Author: Author 03

Трендафилов сум го сретнал пред година и пол во Собрание кога беа тие иницијативни и толку. Со човекот немам никаква комуникација ниту пак некаква координација. Единствено нешто што заедничко еве гледам сега последниве денови имаме е тоа што власта тренира злоупотреба на институциите, го сликаат, го пратат итн. Мене ме сликаат на аеродроми. Излегоа пратеникот Бране Петрушевски кажува кога сум ја напуштил земјата. Од каде знаат тие луѓе каде се движам. Каква е таа злоупотреба на безбедносните служби?, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во „Само интервју“ на Канал 5 Телевизија, зборувајќи за злоупотребите коишто ги прави власта.Претседателот Филипче додаде…

Повеќе

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија остро реагираше на, сериозната партизација на судството и обвинителството. „Власта тргна во сериозна партизација на судството, обвинителството и тоа не е нешто што е ново. Тоа е пракса којашто како модел на владеење ја имплементираа во времето на Никола Груевски, од 2006 до 2016 година. Тотална партизација на државата, партиски контролирано судство, судии и обвинители од тефтерчињата.“, рече Филипче. Тој потенцираше дека јавноста веќе гледа конкретни примери на таквото однесување. „Еве гледаме како се поставуваат судии и обвинители, роднини на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, гледаме како не…

Повеќе

Од утре 13.02.2026 година (петок) претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе биде во неколкудневна посета на Сојузна Република Германија, каде ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција. Во рамки на конференцијата, премиерот Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со европски лидери, високи претставници како и челни луѓе на меѓународните безбедносни организации. Во фокусот на разговорите ќе бидат геополитичката стабилност на регионот, нагласувајќи ја улогата на Македонија како столб на стабилноста во Западен Балкан и активен…

Повеќе

Филипче жестоко се обидува да го одбрани својот ментор Заев и поврзаноста на луѓето блиски до СДС во последниот скандал со запленетата марихуана. Филипче и кланот Заеви, Македонија ја претворија во Балкански „нарко-центар“, каде наместо медицинска се произведувала марихуана за црниот пазар. Запленетите 40 тони марихуана, директно водат до фирми блиски до Заев и Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Венко Филипче е без кредибилитет. Нема афера и скандал, а тој и Заев да не се вплеткани. Филипче и Заев се синоним за криминал, корупција, импровизации, нетранспарентни одлуки и контроверзи. Филипче е човекот кој го уништи здравствениот систем во државата. Македонија во…

Повеќе

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата на недвижен имот во сопственост на Европската Унија, пренесуваат светските медиуми. Акцијата е спроведена наутро, а опфатила неколку објекти на Комисијата, вклучувајќи го и одделот задолжен за буџетот, објавува Фајненшл тајмс (FT). Истрагата, според написите, се однесува на продажба на недвижен имот на Европската Унија, која е спроведена за време на претходниот мандат на Европската комисија, кога Јоханес Хан бил задолжен за буџетот. Според изворите, предмет на проверката е трансакција од 2024 година, кога 23 згради биле продадени на белгискиот…

Повеќе

„За мене системот Безбеден град не е само систем за детектирање на сообраќајни прекршоци и казнувања, туку за мене овој систем значи пред се, како што видовме спасување на човечки животи“, истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија. Пратеничката Бојковска дискутираше за имплементацијата на системот Безбеден град како и неговото функционирање, додавајќи дека целта е да се обезбеди заштита на човечки животи како и зголемување на сообраќајната култура. „Со самиот систем на Безбеден град, го поздравувам тоа што македонските граѓани го покажаа, тоа значи дека можеме да имаме соодветна…

Повеќе

Малото гратче Тамблер Риџ во Британска Колумбија е завиено во црно по серијата насилства во кои животот го загубија осум лица. Канадската полиција работи на расветлување на мотивите зад двете поврзани престрелки кои ја шокираа јавноста. Детали за нападите Според првичните информации, пукањата се случиле на две различни локации. Полицијата пристигнала на местата на настанот по повици за истрели, каде биле пронајдени телата на жртвите. Истражните органи потврдија дека напаѓачот е меѓу починатите, со што е отстранета понатамошната закана за заедницата. Кои се жртвите? Иако идентитетот на сите жртви сè уште не е целосно објавен поради известување на семејствата, локалните…

Повеќе

Италијанската влада, предводена од премиерката Џорџа Мелони, одобри нов пакет мерки со кои значително се заоструваат правилата за миграција и азил. Новиот декрет има за цел да го намали приливот на нерегуларни мигранти и да ги забрза процесите за депортација. Клучни промени во законот Новите регулативи носат неколку суштински измени кои директно влијаат на мигрантите и хуманитарните организации: Ставот на Мелони: Безбедноста е приоритет Премиерката Мелони децидно ја брани новата законска рамка, нагласувајќи дека Италија повеќе не може да го поднесува товарот на неконтролираната миграција. „Наша цел е да ги обесхрабриме илегалните преминувања и да ги разбиеме мрежите на шверцери…

Повеќе

Тројца пожарникари од Куманово биле физички нападнати во кругот на Територијалната противпожарна единица, соопштија денеска од Синдикатот на пожарникарите на Македонија. Инцидентот, во кој напаѓачите користеле тупаници и камења, се случил пред самиот објект на единицата додека пожарникарите биле на должност. Од Синдикатот на пожарникарите при НСДА најостро го осудија насилството, нагласувајќи дека нападот врз службени лица кои се во служба на заедницата е недозволив, објави 4news.mk Тие упатија барање до МВР и Обвинителството итно да ги процесуираат напаѓачите до надлежниот суд, потенцирајќи дека за напад врз овластено лице мора да се сноси кривична одговорност. Нападот го осуди и градоначалникот…

Повеќе