- Ѓорѓиевски оддаде почит на Борис Трајковски: Беше симбол на смиреност и глас на разумот
- Жичницата на Водно и денеска нема да работи – не е безбедно
- ФОТО: Припадник на САЕ „Тигар“прво место на меѓународен полициски натпревар во Хрватска
- Некои од децата имале само 4 години – Падна криминална група во регионот за сексуална експлоатација на деца преку DarkWeb
- Руте следната недела во Скопје – Прва посета како генерален секретар на НАТО
- (ФОТО) Камионџија прегазил крава во Крива Паланка и побегнал, кравата починала
- Авионот на Вучиќ пречекан во воздушниот простор на Казахстан од три авиони „Сухој“
- Советот на јавните обвинители: Надзорот над Груби е во рацете на Повисокото јавно обвинителство
Author: Author 03
Косовската претседателка Вјоса Османи во последното интервју за западните медиуми упати силна поддршка за американскиот претседател Доналд Трамп, истакнувајќи ја неговата улога во меѓународната политика. Според неа, неговите напори за постигнување мир и стабилност во различни региони во светот заслужуваат највисоко меѓународно признание. Османи смета дека пристапот на американската администрација под водство на Трамп донел нов моментум во решавањето на долгогодишните конфликти. Таа беше децидна во својата оценка за неговиот придонес на светската сцена: „Претседателот Трамп заслужува Нобелова награда за мир“, изјави косовската претседателка, потенцирајќи дека неговите дипломатски иницијативи направиле разлика таму каде што претходните напори потфрлиле. Ваквата изјава доаѓа…
По серијата закани за убиства упатени кон полициски службеници поради одземање возила кои се управувале без возачки дозволи, на социјалните мрежи се појави ново видео со извинување од еден од инволвираните. По засилените контроли на МВР во Скопје, кои резултираа со заплена на неколку луксузни автомобили, лицата кои претходно упатуваа остри закани, сега ја менуваат реториката. Во најновото видео објавено на ТикТок, едно од лицата јавно се покајува за претходно изречените зборови упатени кон институциите. „Згрешив, нема да се повтори“, вели тој во краткото видео обраќање, обидувајќи се да ја смири ситуацијата по бурните реакции во јавноста. Ова доаѓа откако…
Помина една недела од објавувањето на големиот скандал со запленетите пет тони дрога во Србија, која во соседната земја влегла од Македонија, а институциите сè уште немаат одговор како овој товар поминал преку границата. Од СДСМ преку соопштение прашуваат кој ќе одговара за овој случај и кој од власта е вмешан во целиот процес. „Бидејќи на сите им е јасно, без поддршка на структури во власта, МВР, Царина, невозможно е 5 тони дрога да се шверцуваат преку граница“, велат од партијата, додавајќи дека со денови алармираат за поврзаноста на криминални структури во Македонија и во Србија. Од СДСМ посочуваат дека…
Холандската кралица Максима, сопруга на кралот Вилем-Александар, родена во Аргентина, оваа недела започна обука за резервисти, бидејќи холандските вооружени сили се стремат да привлечат нови регрути. Нејзиниот потег доаѓа во време кога новата холандска коалициска влада, која треба да положи заклетва подоцна овој месец, се подготвува да ја зголеми армијата од околу 80.000 на 122.000 поради геополитичките тензии и војната во Украина во Источна Европа, објави „Еуроњуз“. Министерството за одбрана објави дека кралицата започнала обука во средата. „Бидејќи безбедноста на Холандија повеќе не може да се зема здраво за готово, кралицата Максима одлучи да стане резервист“, се вели во соопштението.…
Швајцарските власти донесоа одлука за итно затворање на луксузниот „Гранд хотел ду голф е Палас“ во познатото алпско одморалиште Кран-Монтана. Оваа радикална мерка доаѓа по утврдувањето на сериозни пропусти во системите за противпожарна безбедност, кои менаџментот на хотелот не успеал да ги отстрани во предвидениот рок. Првите дефекти биле евидентирани уште при инспекцијата во август минатата година, а крајниот рок за нивна поправка истекол на 15 јануари. Бидејќи условите не биле исполнети, општината донесе одлука за затворање на објектот на 6 февруари. Ваквиот строг пристап на властите следува по трагичниот пожар во барот „Ле Констелашн“ на новогодишната ноќ, каде што…
Демократскиот сојуз бара Парламентот на Македонија по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство на марихуана (Cannabis sativa) за наводни медициски цели. „Досега, од 2017 година надлежното Министерство за здравство, во соработка со други институции (Мин.за земјоделство, Меѓуресорската комисија и други) издало 61 лиценца на фирми кои можеле да произведуваат марихуана за медицински цели. Повеќе од јасно е дека контролата затаила поради што се случија фингирани кражби, пресметки помеѓу нарко-мафијата, заплени на канабис од полицијата итн., но криминалниот бизнис продолжи, бидејќи нарко-мафијата во која беа вклучени и носители на највисоки државни функции од претходната власт се стекнаа со огромна финансиска моќ и политичко влијание. Демократски сојуз силно ја поддржува акцијата на…
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0.2 % во однос на претходниот месец, а во споредба со јануари 2025 година се повисоки за 3.4 %. Во 2025 година, пак, во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4.8 %.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче понуди јасно, конкретно и остварливо решение за зголемување на минималната плата на 600 евра преку ребаланс на буџетот. Нема простор за изговори на власта: пари во буџетот има, но тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ ги трошат за луксуз и криминални тендери, вака реагираат утрово од СДСМ во соопштение испратено до медиумите. „За зголемување на минималната плата на 600 евра потребни се околу 7,5 милијарди денари, односно 120 милиони евра. Само со рационално кратење на трошоците во две буџетски категории може целосно да се обезбедат потребните средства. Кратење на 20 до 30% на делот „стоки и услуги“, каде…
Седум комбиња, еден мини-камион, шест камиони и шест патнички возила излегоа од кругот на поранешната фабрика ОХИС во Скопје, каде што е регистрирано седиштето на скопската компанија Алфафарм ДОО Скопје, регистрирана за производство и преработка на медицински канабис. Ова е првата локација од која, според информациите на „Скопје1“, се запленети околу девет тони марихуана. Според нашите извори, на теренот покрај полициски службеници и истражители биле присутни и медицински тимови, а во акцијата учествуваа и возила на Царинска управа. Засиленото присуство и логистиката укажуваат на обемот и сериозноста на операцијата. Втората локација од која се одземаат дополнителни околу 18 тони марихуана,…
Во текот на првиот месец од 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 13 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје. Воедно, беа отстранети и 2765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е интервенирано во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 400 кубни метри се подигнати во општината Центар. Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец јануари изготви вкупно 56 едукативни записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Најголем број на записници -…
