Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа

    29.10.2026 во 23:54

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
    • Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
    • Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вучиќ: Албанците се нервозни бидејќи излезноста на Србите на локалните избори во Косово е поголема

    Вучиќ: Албанците се нервозни бидејќи излезноста на Србите на локалните избори во Косово е поголема

    12.10.2025 во 15:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Албанците се многу нервозни поради значителната излезност на локалните избори во Косово во српските области, што се одржуваат денеска.

    Според него, Албанците од сите области – од Тирана, преку Приштина, до Прешево и Бујановац – „се опиени по синоќешната победа“ на албанската фудбалска репрезентација над Србија во Лесковац.

    „Би сакал прославата во српските заедници во Косово и Метохија вечерва да биде малку поважна од таа прослава. Исто како што тие се радуваа синоќа со албанското знаме, за вечерва за едно поважно прашање од шутирањето на топката, луѓето да се радуваат во српските заедници“, рече Вучиќ.

    Во Косово денеска се одржуваат редовни локални избори. Тоа се првите редовни локални избори по вонредните од 2023 година, што се одржаа на север во Косово, а кои беа бојкотирани од Србите, откако претходно ги напуштија косовските институции во 2022 година.

    Избори за градоначалници и советници се одржуваат во 38 општини, а право на глас имаат 2.069.098 гласачи.

    За градоначалник се кандидираат 206 кандидати, од кои 20 се жени, а за општински советници се кандидираат 5.420 кандидати.

    На овие избори, на гласачкото ливче се вкупно 93 политички субјекти – 32 партии, две коалиции, 32 граѓански иницијативи и 27 независни кандидати.

    Според податоците од Централната изборна комисија, право на глас имаат 2.069.098 гласачи.
    Граѓаните можат да гласаат до вечерва во 19:00 часот во 938 избирачки центри, на вкупно 2.625 избирачки места.

    На изборите учествуваат 12 српски партии и иницијативи, меѓу кои е и Српска листа како најголема српска партија во Косово. Српска листа има кандидати за градоначалници во 11 општини и кандидати за советници во 19 општини.

    На север во Косово, вкупно 21 српски кандидат се натпреваруваат за функцијата градоначалник – седум во Северна Митровица, пет во Лепосавиќ, шест во Зубин Поток и три во Звечан.

    Српските кандидати доаѓаат од Српската листа, Граѓанската иницијатива Север за сите, За слобода, правда и опстанок, Правда и еднаквост, Српска демократија, Ново лице – Народна правда, Српско народно движење, Обединување, ГИ Корени, Српска народна слога и Косовски сојуз, како и независни кандидати

    Прочитај повеќе

    Земјотрес ја погоди Србија

    29.10.2026 во 22:57

    Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора

    29.10.2026 во 22:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.