Author: Author 03

Се со цел да се спречи индустриско нелегално производство на медицински канабис и пласман кон нелегалниот домашен и меѓународен пазар, Владата на денешната 149 седница ја разгледа информацијата во врска со лиценци за производство на канабис за медицински цели, ги донесе следните заклучоци: Владата ги задолжи институциите во рамките на своите надлежности да ги преземат сите законски утврдените мерки и активности и да извршат вонредни контроли на сите правни лица, кои имаат одобрение за одгледување и производство на канабис за медицински цели на цела територија на Република Северна Македонија и во рок од 45 дена да достават извештај до Владата. Исто така,…

Повеќе

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(47) од кичевското село Туин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 21.01.2026 пред адвокатска канцеларија во Кичево, тој со ловечка пушка се заканувал на вработена во канцеларијата. По преземени мерки, тој бил пронајден и лишен од слобода.

Повеќе

На 09.02.2026 во 18:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека Џ.А. во семејниот дом во струшко село физички го нападнал неговиот син. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска во Собранието, одговарајќи на новинарско прашање, остро ја критикуваше Владата за најавата за купување нов владин авион, во услови кога граѓаните и работниците се соочуваат со сериозни егзистенцијални проблеми. „Ова воопшто не зачудува, затоа што власта досега покажа со сѐ досега дека се грижи само за себе. Како може да ги остави тие луѓе така да некој друг ги менаџира работиве. Па, одговорна власт се грижи за сѐ, најмногу за квалитетот на животот на граѓаните“, истакна Филипче. Филипче нагласи дека додека работниците протестираат и бараат повисоки плати за да можат да врзат крај со…

Повеќе

На 08.02.2026 во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка.

Повеќе

Бракот и долготрајните врски често се опишуваат како предизвик, но тоа не значи дека треба да бидат постојано тешки и исцрпувачки. Според авторката и колумнистка Сузана Б. Луис, одредени модели на однесување што произлегуваат од емоционална незрелост можат со текот на времето сериозно да го нарушат односот. Токму ваквите навики создаваат напнатост, недоразбирања и чувство на емоционална исцрпеност кај двајцата партнери. Еден од најчестите знаци е склоноста кон драматизирање на ситници. Претераните реакции на мали проблеми создаваат непотребна тензија и го прават секојдневието во врската потешко отколку што навистина е. Наместо смирено решавање, ваквото однесување води кон дистанца и замор…

Повеќе

Без струја, греење и топла вода цел ден. Студентите во студентскиот дом во Никола Карев во Охрид повеќе од 8 часа се без електрична енергија, а со тоа и без греење и без топла вода. „Струја во домот нема од утрово од 10:00 часот, и според информациите од студентите, прекинот е во целиот дом, додека во околината има редовно снабдување. До овој момент не е познато кога струјата ќе биде повторно пуштена, ниту има официјална информација од надлежните“, пренесува гласникот Студентарија на социјалната мрежа Инстаграм. View this post on Instagram A post shared by Студентарија (@studentarijamk) Според сведоштвата на студентите,…

Повеќе

Лавот, Овенот и Рибите не се откажуваат лесно – кога ќе си постават цел, одат до крај без разлика на пречките. Постојат луѓе кои едноставно не се помируваат со пораз. Во астрологијата, овие три хороскопски знаци важат за најупорни, бидејќи секогаш наоѓаат начин да го добијат тоа што го сакаат. Нивната сила не е само во желбата, туку и во истрајноста. Лавот е самоуверен и јасно знае што сака од животот. Кога ќе си постави цел, не дозволува мислењата на другите да го поколебаат. Неговата упорност доаѓа од силната верба во себе и чувството дека успехот му припаѓа. Овенот е…

Повеќе

Франција планира да испрати писмо до сите 29-годишници во земјата за да ги охрабри да размислат за родителство „пред да биде предоцна“. Стотици илјади млади луѓе ќе го добијат писмото, кое има за цел да обезбеди целни, избалансирани и научно засновани информации за сексуалното и репродуктивното здравје за да се избегне жалење подоцна, соопшти Министерството за здравство. Мерката е дел од поширок план од 16 точки за справување со опаѓачката стапка на наталитет во Франција, но некои во јавноста се скептични во врска со нејзината ефикасност, објавува The Independent. Борба против неплодност Според официјалните бројки, неплодноста влијае на еден од…

Повеќе