- Ѓорѓиевски оддаде почит на Борис Трајковски: Беше симбол на смиреност и глас на разумот
- Жичницата на Водно и денеска нема да работи – не е безбедно
- ФОТО: Припадник на САЕ „Тигар“прво место на меѓународен полициски натпревар во Хрватска
- Некои од децата имале само 4 години – Падна криминална група во регионот за сексуална експлоатација на деца преку DarkWeb
- Руте следната недела во Скопје – Прва посета како генерален секретар на НАТО
- (ФОТО) Камионџија прегазил крава во Крива Паланка и побегнал, кравата починала
- Авионот на Вучиќ пречекан во воздушниот простор на Казахстан од три авиони „Сухој“
- Советот на јавните обвинители: Надзорот над Груби е во рацете на Повисокото јавно обвинителство
Author: Author 03
На 05.02.2026 година во 09.25 часот, при контрола во сообраќајот извршена на регионален пат во близина на струшкото село Драслајца, полициските службеници сопреле патнички автомобил у„Голф“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Д.С.(33) од селото Корошишта. Притоа, било констатирано дека тој, возилото го управувал иако претходно му била изречена санкција забрана на управување со моторно возило од Б-категорија во времетраење од 4 месеци. По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
о интервју за неделникот Фокус, Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Горан Минчев, даде јасен и принципиелен осврт на состојбите во СДСМ, партија во која политички израснал и во која, како што истакнува, со години вложувал искрена и целосна посветеност. „СДСМ за мене не беше само партија. Тоа е емоција. Тоа беше државотворна политичка сила во која искрено верував, во која политички растев и се залагав за социјална правда, силни институции и европска Македонија“ – нагласи Минчев. Тој оценува дека денешната СДСМ суштински се разликува од партијата каква што била во минатото, посочувајќи дека во изминатата деценија…
Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од која се очекува да обезбеди поквалитетна академска едукација и да ја поттикне научно – истражувачката дејност во државата. Денес на прес конференција, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ги презентираше поважните аспекти на новите закони за високо образование, за квалитет во високото образование и науката и за научно – истражувачка дејност, од кои, првите два се веќе објавени на ЕНЕР системот и достапни за коментари…
За алкотестот да биде што попрецизен, мажот во текот на три часа испил четири шишиња безалкохолно пиво, секое со зафатнина од 0,5 литри, односно вкупно 2 литра. Може ли алкотест да регистрира безалкохолно пиво? Иако на некои возачи одговорот им изгледа очигледен, многумина и понатаму имаат дилеми. Еден човек решил тоа да го провери во пракса – испил 2 литра безалкохолно пиво, а потоа дувал во алкометар. Каков бил резултатот? Продолжените викенди и паузите од работа, особено во пролет и лето, често значат дружења со семејството и пријателите, кога многу возачи се одлучуваат за безалкохолно пиво. Познато е дека ваквите…
Заокруживме уште една значајна посета што отвора нови можности за продлабочување на политичката, економската и трговската соработка со Обединетите Арапски Емирати. Продолжуваме со силно темпо и јасен фокус на резултати чиј бенефит ќе го почувствуваат граѓаните, напиша на својот фејсбук профил министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Во видео изјава, Муцунски истакнува дека е потпишан Меморандум за разбирање, како и дека заедно со претседателката на државата Гордана Сиљанвска Давкова, оствариле повеќе средби. -Денеска заокруживме уште една важна и успешна посета. Остваривме важна средба со претседателот и владател на ОАЕ шеикот Махемед, а со вицепремиерот и министер за…
Во гостувањето во емисијата „Вин-вин“ на телевизија „Телма“, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, истакна дека монетарната политика успешно ја исполнува својата основна цел – одржувањето на ценовната и финансиската стабилност во земјата. Гувернерот посочи дека стабилноста на девизниот курс на денарот и натаму е цврсто закотвена. Стабилниот курс на денарот во однос на еврото претставува важен фактор за зачувувањето на довербата во економијата, финансиската стабилност и конкурентноста на домашната економија. Во однос на инфлацијата, беше нагласено дека се бележи стабилизирање на ценовните движења, а во одредени месеци во текот на минатата година има и намалување на ценовното ниво на…
Соединетите Американски Држави се наоѓаат во центарот на меѓународни критики поради нивната контрадикторна политика кон Куба. Додека Вашингтон официјално испраќа хуманитарна помош за островот кој се соочува со сериозна криза, истовремено продолжува со строгите економски мерки кои директно ја оневозможуваат нормалната испорака на енергенси. Според извештаите, оваа двојна стратегија предизвикува голем револт кај кубанските власти и хуманитарните организации. Главниот проблем лежи во тоа што „САД испраќаат хуманитарна помош за Куба, а истовремено ја блокираат доставата на нафта“, што доведува до парализа на транспортот и енергетскиот систем на земјата. Оваа блокада на горивото ги прави тешко достапни дури и основните прехранбени…
ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одржи седница на Централниот комитет (ЦК), на која ќе се избираат нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата. Претседателот на партијата и премиер Христијан Мицскоски синоќа најави дека во овој мандат ВМРО-ДПМНЕ ќе има претседател, генерален секретар и членови на Извршниот комитет (ИК). Досегашните потпретседатели ќе бидат предложени за членови на ИК на партијата, а ќе има и нови имиња. Во интервју за националната телевизија Мицкоски информира дека ќе се одржи ЦК со сите што по статут ќе бидат дел од Извршниот комитет. По автоматизам во ова партиско тело ќе влезат координаторот на пратеничката група,…
Настрана од законски предвидените финансиски средства кои од приредувачите на игри на среќа се слеваат во буџетот на Министерството за млади и спорт, членките на Групацијата Новоматик Македонија преку посебни индивидуални и колективни проекти продолжуваат дополнително да инвестираат во развојот на македонскиот спорт. МА Гаминг ДООЕЛ Скопје, кој е застапник на брендот Адмирал во Македонија пред повеќе од пет месеци донесе одлука да го поддржува понатамошниот развој на очигледниот спортски талент на младиот боксер од Битола, Ален Рустемовски. „Ни претставува големо задоволство што г-динот Рустемовски сребрениот медал и европската вицешампионска титула од Ерменија заслужено ја круниса и со изборот за…
Вкупно 61 компанија добила лиценца за одгледување канабис за медицински цели откако оваа можност беше овозможена со законските измени во 2017 година, откако дел од овие фирми повторно се најдоа во центарот на јавноста по откривањето на пет тони марихуана со потекло од Македонија. Од Владата посочиле дека во периодот од стапувањето во сила на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, објавен на 27 декември 2017 година, па сè до 3 февруари 2026 година, биле донесени одлуки за издавање одобрение за одгледување канабис за медицински цели на вкупно 61 правно лице, пишува Фокус. Според официјалните податоци, во…
