Close Menu
Press24
    Најново

    „Никој да не го заборави тоа“: Путин ја предупредува Европа на опасно сценарио

    29.10.2026 во 21:11

    Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар

    29.10.2026 во 20:46

    Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца

    29.10.2026 во 20:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Никој да не го заборави тоа“: Путин ја предупредува Европа на опасно сценарио
    • Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар
    • Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца
    • Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе
    • Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата
    • Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања
    • Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада
    • Сали во Даблин: Охридскиот договор е трајна обврска, а не само историски документ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Гаши во Каиро: Македонија е пример за меѓурелигиски и мултиетнички соживот

    Гаши во Каиро: Македонија е пример за меѓурелигиски и мултиетнички соживот

    03.08.2026 во 15:061 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, учествуваше како главен говорник на Втората меѓународна конференција за борба против дискриминацијата, која се одржа во Каиро.

    Конференцијата беше организирана од страна на Генералниот секретаријат на Лигата на арапските држави, во соработка со Исламската светска образовна, научна и културна организација (ICESCO).

    На меѓународниот настан учествуваа претставници на парламенти и влади, меѓународни организации, академици и верски лидери.

    Фокусот на дискусиите беше ставен врз улогата на муслиманските заедници на Запад, промовирањето на толеранцијата, меѓурелигискиот дијалог, заштитата на човековите права, борбата против говорот на омраза и градењето култура на мир.

    Во своето обраќање пред присутните, претседателот на Собранието ја истакна заложбата на земјава за зачувување на различностите.

    „Република Северна Македонија претставува пример за меѓурелигиски и мултиетнички соживот. Различноста е богатство и темел за градење демократски општества“, порача Гаши.

    Тој дополнително посочи дека борбата против секоја форма на дискриминација не претставува само заштита на една заедница, туку и заштита на човечкото достоинство, еднаквоста, слободата на совеста и почитувањето на различностите.

    Во однос на системската поддршка, спикерот Гаши ја нагласи клучната улога на парламентите и институциите во зајакнувањето на дијалогот, заштитата на основните права и промовирањето на културата на меѓусебно почитување.

    Прочитај повеќе

    Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар

    29.10.2026 во 20:46

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.