Close Menu
Press24
    Најново

    Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука

    07.07.2026 во 23:42

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука
    • Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска: Предлог Законот за високо образование ќе се надгради со сите издржани сугестии од академската заедница

    Јаневска: Предлог Законот за високо образование ќе се надгради со сите издржани сугестии од академската заедница

    10.02.2026 во 19:142 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Новиот закон за високо образование ќе донесе подобар квалитет на академската едукација и ќе ја унапреди позицијата на македонските универзитет на глобалните ранг листи. Ова ќе го постигнеме со зајакнати критериуми за избор во академски звања, што ќе стимулира изработка на повеќе научни трудови, како и со реорганизација на дел од студиските програми и воведување модуларност.

    Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска за време на денешното гостување во емисијата „Директно“ на ТВ Телма, каде во фокус на разговорот беше новото предлог законско решение за високото образование.

    „Најмалку 60 професори учествуваа во изработка на новата законска рамка. Основата е дадена и продолжуваме со јавна дебата на сите државни универзитети. Законот е објавен и на владиниот ЕНЕР систем и секој може да даде придонес во унапредување на содржината. Тоа што ќе биде издржано, секако ќе прифатиме“, рече Јаневска, нагласувајќи дека со законот се унапредуваат и студентските права, односно се враќаат дел од оние кои беа укинати во 2018 година. На студентите пак, кои се добитници на Инженерски прстен, се прогласени за најдобри во генерацијата или студирале на некој од најдобрите 100 светски универзитети, ќе им се даде предност при вработување на државните високообразовни установи. Министерката посочи дека во моментов има многу студиски програми на државните универзитети со по 3 или 5 студенти за кои се ангажирани голем број професори, кои пак, можат да бидат многу попродуктивни доколку се ангажираат за развој на образованието, за забрзување на дигитализација, развој на науката и други повисоки цели. Затоа, како што рече, неопходна е реорганизација на дел од студиските програми.

    „Се разбира, лажни се информациите кои се пласираат во јавноста дека би се укинале студиски програми на кои има малку студенти, а се од национален интерес како оние по македонски јазик и литература, национална историја, филозофија и други“, рече министерката.

    Прочитај повеќе

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.