- Падна пресудата за помагачите: По 5 години затвор за тројцата Турци за убиството во Штип
- Убиецот од Старо Нагоричане е во притвор: Потврдена насилна смрт и кај втората жртва, осомничениот оди на психијатриско вештачење
- (ФОТО) Гоца Тржан е жртва на сериозна измама
- (ФОТО) „Пријателе мој…“ Ана Николиќ, скршена од веста за Ивица Дачиќ
- Нова рунда разговори во најава: Украина и САД ќе се сретнат во Женева
- Дел од строгиот центар на Скопје утре ќе остане без струја цели осум часа– еве кои улици се опфатени
- Димитриеска-Кочоска: Буџетот е стабилен и во добра кондиција
- Мицкоски: Во ТИРЗ се реализираат инвестиции од 650 милиони евра, ќе се отворат 5.000 нови работни места
Author: Author 03
Земјите членки на Европската унија постигнаа конечен договор за финансиски пакет вреден 90 милијарди евра, наменет за поддршка на Украина во текот на 2026 и 2027 година. Како што пренесува Јуроњуз, Брисел планира првата рата да ја исплати веќе на почетокот на април за да овозможи непрекинат прилив на странска помош за Киев. Договорот беше финализиран откако Кипар, како претседавач со Советот, презентираше нова верзија на предлогот која ги задоволи сите страни. Кипарскиот министер за финансии, Макис Керавнос, истакна дека оваа спогодба е доказ за решителноста на Унијата да застане зад украинскиот народ во услови на руска агресија. Според него,…
Имплементацијата на Европскиот систем за влез и излез (EES), наменет за регистрација на граѓани од земји кои не се членки на ЕУ, ќе се одвива според планираното. Европската комисија во изјава за Н1 официјално ги демантираше гласините дека воведувањето на овој систем се одложува за септември 2026 година. Крајниот рок останува април 2026 Од Брисел се децидни: не се најавени нови продолжувања на роковите. Сите земји-членки на Шенген зоната имаат јасна задача да го имплементираат системот на сите гранични премини во наредниот период. „Постепеното спроведување на ЕЕС ќе заврши на 9 април 2026 година. Сепак, регулативата веќе предвидува одредени флексибилности…
Во рамки на работната посета во Вашингтон, денеска се реализираат работни средби во Стејт департментот на САД. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, утринава оствари работна средба со Russ Headlee, Senior Bureau Official (SBO), прв човек на Бирото за Сајбербезбедност и дигитални политики на Стејт Департментот на САД. На средбата беше потврдена заедничката определба за унапредување на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави во областа на дигиталната трансформација и сајбер безбедноста. Разговорите се фокусираа на продлабочување на соработката во клучни области: сајбер безбедноста и дигиталните политики; привлекување на инвестиции од САД во областа на дигитализацијата и сајбер безбедноста; доверливо поврзување на институциите и безбедна…
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој престојува во работна посета на Вашингтон, САД, денеска се обрати на Форумот за безбедност на тема „Инвестирање од 5% во одбраната и посветеноста кон партнерството со САД“. На овој значаен настан учествуваа светски лидери и претставници на Американскиот конгрес, при што се дискутираше за безбедноста и зајакнувањето на трансатлантската соработка. Во продолжение е целосното обраќање на претседателот на Собранието, Африм Гаши. „Ми претставува чест да се обратам во име на Собранието на Република Северна Македонија, со чувство на одговорност за иднината на нашата заедничка безбедност. Посветеноста на нашата земја кон НАТО е силна, водена…
Изборот на добар ПИН-код често е вистински предизвик. Бараме број кој лесно се памети, но кој не смееме да го запишеме никаде. За разлика од комплексните лозинки, кај ПИН-от сме ограничени само на десет цифри, без можност за букви или симболи. Како што пренесува „Унилад“ (UNILAD), многу луѓе посегнуваат по наједноставното решение – датумот на раѓање. Но, дали тоа навистина ве штити? Во дигиталниот свет, каде приватноста е постојано под напад, четирицифрениот број за вашиот телефон, банкарска картичка или сеф може да биде пресуден. Најчестите грешки: Зошто „1234“ е сеуште број 1? Ник Бери, експерт од компанијата „ДатаЏенетикс“ (DataGenetics), анализирал…
Координаторот на пратеничката група ВЛЕН, Беким Ќоку, заедно со раководството на ВЛЕН, денеска оствари средба со европратеникот Томас Вајц, постојан известувач наЕвропскиот парламент.На средбата беше изразена благодарност за континуираната поддршка на Европската Унија и Европскиот парламент за евроинтегративниот процес на државата, како и за поддршката на реформската агенда насочена кон зајакнување навладеењето на правото, демократијата и институционалната стабилност.Соговорниците разменија мислења за актуелните политички состојби, реформските приоритети и следните чекори на патот кон полноправно членство во Европската унија, при што беше потенцирана потребата од одржување на реформскиот курс и силна политичка волја.
Со денови нема одговор на прашањето каква е поврзаноста на Мицкоски со Симе, криминалец уапсен со поголема количина дрога, оружје, муниција и пари. Цел албум со фотографии на Мицкоски во друштво на Симе, видео како пука со автоматска пушка калашников, и сите молчат. Вака реагираат од СДСМ попладнево во соопштение испратено до медиумите. Исто како што нема одговор ниту за дрогата од 5 тони запленета во Србија а дошла од Македонија. Особено ако се знае дека уапсените во соседна Србија се функционери и финансиери на сестринската партија на ВМРО – СНС. Нема одговори кој ќе одговара во Македонија, кој се…
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер. На средбата се разговараше за економската и трговска соработка меѓу двете земји и инвестициите, а посебен акцент се стави на реализацијата на инфраструктурни проекти. На средбата се разменија информации за проектот за реализација на брза пруга и нејзиното влијание врз регионалниот развој на државите долж Коридор 10, притоа вицепремиерот Николоски ја истакна заложбата на Владата за подобрување на регионалното поврзување преку изградба и модернизација на европските коридори. “Соработката помеѓу двете земји е на одлично ниво и со амбасадорот се согласивме…
Европската комисија објави одредени флексибилности на ЕЕС системот што би можеле да спречат големи гужви во текот на летната сезона. Оваа одлука е донесена поради растечката загриженост дека може да има сериозен сообраќаен хаос во текот на летната сезона, особено по целосното спроведување на ЕЕС, кое беше најавено за 10 април. „Воведувањето на ваков голем систем е сложена и комплицирана задача. Затоа се одлучивме за постепено воведување со вградена флексибилност. Ова значи дека земјите-членки ги имаат потребните алатки за решавање на евентуални проблеми благодарение на ова постепено лансирање“, објасни портпаролот на Европската комисија, Маркус Ламерт, и додаде: „Знаеме дека фазното…
По деновите на немир и отворање на застојот, денес постои емоционална зрелост да се направи она што одамна се знае дека е неопходно. Ова е ден кога разумот и чувството работат заедно, а не едно против друго. Наместо бунт или бегство, се појавува подготвеност за практични, одржливи чекори што носат реална стабилност. ОвенДенес ја чувствувате разликата меѓу импулс и насока. Таму каде што претходно сакате да реагирате брзо, сега можете да застанете и да процените. Особено во теми поврзани со пари, работа или лична вредност, се појавува зрел пристап. Ова не е ден за докажување, туку за паметно позиционирање. Она…
