Author: Author 03

Европа го доживеа најстудениот јануари од 2010 година наваму, покажуваат најновите податоци на Европскиот центар за среднорочни временски прогнози (ECMWF). Просечната температура на континентот изнесувала само 2,34 степени Целзиусови, што е резултат на силно изразеното влијание на поларната струја. Клучни факти Ова е најстуден јануари во Европа во последните 16 години. Глобално, петти најтопол јануари досега. Морските температури остануваат невообичаено високи Иако Европа се соочи со силен студ, на глобално ниво јануари 2026 година бил петтиот најтопол откако се вршат систематски мерења, пренесува агенцијата AFP. Овој контраст, според научниците, е уште еден доказ дека климатските екстреми стануваат сè поизразени. Екстремите се…

Повеќе

Граѓаните секој ден гледаат дека во Македонија цвета корупцијата поради криминалот на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ. 161 тендер за една фирма, 51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините, 9 милиони евра за фирма само со двајца вработени., 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта….5 тони дрога преку граница, се случи најголемиот нарко -скандал во регионот со дрога од Макеоднија која била шверцувана во Србија.Наместо реформи во правосудството власта презема целосна контрола врз судството и обвинителството и носи закони кои не се согласно препораките на ЕУ. Вака реагираат од СДСМ по повод најновиот извештај на Транспаренси Интернешнл…

Повеќе

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија е една од клучните институции-потписнички на двата меморандуми за разбирање, чија цел е зајакнување на институционалните капацитети за справување со кривични дела против културното наследство и животната средина. Настанот го означи успешното завршување на твининг проектот помеѓу Италија и Република Северна Македонија,финансиран од Европската Унија со средства од Инструментот за претпристапна помош – ИПА. “Кривичните дела во овие области се карактеризираат со високо ниво на сложеност. Тие често вклучуваат организирани структури, прекугранични активности, финансиски интереси и значителна материјална штета. Последиците од ваквите дела, за разлика од други форми на криминал, во голем дел се…

Повеќе

По цели 30 часа вратена е струјата во студентскиот дом Никола Карев во Охрид, информираат од Студентарија.мк. Студентите помина повеќе од еден ден без струја, топла вода и греење во овој дом поради неисплатени сметки. Ваквата ситуација предизвика голем револт кај студентите.

Повеќе

Ова е колата на Апасиев, културно пропуштена од денешните блокирачи и некултурно паркирана на паркингот на Собранието. Ако некој сè уште се сомнева во политичката позадина на дејствувањето на ССМ, пишува на социјалните мрежи пратеникот Бране Петрушевски.

Повеќе

Новиот закон за високо образование ќе донесе подобар квалитет на академската едукација и ќе ја унапреди позицијата на македонските универзитет на глобалните ранг листи. Ова ќе го постигнеме со зајакнати критериуми за избор во академски звања, што ќе стимулира изработка на повеќе научни трудови, како и со реорганизација на дел од студиските програми и воведување модуларност. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска за време на денешното гостување во емисијата „Директно“ на ТВ Телма, каде во фокус на разговорот беше новото предлог законско решение за високото образование. „Најмалку 60 професори учествуваа во изработка на новата…

Повеќе

Во рамките на престижниот глобален авијациски самит „Changi Aviation Summit 2026“, директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Драги Стојаноски и генералниот директор на Управата за цивилно воздухопловство на Сингапур, Хан Кок Јуан, официјализираа нов, сеопфатен Меморандум за разбирање. Овој чин, реализиран за време на посетата на г. Стојаноски како висок делегат на специјална покана од сингапурските власти, означува суштинско унапредување на билатералните односи и директно поврзување на македонскиот воздухопловен сектор со еден од водечките светски авијациски центри. Потпишувањето на овој стратешки документ, претставува директна валоризација на новите политики на менаџментот на АЦВ како за меѓународно етаблирање на институцијата така и…

Повеќе

Холандската полиција приведе 15 лица под сомнение дека на платформата ТикТок дистрибуирала пропаганда на Исламска држава (ИД), при што ги убедувале луѓето да извршат терористички напади. Обвинителството на Холандија соопшти дека приведувањето уследило откако на ТикТок била дистрибуирана пропаганда на ИД со холандски титлови. Објавите на ТикТок во кои се агитирало за приклучување кон ИД и се величало мачеништвото имале над 100.000 прегледи. Тринаесет од осомничените се Сиријци, четворица имаат холандски пасош, но најверојатно имаат двојно државјанство, додека четворица се малолетни. ТикТок е сопственост на кинеската компанија „БајтДенс“.

Повеќе

Дрога пронајдена кај малолетничка од Скопје. На 09/10.02.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиja од слобода Е.А.(30) од Куманово и 17-годишна малолетничка од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана, како и С.Р.(37) од Виница, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека се предмет на сторено кривично дело кражба, информираа од МВР. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Повеќе

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.С. (19) од с. Одри, тетовско, Р.И. (19) од с. Седларце, тетовско и М.М. (18) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 08.12.2025 пријавените во населба

Повеќе