- Конечно стабилизација на времето: Сончево до крајот на неделава
- Македонија гласаше „за“ во ОН: Бараме итен и праведен мир во Украина
- Зеленски со остра порака: Јазот со Русија е преголем, пријателство нема да има уште долго
- Дилер од Охрид падна во рацете на полицијата
- Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците
- Радио Слободна Европа ги затвора вратите во Бугарија
- Техеран: Трамп воведе нови санкции за Иран пред клучните преговори во Женева
- ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од Груби дека ќе го повлече сосе ортаците Заев и Спасовски?
Author: Author 03
Откако со денови СДС растура пердуви во јавноста за запленетата дрога обидувајќи се да ја скрие блискоста на структурите на СДС и кланот Заеви вистината излезе на виделина. Венко Филипче лажеше дека не ги познава лицата дури и на телевизиско интервју кажа дека нема никаква врска со вистинскиот сопственик на фирмата „ЦБД Медплант“ и поранешен функционер на СДС, Тони Котев но фотографиите од нив двајца кои излегоа во јавноста тоа го демаскираа, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение испратено до медиумите. „Венко Филипче во друштво на сопственикот на илегалната дрога. Венко Филипче и Тони Котев покрај себе. Очигледно е дека…
Македонија се разбуди со вистински зимски температури и снежни врнежи на повисоките места. Според официјалните мерења на УХМР, планинскиот центар Попова Шапка води со највисока снежна покривка, додека во Малешевијата се измерени најниските температури во земјата. Студениот бран кој го зафати регионот донесе потнулати температури во повеќе градови, а најизразено беше во Берово, каде термометарот се спушти најниско под нулата. Снег има и на другите планински превои и ски-центри, што е добра вест за љубителите на зимските спортови, но и предупредување за возачите. Од УХМР известуваат: „Најстудено е во Берово, а најмногу снег има на Попова Шапка. Врнежите од снег…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска, во рамки на посетата на Минхен, оствари средба со Тед Дојч, извршен директор на Американскиот еврејски комитет, една од највлијателните организации која децении наназад работи на јакнење на демократските вредности и унапредување на трансатлантските односи, на која, како што објави Мицкоски, разговарале за продлабочување на соработката, заеднички иницијативи во насока на заштита на човековите права, унапредување на меѓурелигискиот дијалог и градење општество засновано на почит, толеранција и слобода. – Нашата визија е јасна силни партнерства, јасни вредности и сигурна иднина за нашите граѓани, објави Мицкоски. Мицкоски од вчера престојува во повеќедневна посета на Сојузна Република Германија,…
СДС системски го уништуваше македонското здравство а Венко Филипче беше најлошиот министер за здравство во историјата на државата. Венко Филипче како екс министер за здравство, имаше сериозни неуспеси освен неуспехот со справувањето со пандемијата мандатот го обелажаа и скандали како Онкологија и трагичниот инцидент во модуларната болница во Тетово, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. „Венко Филипче и Зоран Заев наместо да обезбедат подобрени и побезбедни услови во здравството, тие ги заобиколувале законите и процедурите со единствена цел да се заштитат себеси и да профитираат на сметка на граѓаните. Венко Филипче и Зоран Заев наместо одговорност, транспарентност и грижа за човечките животи, носеле…
Земјоделците, веднаш по работниците, се новите жртви на криминалните политики на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ. Владата на Мицкоски ги намали субвенциите за земјоделците за од 140 милиони на 100 милиони евра, реагираат утрово од СДСМ преку писмено соопштение испратено до медиумите.. „Тоа се 40 милиони евра директно одземени од маката, трудот и егзистенцијата на луѓето кои произведуваат храна. Ова е огромен удар врз земјоделците, врз нивните семејства и врз домашното производство. Пред изборите ВМРО – ОКГ им ветуваше 180 милиони евра субвенции. Наместо зголемување – добија кратење. Наместо поддршка – земјоделците се излажани и понижени. Дополнително, условите се усложнети, праговите за…
Православните христијани денеска ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите. Оваа Задушница секогаш се паѓа в сабота пред месопусната недела во пресрет на велигденскиот пост и празникот Прочка. Црквата пропишала посебни денови во годината – задушници, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите. На…
На 12.02.2026 во 18:50 часот на паркинг простор на регионалниот пат Струга-Дебар, во близина на Струга, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга го лишија од слобода лице на (18) а на службен разговор е повикан лице на (18), двајцата од струшкото село Долна Белица. При преглед во паркирано патничко моторно возило „опел корса“ со струшки регистарски ознаки, во кое биле двајцата, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 51-годишната Д.Г. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 15.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во викенд куќа во прилепско, која ја користела пријавената, при што биле пронајдени и одземени три пиштоли, 39 парчиња муниција и рамка за пиштол.
ОВЕН Мирен ден е пред вас и ова темпо одамна не сте го почувствувале. Претходно секогаш брзавте некаде и не успевавте да ги завршите целосно обврските, но откако го успоривте темпото, завршувате сѐ без притисок и стрес. Немате доволно сила за секојдневните активности, зголемете го внесувањето на витамини и минерали. БИК Некои колеги се обидуваат да ве изнервираат од ден во ден, немојте да си го дозволите тоа, особено ако сте свесни дека тоа е нивната цел. Мудроста е важна не само во работата туку и во љубовта, пријдете му на проблемот свесно и рационално и не дозволувајте да изгубите…
Здружението на инфлуенсери и креатори на дигитални содржини ја информира јавноста дека во целост ги отфрла Правилникот и Водичот донесени од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), оценувајќи дека истите се надвор од законските рамки и не се усогласени со реалноста на дигиталниот простор. Според ставот на инфлуенсерите, предложените акти не нудат системско решение за транспарентноста и одговорноста во интернет комуникацијата, туку отвораат простор за правна несигурност, различни толкувања и дополнителен хаос во онлајн сферата. Наместо да придонесат кон уредување на областа, тие создаваат ризик од селективна примена и ограничување на креативната слобода, без јасна законска основа и…
