Close Menu
Press24
    Најново

    Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе

    29.10.2026 во 20:07

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54

    Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања

    29.10.2026 во 19:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе
    • Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата
    • Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања
    • Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада
    • Сали во Даблин: Охридскиот договор е трајна обврска, а не само историски документ
    • Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси
    • Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните
    • Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години ќе можат да избираат меѓу останување во Армијата, трансфер или отпремнина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пешевска: Стојановска е пример за храброст – го осудувам Трендафилов кој ја нарече монструм

    Пешевска: Стојановска е пример за храброст – го осудувам Трендафилов кој ја нарече монструм

    11.02.2026 во 18:34Updated:11.02.2026 во 18:361 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Навредата кон жена (без разлика на партиската припадност) е напад врз сите жени во јавниот живот! Како претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, остро го осудувам говорот со кој пратеничка е наречена „монструм“!, пишува на ФБ Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Тоа е деградирачки и понижувачки наратив насочен кон жена затоа што гласно зборува и ја говори вистината.

    Остро го осудувам Слободан Трендафилов за навредливиот говор и обидите преку манипулација на работниците да гради личен и политички профит!

    Ваквиот говор не ја труе само политичката дебата, туку испраќа опасна порака до сите девојчиња и жени дека јавниот простор е место каде навредата е дозволена.

    Тоа не смееме да го нормализираме!

    Дафина Стојаноска е пример за силна, гласна и храбра жена која не се повлекува пред притисоци и напади, туку достоинствено ја брани својата позиција.

    Го повикувам Клубот на пратенички и сите жени во Собранието, без оглед на политичката боја, да застанеме јасно и заеднички против ваквиот говор.

    Денес е нападната една пратеничка, утре метата може да биде било која од нас.

    Достоинството на жените во политиката е прашање на вредности и на демократска зрелост!“, пишува Пешевска на ФБ.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54

    Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања

    29.10.2026 во 19:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.