Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Заеднички со Трендафилов имаме само што ги злоупотребуваат безбедносните служби да не следат

    Филипче: Заеднички со Трендафилов имаме само што ги злоупотребуваат безбедносните служби да не следат

    12.02.2026 во 21:102 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Трендафилов сум го сретнал пред година и пол во Собрание кога беа тие иницијативни и толку. Со човекот немам никаква комуникација ниту пак некаква координација. Единствено нешто што заедничко еве гледам сега последниве денови имаме е тоа што власта тренира злоупотреба на институциите, го сликаат, го пратат итн. Мене ме сликаат на аеродроми. Излегоа пратеникот Бране Петрушевски кажува кога сум ја напуштил земјата. Од каде знаат тие луѓе каде се движам. Каква е таа злоупотреба на безбедносните служби?, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во „Само интервју“ на Канал 5 Телевизија, зборувајќи за злоупотребите коишто ги прави власта.
    Претседателот Филипче додаде дека повторно се враќаме во периодот на злоупотреба на безбедносните служби во времето на Груевски. Се е исто во практицирањето на власта. Ова само уште еден показател за тоа.


    Говорејќи за барањата на за зголемување на минималната плата на работниците и Синдикатите Филипче порача дека поддршката на СДСМ за зголемување на платите е принципиелна и конзистентна.
    -Станува збор за една тема којашто сериозно засега илјадници семејства во државата и мислам дека оваа тема како ниту една друга на виделина ја носи конзистентноста на нашите политики, ставови и така натаму, и лицемерието на моменталната власт. Барањата се реални. Луѓето тешко врзуваат крај со крај. Во првите две години од нашата власт социјалната помош ја зголемивме за 300%, минималната плата од 8.000 на 14.000 денари. Сега, по две години од оваа власт – што зголемија? Ништо. Ние имаме конкретен предлог од каде да се обезбедат средства – кратење на непродуктивни трошоци , патувања, репрезентации, нов мебел, опрема на кабинети. Со тоа може да се обезбедат околу 200 милиони евра – доволно за минимална плата од 600 евра и субвенционирање придонеси за компаниите. Но оваа влада нема волја да се откаже од луксузот, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.