало до каде сме и она коешто планираме да го преземеме во иднина. Петрушевски нагласи дека претходната влада на СДС и ДУИ го закочила овој процес со прифаќање на апсурден француски предлог. „Претходната влада на СДСМ ДУИ го закочија овој процес прифаќајќи еден апсурден француски предлог којшто ни ги закочи преговорите“, дециден е Петрушевски. Пратеникот Петрушевски укажа дека Владата предводена од…

Повеќе

За време на одржувањето на големиот православен празник „Рождество на Пресвета Богородица“ – „Мала Богородица“ кој на 20 и 21.09.2025 година се празнува во манастирот во струшкото село Калишта, ОВР Струга, ќе спроведе посебен сообраќаен режим. Утре (20.09.2025) од 18 часот се до завршување на предвидените верски церемонии, сообраќајот за влез кон манастирот ќе се одвива преку магистралниот пат А-2 Струга-Ќафасан со исклучување кај селото Франгово по локалниот пат до хотел „Изгрев“ односно до манастирот а за излез од манастирот према Струга, сообраќајот ќе се одвива по регионалниот пат Р-1208, Радожда-Струга преку селото Калишта. Истиот режим на сообраќај ќе биде…

Повеќе

Во денешната емисија „За или против“ на Алфа телевизија, гостуваше актуелниот градоначалник и кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски кој ги истакна сите проекти кои се реализирано во општината и на кои тој е особено горд, наведувајќи ги проектите во инфраструктурата, доградбата на училишта, зголемувањето на капацитетите во детските градинки, воведувањето на едносменска настава, како и вложувањата во спортската инфраструктура. „Направивме сериозни исчекори во сите области, делот на инфраструктурата, се радувам на доградбите на училиштата коишто ги завршивме на Основното училиште „Тихомир Милошевски“ и на подрачното училиште во Хром, зголемувањето на капацитетите на детските градинки, на новата…

Повеќе

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, придружен од претседателот на Собранието, Африм Гаши и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денес ја посетија населбата Хасанбег, каде одблиску ги следеа градежните активности за изградба на каналот за атмосферски води кој поминува низ оваа населба. Меџити за време на посетата изјави дека Хасанбег со години чекал реализација на овој проект, кој бил ветуван и преветуван од претходните влади, но никогаш не бил реализиран. „Оваа населба скапо ја плати оставеноста во заборав на овој канал, плати со човечки животи за несериозноста на ДУИ и…

Повеќе

Во рамки на работната посета на Вашингтон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба во Стејт департментот со помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Андрју Стоу. На средбата се разговараше за постигнувањата во изминатите 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави, стратешкото партнерство, политичката и секторската соработка, како и потенцијалот за нивно понатамошно продлабочување. Соговорниците заеднички ги потврдија одличните билатерални и пријателски односи, засновани на вредностите на безбедност, демократија и слобода. Министерот Муцунски упати благодарност за континуираната поддршка од САД во трансформацијата на општеството, зајакнувањето на…

Повеќе