Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Мицкоски го спаси својот министер и застана против македонските земјоделци

    11.06.2026 во 08:52

    Собранието со обемна агенда: Именувања, закони и измени

    11.06.2026 во 08:50

    Николоски: Железницата Бељаковце-Крива Паланка инженерско чудо, Македонија може да реализира големи проекти

    11.06.2026 во 08:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Мицкоски го спаси својот министер и застана против македонските земјоделци
    • Собранието со обемна агенда: Именувања, закони и измени
    • Николоски: Железницата Бељаковце-Крива Паланка инженерско чудо, Македонија може да реализира големи проекти
    • Реконструирана спортската сала „Расадник“ – Мицкоски на свеченото отварање
    • Македонската полиција запре камион – Возачот веднаш приведен
    • Топло од рано наутро низ Македонија – Од попладне целосна промена
    • Дожд, град и грмотевици во цел регион – Невреме доаѓа и кон Македонија
    • Алиу ќе одржи брифинг по повод една година на чело на Министерството за здравство
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Владата бележи скок од 7 места за само една година во однос на транспарентноста

    Владата бележи скок од 7 места за само една година во однос на транспарентноста

    19.09.2025 во 17:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во врска со тврдењата за наводна „селективна транспарентност“ на Владата, сакаме јавно и јасно да истакнеме: фактите и независните мерења говорат спротивното. Според најновото истражување за активна транспарентност, спроведено од независна невладина организација, Владата бележи огромен скок од 7 места за само една година – од 10-то место во 2024 на 3-то место оваа година, со вкупно 95% исполнетост. Тоа не е случајност, туку резултат на континуирани политики и системски пристап во објавувањето на сите информации од јавен карактер, соопшти Владата на РМ.

    Овој резултат претставува најсилен демант на тврдењата дека Владата нешто крие напротив, ова е објективна потврда дека транспарентноста се унапредува и станува сè подлабоко вградено начело во работењето на институциите. Дополнително, одговорно посочуваме дека Владата нема неодговорено прашање, ниту намерно задоцнување во одговорите до медиумите и јавноста. Нашиот став е принципиелен, секоја информација која е од јавен интерес мора да биде достапна навреме и во целост. Сите медиуми можат да потврдат дека Владата е експедитивна и ефективна во односот со јавноста, нешто што многупати е констатирано и признато од нивна страна. Во однос ма „Стратегијата за транспарентност“, сакаме уште еднаш да потсетиме дека тоа е документ оставен од претходната власт, кој содржеше мерки од формален карактер (како обуки за вработени). За нас, транспарентноста не е само форма, туку суштина. Не е само исполнување на минимален список на документи, туку создавање на култура на отчетност, отвореност и јавна достапност. Затоа секој наратив кој се обидува да ја сведе транспарентноста на формални рамки, кога ќе се соочи со аргументите и резултатите, ја губи тежината. Како Влада работиме и на нови документи, вклучувајќи и нова стратегија која ќе ја покаже нашата искрена намера. Како Влада сме свесни дека демократската легитимност бара целосна отвореност. Владата ја добива својата моќ од граѓаните и затоа мора да работи со постојана јавна контрола. Нашата цел не е само да исполниме индикатори, туку да обезбедиме граѓаните и медиумите навреме да ги добиваат клучните информации кои им се потребни за информирано учество и надзор врз институциите, додаваат од прес службата на Владата.

    Јавноста заслужува целосна и суштинска транспарентност, а Владата тоа секојдневно го демонстрира преку факти и резултати: скок од 7 места во активната транспарентност за само една година, максимална експедитивност кон медиумите, и постојано објавување на информации од јавен интерес. Нашата транспарентност е наш темел на довербата меѓу државата и граѓаните, и гаранција дека демократските институции функционираат во интерес на јавноста, соопшти Владата.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Мицкоски го спаси својот министер и застана против македонските земјоделци

    11.06.2026 во 08:52

    Собранието со обемна агенда: Именувања, закони и измени

    11.06.2026 во 08:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.