Author: Author 03

Во најновото соопштение до јавноста, ВМРО-ДПМНЕ реагира на критиките од СДСМ во врска со состојбата со откупот на винското грозје, потенцирајќи дека резултатите на терен „говореле доволно јасно“ и ја потврдувале успешноста на мерките на актуелната Влада. Од партијата посочуваат дека токму во времето на СДСМ е донесена одредбата од Законот за вино, која дозволува винариите да кратат 8% од цената на грозјето, што според нив денес се користи како лажна основа за критики. „За разлика од нив и нивните ‘ефикасни мерки’, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и МЗШВ овозможи оваа година повторно оспособување на системите за наводнување, кои беа оставени…

Повеќе

Најмалку 58 лица го загубиле животот во епидемија на колера што избувна во североисточната нигериска држава Баучи, соопштија денеска властите на земјата, пренесува Ројтерс. Според изјавата на заменик-гувернерот Аувал Мохамед Џатау, државата досега регистрирала најмалку 258 случаи на инфекција. Тој ја објави информацијата за време на инаугурацијата на два новоформирани комитета, чија задача ќе биде спречување на ширењето на болеста и обезбедување брз одговор на здравствената криза. „Времето е клучно. Мораме да се справиме со ситуацијата пред да излезе од контрола,“ изјави Џатау, истакнувајќи ја важноста на координираната акција меѓу здравствените власти и локалната заедница. Колерата, која се пренесува преку…

Повеќе

Во врска со тврдењата за наводна „селективна транспарентност“ на Владата, сакаме јавно и јасно да истакнеме: фактите и независните мерења говорат спротивното. Според најновото истражување за активна транспарентност, спроведено од независна невладина организација, Владата бележи огромен скок од 7 места за само една година – од 10-то место во 2024 на 3-то место оваа година, со вкупно 95% исполнетост. Тоа не е случајност, туку резултат на континуирани политики и системски пристап во објавувањето на сите информации од јавен карактер, соопшти Владата на РМ. Овој резултат претставува најсилен демант на тврдењата дека Владата нешто крие напротив, ова е објективна потврда дека…

Повеќе

На 18 септември 2025 година, околу 19:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го привеле 33-годишниот Д.С. од селото Глоѓи, тетовско, на крстосницата меѓу улиците „Тодор Циповски Мерџан“ и „Страшо Пинџур“ во Тетово. Приведувањето било извршено откако, според претходна пријава, истиот околу 18:45 часот на градскиот плоштад физички го нападнал Ќ.И. (62) од село Пршовце, тетовско. Д.С. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Полицијата работи на расветлување на мотивите за нападот.

Повеќе

Стотици демонстранти се собраа пред главната канцеларија на Disney и студиото на ABC во Њујорк, откако телевизиската куќа го суспендираше популарниот сатиричен ток-шоу „Jimmy Kimmel Live!“. Одлуката, која дојде по контроверзните изјави на Кимел упатени кон поранешниот претседател Доналд Трамп и неговото движење, предизвика бран гнев и остри обвинувања за корпоративна капитулација под политички притисок. Суспендирањето на Кимел наводно било поттикнато од заканувачки изјави од страна на Брендан Кар, назначениот од Трамп претседател на Федералната комисија за комуникации, кој предупреди на можни регулаторни последици за мрежата. Овој потег предизвика жестока реакција кај јавноста, креативната индустрија и активистичките групи. Протестите, организирани…

Повеќе

Основното јавно обвинителство Струга поведе истрага против 34-годишен жител на Велешта за неколку кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи. Предизвикување општа опасност и Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста. Како што соопшти ОЈО, осомничениот, на 16 септември, при расправија со три лица од Дебар со кои имал од претходно влошени односи, извадил пиштол кој го поседувал без дозвола и кон еден од оштетените испукал неколку пати во долниот дел од нозете. Му нанел две лесни телесни повреди, а потоа влегол во возилото со намера да избега. -Не ја почитувал…

Повеќе

На плажа во Летонија пронајдени се остатоци од руски дрон „Гербер“, изјави министерот за одбрана Андрис Спрудс, додавајќи оти остатоците не содржат експлозив. Премиерката на Летонија, Евика Силина побара од министрите за одбрана и за внатрешни работи заедно со полските колеги да утврдат дали пронајдениот дрон е еден од оние кои минатата недела го нарушија полскиот воздушен простор. -Наш приоритет е зајакнување на источната граница, но јасно е дека заштитата на брегот на Балтичкото Море со инсталирање на потребните сензори е подеднакво важна, објави Силина на платформата Икс. Дроновите од типот „Гербер“ се дизајнирани како мамки за совладување на украинската…

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп, вчера на прес конференцијата со британскиот премиер Кир Стармер, навести дека сака да ја врати воздухопловната база Баграм во Авганистан под контрола на САД, четири години по повлекувањето на американските трупи од земјата. Пред Стармер тој даде изјава за овој план што го споменуваше и претходно, но кој, се чини, сега доаѓа во центарот на неговото внимание. -Ја сакаме назад таа база, рече Трамп за време на заедничката прес-конференција, наведувајќи ја нејзината стратешка локација. „Тоа е на еден час лет од местото каде што Кина го произведува своето нуклеарно оружје“. Коментарот на Трамп се случи ден…

Повеќе

За 4 знаци, втората половина од септември 2025 година носи крај на тешките циклуси и почеток на нов животен период. Љубовта, финансиите и личниот раст се враќаат во рамнотежа. Крајот на септември 2025 година носи големо олеснување за четирите хороскопски знаци. По месеци предизвици и чувството дека животот не се помрднува од ќорсокак, пред нив е ново поглавје. Товарот што го носеа долго време конечно почнува да се симнува од нивните рамена, а се отвора простор за љубов, радост и стабилност.Астролошка позадина на месецот Овој период е обележан со низа значајни настани на небото. Ретроградниот Сатурн во Риби повторно ги…

Повеќе

Во светот на модата и облеката во 21. век, полиестерот е неизбежен – од спортска до секојдневна облека. Сепак, најчестиот синтетички материјал може да има сериозно влијание врз човековото хормонално здравје. Иако самиот полиестер не е директен нарушувач и причинител на проблеми со ендокриниот систем, хемикалиите што се користат во неговото производство и преработка може да имаат сериозно влијание. Затоа, се вели, полиестерот може да делува и како „скриена контрацепција“ т.е. да влијае лошо на плодноста и репродуктивните функции, пишува „Гардијан“. Ендокрините нарушувачи можат да ги имитираат и блокираат природните хормони во телото, што може да доведе до разни здравствени…

Повеќе