Author: Author 03

На 10.02.2026 околу 16:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Његошева“ во Скопје, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(46) удрило во 69-годишната В.Д., по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. -Во несреќата со телесни повреди се здобила В.Д., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. По преземени мерки, возачот е пронајден, со него бил извршен службен разговор и известен е јавен обвинител, информира МВР. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава

Повеќе

Чешката полиција разби криминална банда која од Берлин шверцувала кокаин, скриен во торти, во Прага. При тоа приведени се седум странски и еден чешки државјанин. Портпаролката на чешката полиција соопшти дека на тој начин биле прошверцувани над 30 килограми кокаин од Германија во Чешка. Секоја торта содржела еден килограм дрога. Тортите биле транспортирани со автобус. Полицијата не ја наведе националноста на приведените странски државјани.

Повеќе

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Х.(46) од тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама’’. Како што информираат од полицијата, тетовецот на 08, објави 4news.mk 01. годинава изнајмил возило од рент а кар компанија од Скопје и требало да го врати за три дена, но во меѓувреме го продал на друго лице.

Повеќе

При денешното положување заклетва на министерот за внатрешни работи Мустафа Чифтчи и министерот за правда Акан Ѓурлек во Меџлисот, пратениците физички се пресметаа. Инцидентот се случи кога пратениците од најголемата опозициска партија Републиканска народна партија (ЦХП), која не се согласува со именувањето на Ѓурлек, ја зазедоа парламентарната говорница. Пратениците од владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) се обидоа да ги отстранат опозиционерите при што настана тепачка. По инцидентот пратениците од АКП ја опколија говорницата и новите министри положија заклетва. ЦХП е против именувањето на Ѓурлек, кој досега ја извршуваше функцијата Главен обвинител на Истанбул. Лидерот на ЦХП, Озгур Озел…

Повеќе

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели дека државата не планира ограничувања на социјалните мрежи за младите, но оти може да се отвори јавна расправа ако има интерес од родителите. На новинарското прашање Андоновски денеска рече дека нема да се оди во правец на ограничувањето на личните слободи и оти тоа треба да биде последна мерка во можностите, а прва мерка се превенција и родителска контрола. Според Андоновски, опасноста е многу голема кога државата ќе реши да забранува одредени алатки за определена група луѓе. Министерот потсети дека минатата година во сите училишта претставен е начин на контрола преку кој родителите…

Повеќе

Силно тресење ја прекина вечерната тишина во Македонија. Во 22.05 часот земјотрес од 4,6 степени според Рихтер ги вознемири граѓаните. Епицентарот бил на Косово, поточно 45 км северозападно од Скопје. Силниот удар најмногу ги вознемири граѓаните во Тетово и Скопје. Граѓаните видно загрижени, пред камерата на Сител раскажаа како тресењето им предизвикало страв да не заспијат до раните утрински часови. „Најмногу земјотресот го почувствуваа граѓаните во западните делови, Тетово Гостивар и околината. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот е со интензитет пет, во Скопје и околината е одреден од 4 до 5, а во останатите делови од Републиката…

Повеќе

Претседателот на Сојузот на Синдикати бара надлежните да поведат постапка против пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска која вчера на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа како Трендафилов со службеното возило ги зема своите малолетни деца од училиште. Првиот човек на синдикатот побара и собранискиот спикер Африм Гаши да поведе постапка за одземање на пратеничкиот имунитет на Стојаноска. Вели дека за случајот ќе ги извести сите амбасади, Делегацијата на ЕУ, братските синдиакти на Меѓународната и Европската конфедерација на синдикати и Меѓународната организација на трудот. -Можете да продолжите, другари, да не следите, можете да продолжите да не снимате, да не…

Повеќе

Францускиот претседател Емануел Макрон упати сериозен апел до европските лидери, нагласувајќи дека континентот мора итно да ја зајакне својата стратешка независност. Според него, Европа не смее да биде само набљудувач на глобалните промени, туку мора да биде подготвена за нов бран тензии во односите со Соединетите Американски Држави. „Европа не смее да биде вазал“ Макрон смета дека без оглед на политичките промени во Вашингтон, Европа треба да престане да се потпира исклучиво на туѓи одлуки кога станува збор за сопствената безбедност и економија. „Европа мора да биде способна самата да се брани и да ги штити своите интереси. Не можеме…

Повеќе

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (АТП-3) се откажа од настап на претстојниот турнир во Доха поради прекумерен замор, објавија денеска организаторите. Ѓоковиќ ја почна новата сезона со пласман во финалето на Австралија опен во кое загуби во четири сета од првиот светски тенисер Карлос Алкараз од Шпанија. По настапот во Австралија, 38-годишниот Ѓоковиќ сè уште не е доволно подготвен да ја продолжи сезоната и може да се врати на теренот на првиот Мастерс во сезоната во Индијан Велс на почетокот на март. Турнирот во Доха ќе почне на 16 февруари, а Алкараз е прв носител, додека Италијанецот Јаник Синер е втор…

Повеќе

Навредата кон жена (без разлика на партиската припадност) е напад врз сите жени во јавниот живот! Како претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, остро го осудувам говорот со кој пратеничка е наречена „монструм“!, пишува на ФБ Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ. „Тоа е деградирачки и понижувачки наратив насочен кон жена затоа што гласно зборува и ја говори вистината. Остро го осудувам Слободан Трендафилов за навредливиот говор и обидите преку манипулација на работниците да гради личен и политички профит! Ваквиот говор не ја труе само политичката дебата, туку испраќа…

Повеќе