Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија во Хрватска: Прогласен Ден на жалост

    04.08.2026 во 18:05

    СДСМ: Обвинителството да покрене кривична одговорност за Мицкоски, Клековски и Тошковски за водата во Гостивар

    04.08.2026 во 17:54

    Турција ја засилува воената готовност во Северен Кипар поради регионални закани

    04.08.2026 во 17:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија во Хрватска: Прогласен Ден на жалост
    • СДСМ: Обвинителството да покрене кривична одговорност за Мицкоски, Клековски и Тошковски за водата во Гостивар
    • Турција ја засилува воената готовност во Северен Кипар поради регионални закани
    • УХМР најавува дожд – познато времето до крајот на седмицата
    • Падна цената на нафтата
    • УХМР ги објави температурите измерени во 17 часот: Еве каде денеска беше најжешко во Македонија
    • Британските затвори ги отвораат вратите: Владата ослободува 5.000 осуденици
    • Тошковски: Водата во Гостивар сè уште е само за техничка употреба, се чекаат три исправни мерења
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова: Во секоја жена лежи енергија за надминување и на најсложените предизвици

    Сиљановска-Давкова: Во секоја жена лежи енергија за надминување и на најсложените предизвици

    11.02.2026 во 18:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска, на Меѓународниот ден на жените и девојките во науката, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставнички на Women in Tech-Macedonia, организација којашто е дел од глобалната иницијатива Women in Tech, a која поттикнува инклузија, разновидност и еднаквост на жените во STEM професиите (наука, технологија, инженерство и математика).

    Тие ја информираа дека нивните активности се главно насочени кон едукација на невработени девојки кои сеуште делат дилема околу животниот избор на професијата. Своите цели, заедницата на Women in Tech ги постигнува преку обуки, менторства и конференции, со намера да се намали родовата нееднаквост во STEM професиите.

    Честитајќи им за специјалната награда – IMPACT Award, којашто ја добиле на глобалниот Women in Tech Summit  минатата година во Осака, Јапонија, претседателката истакна дека таа е потврда за нивната меѓународна компетитивност, успешност и посветеност. Таа верува дека во секоја жена лежи неисцрпна енергија и неискористено знаење, со чија употреба може да се надминат и најсложените предизвици.

    Сиљановска-Давкова отворено ја изрази импресионираноста од умот и креативноста на соговорничките, а особено од нивната подготвеност да им помогнат на најранливите меѓу нас.

    Претседателката изрази подготвеност за поддршка на кампања на Women in Tech за вклучување на жените и девојките во науката.

    Соговорничките длабоко веруваат во женската визија и мисија на вистински носителки на темелни промени кои ќе остават белег во технологијата. 

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Обвинителството да покрене кривична одговорност за Мицкоски, Клековски и Тошковски за водата во Гостивар

    04.08.2026 во 17:54

    УХМР најавува дожд – познато времето до крајот на седмицата

    04.08.2026 во 17:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.