Close Menu
Press24
    Најново

    Само за 24 часа: Шест пријави за семејно насилство

    13.03.2026 во 18:49

    Бирото за образование анализираше колку основците во Македонија се финансиски (не)писмени

    13.03.2026 во 18:45

    Трамп со личен напад врз Мојтаба Хамнеи: „Тоа е човек кого ни татко му не го сакал“

    13.03.2026 во 18:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Само за 24 часа: Шест пријави за семејно насилство
    • Бирото за образование анализираше колку основците во Македонија се финансиски (не)писмени
    • Трамп со личен напад врз Мојтаба Хамнеи: „Тоа е човек кого ни татко му не го сакал“
    • Зеленски незадоволен од Вашингтон: Олеснувањето на санкциите за руската нафта не помага за мирот
    • Хавана конечно потврди: Почнаа официјални преговори меѓу Куба и администрацијата на Трамп
    • Црн ден за американската војска: Шестмина загинати при пад на авион во Ирак
    • СДСМ: ВМРО до толку многу лажат што во лагите се губат тотално
    • Максим Димитриевски: Македонскиот народ и историјата не се предмет на компромис
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Здружението на инфлуенсери го отфрла Правилникот на АВМУ

    Здружението на инфлуенсери го отфрла Правилникот на АВМУ

    13.02.2026 во 23:122 Mins Read
    ФОТО: Pixabay
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Здружението на инфлуенсери и креатори на дигитални содржини ја информира јавноста дека во целост ги отфрла Правилникот и Водичот донесени од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), оценувајќи дека истите се надвор од законските рамки и не се усогласени со реалноста на дигиталниот простор.

    Според ставот на инфлуенсерите, предложените акти не нудат системско решение за транспарентноста и одговорноста во интернет комуникацијата, туку отвораат простор за правна несигурност, различни толкувања и дополнителен хаос во онлајн сферата. Наместо да придонесат кон уредување на областа, тие создаваат ризик од селективна примена и ограничување на креативната слобода, без јасна законска основа и без претходна широка консултација со засегнатите страни.

    Здружението нагласува дека инфлуенсерите не бегаат од одговорност, редовно плаќаат данок во Македонија, наспроти сите невистини кои се ширеа во медиумите во изминатиот период
    и дека ја поддржуваат потребата од транспарентност, јасно означување на комерцијалните содржини и почитување на етичките стандарди. Сепак, тие сметаат дека ваквите прашања мора да се уредуваат преку инклузивен процес и решенија што ќе бидат во согласност со законите и европските практики, а не преку акти што излегуваат надвор од утврдените надлежности.

    Согласно изработената европска анализа за тоа како оваа проблематика е решена во земјите членки на Европската Унија, Здружението достави предлог до министерот за дигитална трансформација, со кое се предлага донесување Кодекс кој ќе се темели на принципите на саморегулација и ко-регулација. Во најголем дел од државите членки, прашањето на инфлуенсер маркетингот се регулира преку јасни насоки за означување на спонзорирана содржина, едукација и соработка меѓу индустријата и институциите, а не преку рестриктивни и еднострано наметнати подзаконски акти.

    Предложениот Кодекс има за цел да воспостави јасни, применливи и пропорционални правила што ќе обезбедат заштита на јавниот интерес, особено на потрошувачите и малолетниците, а истовремено ќе ја почитуваат слободата на изразување и спецификите на дигиталната економија. Овој пристап, според Здружението, претставува единствен одржлив и европски усогласен модел за уредување на интернет просторот.

    Здружението на инфлуенсери и креатори на содржини ги повикува институциите да го повлечат спорниот Правилник и Водич и да отпочнат отворен и транспарентен дијалог со сите релевантни чинители, со цел изнаоѓање решение кое ќе донесе правна сигурност, јасни правила и стабилна рамка за развој на дигиталната комуникација во Македонија.

    Популарно

    Трамп дава зелено светло за руска нафта – Потег што го тресе светскиот енергетски пазар

    13.03.2026 во 08:10

    ЕВН најави исклучувања – утре ќе нема струја до 15 часот

    11.03.2026 во 14:04

    Вучиќ предупредува: Се подготвува напад врз Србија

    13.03.2026 во 10:01

    Тоа место многу го сакаше – Откриено каде ќе биде погребан Кили

    13.03.2026 во 08:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.