Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Во ТИРЗ се реализираат инвестиции од 650 милиони евра, ќе се отворат 5.000 нови работни места

    Мицкоски: Во ТИРЗ се реализираат инвестиции од 650 милиони евра, ќе се отворат 5.000 нови работни места

    26.02.2026 во 15:242 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Инвестициите коишто или се почнати или се реализираат или се во фаза на договарање на државна помош, а се дел од портфолиото на ТИР Зони изнесуваат околу 650 милиони евра, тоа се 17 проекти коишто треба да креираат до 5.000 нови работни места, а во делот на извозот се очекува да го зголемат за околу 2 % од БДП, поточно во вредност од околу 400 милиони долари дополнителен извоз на почетокот, што би достигнало до една милијарда евра. И тоа се инвестициите во ТИР зоните“, посочи премиерот Христијан Мицкоски на седницата за пратенички прашања, додавајќи дека инвестиции има и вон зоните.

    Мицкоски најави дека наскоро ќе почне да се гради ветерниот парк, инвестиција на компанијата Алказар, откако деновиве ќе го добие одобрението за градба. 

    „Очекувам само оваа година да имаме нови 150 милиони долари, бидејќи тоа не може да се случи за неколку месеци, изградбата ќе трае неколку години, а очекувам неговата целосна функционалност да биде на почетокот на 2028 година. Тој ќе влегува во мрежа постепено и во 2027 година но неговата целосна, 100% сила ја очекувам на почетокот на 2029 година“, посочи Мицкоски.

    Одговарајќи за инвестициите во енергетиката, Мицкоски се осврна и на проектот потпишан со компанијата АКСА за изградба на две, односно потенцијална трета когенеративна гасна централа, една во Скопје, една на половина пат меѓу Гостивар и Тетово, и една потенцијално кога ќе се однесе гас кон Кичево и да се трансформира ТЕЦ Осломеј со тоа што покрај парна турбина, да има и гасна турбина, со што ќе се добие целосната физиономија.

    „Таа физиономија е нова една милијарда долари инвестиција којашто ќе биде важна за граѓаните но истовремено ќе значи и централно затоплување на делови на градот Скопје коишто во моментот немаат таков тип на затоплување, што е многу важно затоа што ќе влијаеме и на животната средина, но и на друг тип на параметри. Во Скопје веќе се работи за инвестицијата, Општина Кисела Вода и градот Скопје заедно со Министерството за енергетика рударство и минерални суровини, веќе работат на овој проект заедно со ЕСМ. Се развива методологијата како треба да се заврши и цениме дека ова година сите тие контури ќе бидат затворени и ќе почнеме со негова имплементација“, објасни премиерот Мицкоски на собраниска седница за пратенички прашања.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.