Close Menu
Press24
    Најново

    Фиктивно книжење и неплатени даноци: Сопственик и фирма направиле штета од 7,2 милиони денари

    04.08.2026 во 11:34

    Ѕвонат телефоните на Итна помош – Граѓани колабираат од жештините

    04.08.2026 во 11:33

    Над 30 степени уште во 11 часот – УХМР ги измери температурите претпладнево

    04.08.2026 во 11:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Фиктивно книжење и неплатени даноци: Сопственик и фирма направиле штета од 7,2 милиони денари
    • Ѕвонат телефоните на Итна помош – Граѓани колабираат од жештините
    • Над 30 степени уште во 11 часот – УХМР ги измери температурите претпладнево
    • ЛДП бара семејни центри за врсничко насилство во секоја општина: Подобро да спречиме отколку да „лечиме”
    • Метео аларм од УХМР: Пеколни горештини ја зафаќаат земјава
    • Градинката „Кочо Рацин“ добива нов потпорен ѕид – Стариот заменет по 25 години
    • 5.000 денари за секое првоодделенче во Ресен
    • ФОТО: Почина Биљана, зад себе остави две деца – Тага на српската естрада, пријателите со последно збогум
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Хаос во студентскиот дом во Охрид: Студентите останаа без струја, греење и топла вода

    (ВИДЕО) Хаос во студентскиот дом во Охрид: Студентите останаа без струја, греење и топла вода

    09.02.2026 во 23:11Updated:09.02.2026 во 23:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Без струја, греење и топла вода цел ден. Студентите во студентскиот дом во Никола Карев во Охрид повеќе од 8 часа се без електрична енергија, а со тоа и без греење и без топла вода.

    „Струја во домот нема од утрово од 10:00 часот, и според информациите од студентите, прекинот е во целиот дом, додека во околината има редовно снабдување. До овој момент не е познато кога струјата ќе биде повторно пуштена, ниту има официјална информација од надлежните“, пренесува гласникот Студентарија на социјалната мрежа Инстаграм.

    View this post on Instagram

    A post shared by Студентарија (@studentarijamk)

    Според сведоштвата на студентите, парното греење во домот не работи веќе подолг период. За да се стоплат, тие биле принудени сами да се снаоѓаат со електрични греалки донесени од дома. Со исклучувањето на струјата, им беше одземена и последната можност за затоплување на собите.

    Додека надворешната температура во Охрид се спушта до 6 степени Целзиусови, студентите се обидуваат да ги поминат зимските денови во соби каде нема ниту осветлување, ниту греење.

    Студентарија пренесува дека неофицијално струјата е исклучена поради неплатени сметки од страна на раководството. Студентите тврдат дека немале никаква најава за прекинот, ниту пак добиле одговор од надлежните до кога ќе трае оваа агонија.

    Видеоснимките што кружат на социјалните мрежи покажуваат загрижувачки сцени: ходници во целосен мрак и студенти кои бараат итна реакција од институциите.

    Г. Лескова

    Прочитај повеќе

    Фиктивно книжење и неплатени даноци: Сопственик и фирма направиле штета од 7,2 милиони денари

    04.08.2026 во 11:34

    Ѕвонат телефоните на Итна помош – Граѓани колабираат од жештините

    04.08.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.