Author: Author 03

Денеска, на Меѓународниот ден на жените и девојките во науката, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставнички на Women in Tech-Macedonia, организација којашто е дел од глобалната иницијатива Women in Tech, a која поттикнува инклузија, разновидност и еднаквост на жените во STEM професиите (наука, технологија, инженерство и математика). Тие ја информираа дека нивните активности се главно насочени кон едукација на невработени девојки кои сеуште делат дилема околу животниот избор на професијата. Своите цели, заедницата на Women in Tech ги постигнува преку обуки, менторства и конференции, со намера да се намали родовата нееднаквост во STEM професиите. Честитајќи им за специјалната награда – IMPACT Award, којашто ја добиле на глобалниот…

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Рита Колумбиа, постојана координаторка на Обединетите Нации во земјава. На средбата се разговараше за плановите на Обединетите Нации, врзани за реализацијата на претстојните проекти со фокус на стратешките приоритети опфатени во Рамката за соработка за одржлив развој 2026-2030 година. Претседателката укажа на важноста на досега реализираните програми на Обединетите Нации во функција на градење институционални капацитети, унапредување на владеењето на правото и дефинирање на квалитетни јавни политики. Според претседателката, тие се во корелација со напорите за европеизација на македонското општество и исполнување на стратешката цел – интеграција во Европската Унија. Соговорнички разменија мислења по однос…

Повеќе

Во Прилеп денеска беше одбележан Меѓународниот ден на побезбеден интернет – 11 февруари, со јасна порака дека дигиталната безбедност на децата и младите мора да биде врвен приоритет. Настанот се одржа во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“, во присуство на градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Активноста беше реализирана во рамки на проектот MKSafeNet – Центар за побезбеден интернет на Македонија, преку кој на учениците, родителите и наставниците им се приближуваат конкретни алатки и насоки за безбедно користење на интернетот. Фокусот е ставен на превенција, родителска контрола и создавање сигурна дигитална средина. Настанот имаше…

Повеќе

.Се подготвува враќање на Никола Груевски, велат од СДСМ во соопштение испратено до медиумите. „ Сѐ она што го говореше СДСМ во изминатиот период се потврдува. 1.Власта сака да ја укине техничката Влада, единствената можност за чесни и фер избори. Да се влијае на слободната волја на граѓаните а опозицијата да не види што се прават по министерствата.,. 2.Криминалот и корупцијата цветаат. 161 тендер за само една фирма, 51 тендер за омилената компанија на власта преку општините, 9 милиони евра за фирма со еден вработен, 1,2 милиони евра преку Пошта за фирма блиска до ЗНАМ….а одговорност нема. На листата на…

Повеќе

Во време на растечки геополитички тензии и зголемен интерес за Арктикот, НАТО официјално ја активираше својата нова воена мисија под името „Арктички стражар“ (Arctic Sentry). Целта на оваа иницијатива е зајакнување на безбедноста на Гренланд и обезбедување стабилност во регионот кој станува стратешки фокус на големите сили. Координација и стратешко присуство Мисијата не предвидува масовно трупање на нови воени сили, туку е фокусирана на координација на сојузничките воени активности. Тоа вклучува заеднички вежби, како што е данската „Arctic Endurance“, проширено набљудување и распоредување на дополнителни поморски и воздушни средства, вклучително и напредни беспилотни летала. Со операцијата ќе раководи најновата Здружена…

Повеќе

Тајландската полиција денеска уапси 18-годишно момче кое упадна во училиште, отвори оган и зеде заложници. Напаѓачот влезе во едно училиште во градот Хат Јаи и отвори оган, при што се повредени еден ученик и еден наставник. Полицијата ги ослободи сите заложници. Вооруженото насилство во Тајланд не е невообичаено. Во 2022 година поранешен полицаец упадна во детска градинка и уби 36 лица, од кои 22 деца.

Повеќе

На 09.02.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје, А.Д.(42) пријави дека околу 15:30 часот пред угостителски објект на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од М.Ј.(34), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Актерката Кетрин О’Хара, ѕвездата на првите два филма „Сам дома“, починала од белодробна емболија, според американските медиуми. О’Хара почина на 30 јануари, во својот дом во Лос Анџелес, по долга борба со карцином на ректумот, објавува Variety. Нејзината кариера траеше повеќе од 50 години, почнувајќи со канадската скеч-емисија Second City Television, за која ја освои својата прва награда Еми во кариерата за сценарио. Таа стана позната со улогата на Делија Диц, маќеата на Лидија (Винона Рајдер), во култниот филм на Тим Бартон „Битлџус“ од 1988 година. Таа ја повтори улогата во продолжението на Бартон за 2024 година, Битлџус Битлџус. О’Хара,…

Повеќе

Пилотите и кабинскиот персонал на германскиот авиопревозник „Луфтханза“ во четврток ќе стапат во целодневен штрајк поради спор околу платите и условите за работа. Синдикатот „Vereinigung Cockpit“ бара повисоки пензии за пилотите, додека синдикатот на кабинскиот персонал „UFO“ сака да го принуди работодавачот на преговори за повеќе колективни договори. На патниците им е укажано да се подготват за откажувања и доцнења на летовите, а се очекува штрајкот да влијае на сите поаѓања од Германија. Ќе бидат погодени и карго-летовите. Неизвесност околу бројот на откажани летови. Не е познато колку летови ќе бидат откажани. Портпарол на компанијата изјави дека чекаат подетални информации…

Повеќе

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово, на околу 45 км северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, M L 4.6 Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и околината со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала, во Скопје и околината со интензитет од IV-V степени, во останатите делови одРепубликата со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала. За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте…

Повеќе