- Падна пресудата за помагачите: По 5 години затвор за тројцата Турци за убиството во Штип
- Убиецот од Старо Нагоричане е во притвор: Потврдена насилна смрт и кај втората жртва, осомничениот оди на психијатриско вештачење
- (ФОТО) Гоца Тржан е жртва на сериозна измама
- (ФОТО) „Пријателе мој…“ Ана Николиќ, скршена од веста за Ивица Дачиќ
- Нова рунда разговори во најава: Украина и САД ќе се сретнат во Женева
- Дел од строгиот центар на Скопје утре ќе остане без струја цели осум часа– еве кои улици се опфатени
- Димитриеска-Кочоска: Буџетот е стабилен и во добра кондиција
- Мицкоски: Во ТИРЗ се реализираат инвестиции од 650 милиони евра, ќе се отворат 5.000 нови работни места
Author: Author 03
Албанската влада денеска одлучи да ги укине привремените мерки, воведени пред речиси една година, за блокирање на апликацијата ТикТок, со што таа повторно е достапна во Албанија. На 6 март 2025 година, албанската влада привремено го суспендираше пристапот до платформата TикТок на една година, откако тинејџер избоде до смрт свој врсник во Тирана по расправија што започнала на ТикТок. Образложението на владата беше дека тоа е „поради содржината што ја објавува и која поттикнува насилство и малтретирање, особено меѓу децата”. Убиството на 14-годишниот Мартин Цани, во ноември 2023 година, го потресе албанското општество и предизвика загриженост кај граѓаните за навредите…
На телевизија Телма во емисијата „Топ Тема“ вечерва гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој дискутираше за актуелната тема и барањата од страна на Сојузот на синдикатите за зголемувањето на минималната плата. „Дали треба повисоки плати, да меѓутоа дали е решението ова, се сомневам, затоа што никогаш во Македонија не се носат еднострано одлуки. Во 2020 година минималната плата била 14.500 денари, инфлација 1,2%, во 2021, 15.194, 3,2% инфлација, само 644 минимален раст на плата, во 2022 кога постигнуваат договор синдикатот и работодавачите да се измени Законот за минимална плата и да се утврди фиксен износ од 18.000…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата остварил средба со известувачот на Европскиот парламент за земјава Томас Вајц, на која акцентот бил ставен врз потребата од продолжување на реформите во насока на европските стандарди. -Денес остваривме средба со известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц. На средбата разменивме мислења за актуелните политички и реформски процеси, европската агенда на државата, како и за предизвиците и можностите во процесот на евроинтеграција, објави премиерот Мицкоски на својата Фејсбук страница. Посебен акцент, како што инфoрмира Мицкоски, бил ставен на владеењето на правото, институционалната стабилност и потребата од продолжување на реформите во насока на европските…
УХМР издаде хидро аларм за 5 февруари 2026 година, со предупредување за потенцијална опасност од излевање на реките низ неколку региони во земјата. Според информациите од надлежните служби, поради очекуваните интензивни врнежи и топење на снегот во планинските региони, постои зголемен ризик од пораст на водостоите на реките и можни поплави во поречјата на реките. Граѓаните се советуваат да ги следат информациите од хидрометеоролошките служби, да го избегнуваат приближувањето до речните корита и да ги заштитат своите домови и имот каде што е можно излевање. Надлежните органи апелираат до локалните самоуправи и надлежните служби да бидат подготвени за евентуални интервентни…
Мароканските власти досега евакуираа 108.432 луѓе поради поплави и ги повикаа жителите на загрозените подрачја во северозападните рамнини на земјата веднаш да се евакуираат поради растечката опасност од излевање на реките, обилните врнежи од дожд и испуштањето вода од полни брани. Според агенциите, во спасувачките операции биле вклучени и хеликоптери, додека земјоделските полиња и селата низ целиот северозападен дел на земјата се под вода. Официјалните податоци покажуваат дека количината на врнежи од дожд во Мароко е за 215 проценти поголема од минатата година и за 54 проценти над повеќегодишниот просек.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 19 часот и 50 минути регистрираа земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција. Епицентарот е на околу 100 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML 3.7 Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Фејсбук, една од највлијателните социјални мрежи во историјата на интернетот, денес одбележува 22 години од своето основање. Оваа социјална мрежа е основана на 4 февруари 2004 година на Универзитетот Харвард, а ја започна Марк Цукерберг заедно со колегите Едуард Саверин, Дастин Московиц, Ендру Меколум и Крис Хјуз, кои беа клучни во раната фаза на развој. Платформата првично се викаше TheFacebook и беше достапна исклучиво за студентите на Харвард, но наскоро се прошири и на други универзитети, а потоа и на пошироката јавност. Со текот на годините, Фејсбук прерасна од студентски проект во глобална платформа со милијарди корисници, значително менувајќи го…
Неколку земји ширум светот започнаа необичен групен предизвик со цел драстично намалување на зависноста од паметните телефони. Иницијативата наречена „Од февруари“ (OFF February) ги повикува корисниците целосно да ги избришат апликациите за социјални мрежи во текот на овој месец за да ја вратат контролата врз сопственото внимание. Како што пренесува белгискиот медиум РТБФ (RTBF), овој потег доаѓа како одговор на растечкото незадоволство од т.н. хиперповрзаност, која сè почесто се поврзува со анксиозност, замор од алгоритми и неконтролирано губење време. Штетните ефекти од прекумерната употреба на екрани се највидливи кај најмладите, поради што Високиот здравствен совет на Белгија веќе излезе со…
Кипарските власти официјално потврдија дека телото кое беше пронајдено минатиот месец на плажа на југот на земјата му припаѓа на Владислав Баумгертнер, поранешниот извршен директор на рускиот гигант „Уралкали“. Идентификацијата на 53-годишниот бизнисмен е извршена преку ДНК анализа, додека истрагата за точните причини за неговата смрт сè уште е во тек. Според полициските извештаи од британската воена база, Баумгертнер исчезнал од својот дом во Лимасол на 7 јануари. Неговото тело беше пронајдено една недела подоцна на плажата Авдиму, локација која се наоѓа под јурисдикција на британските воени бази на островот. Семејството веќе е известено за трагичниот исход, но околностите под…
Еден од најбогатите луѓе на светот, Бил Гејтс, го прекина молкот откако во најновиот пакет објавени документи се појавија обвиненија поврзани со осудениот сексуален престапник и педофил Џефри Епстајн. По појавувањето на неговото име во судските списи кои ја брануваат светската јавност, основачот на „Мајкрософт“ повторно се соочи со низа прашања за природата на неговиот однос со контроверзниот финансиер. Во својата последна изјава, Гејтс се обиде да ги разјасни околностите на нивната соработка, нагласувајќи дека средбите со Епстајн биле мотивирани исклучиво од неговата желба за филантропија. Тој отворено призна дека било голема грешка што воопшто поминувал време со него, објаснувајќи…
