- Ужас во регионот: Во буре пронајдено тело на маж, се сомнева дека е на Александар
- Важно известување за патниците: Почнаа градежни работи на аеродромот во Скопје, пристигнувајте два часа порано
- Народната банка најави зголемување на каматите ако продолжат ценовните притисоци
- Здравствениот систем пред финансиски колапс: Над 1.800 вработени го тужат јавното здравство за 2,18 милиони евра
- Акција кај прилепското езеро: Полицијата сопре „БМВ“, уапсени двајца мажи кај кои е пронајдена дрога
- Минчев на средба со СИГМА: Во фокусот реформите во администрацијата и дигитализацијата
- Потпишан меморандум меѓу Град Скопје и НДИ за зајакнување на отпорноста од корупција
- Ѓорѓиевски: Започна темелна реконструкција на патот кон Средно Водно, се менуваат и оштетените банкини
Author: Author 03
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во активностите за целосно отстранување на опожарените бараки во кои беше сместен поранешниот Суд за прекршоци, кај салата „Партизан“ во Градскиот парк. Во рамки на акцијата се отстрануваат темелните бетонски плочи и армираните конструкции врз кои беа поставени бараките, како и отпадот што со години се таложел на локацијата, соопшти Општина Центар. Герасимовски изјавил дека овој простор, „претворен во мини депонија, претставува потенцијална опасност за здравјето и безбедноста на жителите“. -Напуштените бараки, во кои се собираа бездомници, неколку пати беа опожарени. Наша цел е локацијата да ја исчистиме, уредиме и повторно да…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска имал „многу позитивен и продуктивен“ телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп. – Му честитав на претседателот Доналд Трамп за неговиот успех и договорот за Блискиот Исток што успеа да го обезбеди, што е извонредно достигнување. Ако војната може да се запре во еден регион, тогаш сигурно и другите војни можат да се запрат – вклучително и руската војна, напиша Зеленски на социјалните мрежи. Тој го информирал Трамп за нападите на Русија врз украинскиот енергетски систем и додаде дека ја цени неговата подготвеност да го поддржи Киев. – Разговаравме за можностите за зајакнување на нашата…
Министерството за спорт ја отпочна најавената реконструкција на спортската сала во кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во соработка со ректоратот на УКИМ, како дел од програмата за изградба и санација на спортската инфраструктура. Инвестицијата за овој проект изнесува 54 милиони денари. Салата, која е наменета првенствено за студентите, со години беше запуштена и нефункционална. „Ова не смее да биде лицето на спортот во Македонија!“, порача министерот за спорт, Борко Ристовски, по увидот во состојбата на објектот. УКИМ подготви целосен проект за реконструкција и го достави до Министерството за транспорт и врски за одобрение. На почетокот на…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Албанците се многу нервозни поради значителната излезност на локалните избори во Косово во српските области, што се одржуваат денеска. Според него, Албанците од сите области – од Тирана, преку Приштина, до Прешево и Бујановац – „се опиени по синоќешната победа“ на албанската фудбалска репрезентација над Србија во Лесковац. „Би сакал прославата во српските заедници во Косово и Метохија вечерва да биде малку поважна од таа прослава. Исто како што тие се радуваа синоќа со албанското знаме, за вечерва за едно поважно прашање од шутирањето на топката, луѓето да се радуваат во српските заедници“,…
Агенцијата за цивилна заштита на Газа, која е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 500.000 лица се вратиле во градот Газа откако првата фаза на прекинот на огнот стапи во сила претходниот ден. – Повеќе од половина милион лица се вратиле во Газа (Сити) од вчера, изјави Махмуд Басал, портпарол на цивилната одбрана, службата за спасување која работи под надлежност на Хамас. На снимки објавени од светските медиуми се гледаат Палестинци кои се враќаат во градот Газа, многумина од нив веејќи палестински и египетски знамиња
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица за кривични дела – Криумчарење и Фалсификување исправи. Како што се наведува во соопштението од ЈОРМ, станува збор за осомничени кои се дел од претходно разоткриената шема на дејствија за криумчарење луксузни автомобили од странство преку фалсификување службени и други исправи. Дел од учесниците во оваа шема се претходно обвинети, против дел се веќе изречени пресуди, а за дел, се посочува, кривичниот прогон е препуштен на Република Бугарија, бидејќи станува збор за тамошни државјани. -Со акцијата реализирана вчера под координација на јавен обвинител, се обезбедија докази кои даваат основано сомнение дека…
На една седмица од Локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври, политичките партии, коалициите и независните кандидати продолжуваат со претставување на своите програми и кандидати пред граѓаните. Денеска се најавени митинзи и директни средби во повеќе општини низ државата. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ги претстават своите кандидати во Чучер-Сандево, Свети Николе и Штип, додека СДСМ има најавено активности во Ново Село, Босилово, Василево, Радовиш и во Струмица. Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, ќе се обрати на прес-конференција што ќе се одржи во 10:30 часот во неговиот Штаб наспроти „Тренд“ во центарот на…
Три децении на жителите на селата Љуботен и Љубанци им беше ветувано дека ќе се изгради водовод за да добијат чиста вода за пиење. Три децении лаги од ДУИ и СДСМ, напиша на Фејсбук министерот за транспорт, Александар Николоски. Ние не ветивме, туку се зафативме за работа и реализираме. Денес започнавме со изградба на водовод кој треба да ги поврзе селата Љуботен и Љубанци со градскиот водовод.Проектот е координиран од премиерот Христијан Мицкоски, финансиран и се работи преку преку министерството за транспорт на барање на градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски. Градиме во сите населени места без никакви поделби. Како влада…
Чаир ќе стане пример за инклузија, еднаквост и почит за секој граѓанин, рече денеска на прес-конференција, кандидатот на ВРЕДИ за градоначалник на оваа општина, Изет Меџити. Тој појасни дека во рамки на денешниот настан, се зборува за еднаквост, можности и достоинство, за правото секој граѓанин на Чаир да го има своето место во работата, во институциите, во јавниот живот и на секој чекор од секојдневието. Притоа, додаде дека во нивната програма, грижата и вклученоста на лицата со попреченост е една од главните столбови. – Во соработка со организациите што работат во оваа насока, ќе изградиме долгорочни политики за пристап до…
Пратеникот на СДСМ и поранешен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска ги демантираше лагите изнесени на прес конференција од страна на ВМРО-ДПМНЕ. „Најостро ги демантирам лагите и манипулациите коишто ВМРО-ДПМНЕ ги пласира. Ги отфрлам како целосни невистини. Ова е класичен пример за очајна манипулација. Никогаш, ниту во еден момент, не сум се јавил за да спречам контрола, напротив, фактот што контроли имало насекаде е најсилна потврда дека ниту сум влијаел, ниту постои било каков обид за тоа. Овие лаги кои ги шири власта се очаен обид на ВМРО-ДПМНЕ за последна злоупотреба на трагедијата во Кочани за политички цели, во…
