Close Menu
Press24
    Најново

    Алиу: Македонија пристапува кон „EU4Health“, се отвора европска здравствена врата за нашите институции

    11.06.2026 во 13:35

    Општина Центар исплати над 1,3 милиони денари за новороденчиња од почетокот на годинава

    11.06.2026 во 13:31

    Цветановска: Нудиме неповратни грантови за сушари и загарантиран приход за сточарите

    11.06.2026 во 13:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Алиу: Македонија пристапува кон „EU4Health“, се отвора европска здравствена врата за нашите институции
    • Општина Центар исплати над 1,3 милиони денари за новороденчиња од почетокот на годинава
    • Цветановска: Нудиме неповратни грантови за сушари и загарантиран приход за сточарите
    • Мицкоски најави големи промени: 30 отсто нови луѓе во општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ
    • Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Дебрца, ја оштетил општината за над 430 илјади денари
    • Драма во Скопје: Со мотор намерно удрил во полицаец, па бегал со марихуана и над 100 таблети
    • УХМР со најнова прогноза – во најава стабилизација на времето, познато и од кога
    • Панова: Оперативниот план за вработување тежи скоро 40 милиони евра, над 10.000 лица ќе бидат опфатени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трендафилов бара одземање на имунитетот на пратеничката Стојаноска откако објави видео со неговите малолетни деца

    Трендафилов бара одземање на имунитетот на пратеничката Стојаноска откако објави видео со неговите малолетни деца

    11.02.2026 во 19:093 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Сојузот на Синдикати бара надлежните да поведат постапка против пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска која вчера на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа како Трендафилов со службеното возило ги зема своите малолетни деца од училиште. 

    Првиот човек на синдикатот побара и собранискиот спикер Африм Гаши да поведе постапка за одземање на пратеничкиот имунитет на Стојаноска. Вели дека за случајот ќе ги извести сите амбасади, Делегацијата на ЕУ, братските синдиакти на Меѓународната и Европската конфедерација на синдикати и Меѓународната организација на трудот. 

    -Можете да продолжите, другари, да не следите, можете да продолжите да не снимате, да не прислушкувате, онака како што правите година наназад. Можете да доаѓате кадешто седиме. Можете да не слушате, но тоа мора да го правите со нас зашто ние сме избрале да се бориме. Нашите деца не ви се виновни на никој од нас. И затоа ќе продожиме да ве блокираме, затоа што сте нелуѓе, рече Трендафилов. 

    Случајот го пријавил во Полициска станица, за што потврдија и од МВР, од каде велат дека се преземаат соодветни мерки и активности за целосно расчистување.

    Пратеничката не одговори ниту на повиците ниту на пораките. Но преку писмено соопштение реагираше пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму велат дека Трендафилов со невидена дрскост, паника и нервоза ја нападнал пратеничката, глумејќи жртва за да го прикрие сопствениот скандал. 

    Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најостро ги демантира и отфрла неговите очајни обиди за дефокусирање од вистината. Правосудните органи веќе имаат чист случај пред себе во кој Трендафилов веќе требаше да дава исказ пред надлежните органи и да сноси одговорност за злоупотреба на службено возило за приватни цели. Додека лицемерно ги повикуваше пратениците да одат пешки, тој истиот ден се појави на протест со службеното возило, а јавноста веќе виде како тоа исто возило се користи за семејни потреби како да е негова приватна сопственост, велат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

    Утре продолжуваат блокадите на ССМ. Точно на пладне ќе ја блокираат Стопанската комора.

    -Пред Стопанската комора ќе блокираме газди кои ги блокираат работниците цели 36 години. Газди кои одбија до крајот на минатата година да ги зголемат работничките плати и минималната плата, а кукаат дека квалификуваните работници заминуваат од Македонија и дека не можат да ги задржат, рече Трендафилов. 

    ССМ освен утре, и на 17 февруари ќе ја блокира Владата. Потоа планира нов голем протест за кој ќе има и организиран превоз за работниците од внатрешноста, а доколку ниту тоа не доведе до зголемување на минималната плата на 600 евра, тогаш ССМ ќе прогласи генерален штрајк, како во јавниот, така и во приватниот сектор. 

    Прочитај повеќе

    Алиу: Македонија пристапува кон „EU4Health“, се отвора европска здравствена врата за нашите институции

    11.06.2026 во 13:35

    Цветановска: Нудиме неповратни грантови за сушари и загарантиран приход за сточарите

    11.06.2026 во 13:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.